Почна расчистувањето на брегот на велешко езеро Младост – следува и ревитализација


Согласно планот за спас и ревитализација на велешкото езеро Младост почна расчистувањето на брегот на езерото од другата страна од кај Отовичка плажа, од каде механички со булдожер се собираат наслагите од сува трска и скапани дрвја покрај брегот и од крајбрежјето на езерото, како и од купишта од земја покрај самото езеро. -Работите ги […]

Кризата во европската автомобилска индустрија ја погоди и Србија


Проблемите на автомобилската индустрија во Европа се прелеаја и во Србија. Некои странски компании кои произведуваат делови ги затворија своите фабрики, а работниците беа отпуштени. Први на удар беа работни места како што е производството на електрични кабли за автомобили, кои се произведуваат во фабриките во Европа. „Од една страна, нема клиенти бидејќи побарувачката опаѓа. […]

Сиљановска-Давкова: Фемицидот е еден од најтешките општествени проблеми со коишто сме соочени


Фемицидот е последица на насилство коешто се случувало во континуитет, а не било превенирано или санкционирано, порача денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во обраќањето на панел-дискусијата насловена „Од пријавување на насилството до спречување на фемицид – системски одговор“, организирана од мисијата на ОБСЕ во Скопје. Таа, како што се наведува во соопштенето од претседателскиот Кабинет, истакнала […]

Макрон: Конечно има шанса за вистински напредок кон траен мир во Украина


Францускиот претседател, Емануел Макрон, на почетокот на денешната видеоконференција на „Коалицијата на подготвените“ изјави дека „конечно има шанса да се постигне вистински напредок кон траен мир во Украина“. „Но, најважниот услов за вистински мир е серија многу робусни безбедносни гаранции, а не само гаранции на хартија“, предупреди францускиот претседател, пренесен од BFM TV. Макрон додаде […]

Почина Џоан Бренсон, сопругата на милијардерот Ричард Бренсон


Сер Ричард Бренсон, еден од најбогатите луѓе во Велика Британија, ја потврди тажната вест дека неговата сопруга Џоан починала на 81-годишна возраст. Бренсон во вторник објави дека неговата „сопруга и партнерка со која беше во брак 50 години“ починала. Косновачот на технолошката компанија Virgin Group, 75, сподели емотивна порака на социјалните мрежи: „Таа беше најпрекрасната […]

Шестмина македонски кикбоксери изборија четвртфинале на СП


Шестмина македонски кикбоксери обезбедија пласман во четвртфиналето на Светското првенство за сениори во Абу Даби. Откако со вчерашните борби, место во четвртфиналето обезбедија Петре Велков и Силвио Мировски, пласман во борбите за влез во полуфиналето во денешните борби обезбедија, и Лука Кипровски, Стефан Михајловски и Нелсон Узеир, на кои ќе им се приклучи и Бобан […]

Група компании во преговори со Лукоил за купување на имотот во Романија


Три компании досега покажаа интерес за купување средства на Лукоил во Романија, изјави во вторник министерот за енергетика Богдан Иван, според извештај на романските медиуми, истакнувајќи дека триото е во директни разговори со руската нафтена компанија. Лукоил има 320 бензински пумпи во Романија, управува со третата најголема рафинерија и поседува концесија за истражување на наоѓалишта […]

Во октомври во ЕУ се регистрирани 916.609 нови автомобили,  за 5,8 отсто повеќе од лани 


Во земјите од Европската Унија, во октомври се регистрирани 916.609 нови патнички автомобили, што е за 5,8 проценти повеќе во споредба со истиот месец минатата година, објави денес Здружението на европски производители на автомобили (ACEA). Во три од четирите водечки европски земји е забележан раст на регистрациите на патнички автомобили на годишно ниво. Шпанија регистрира […]

Научници: Најдлабоката промена во структурата на мозокот се случува од 32-годишна возраст


Група научници од Универзитетот во Кембриџ објавија истражување кое зборува за реконфигурацијата на невронските патишта во човечкиот мозок во текот на животот. Истражувањето објавено во вторник во списанието Nature Communications објасни како овие структури се организирани со текот на времето и идентификуваше пет возрасти на човечкиот мозок – односно пет различни периоди на невронски развој. […]

Од утре до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд


Под влијание на циклонска активност од утре до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Од УХМР најавуваат дека пообилни врнежи се очекуваат во текот на утрешниот ден и во четврток (над 25 l/m2 за 24 часа). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во четврток на планините врнежите ќе […]

Дискусија во Собранието: Насилство врз жените во политиката е насилство врз целата демократија


Клубот на пратенички во соработка со Меѓународната фондација за изборни системи (IFES) Канцеларија Скопје и Центарот за интернет, развој и добро управување IMPETUS денеска организираа работна средба и дискусија на тема „Насилство врз жените во политиката и изборите Линија „Биди безбедна“ локални избори 2025 – предизвици и понатамошни чекори“. Како што информираат од собраниската прес-служба, […]

Сергеј Лавров бесен на Европа


  Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја нападна Европа поради нејзиниот контрапредлог за прекин на војната во Украина. Лавров рече дека Европа имала шанса за дипломатија, но ја пропуштила. „Кога сега велат: ‘Не осмелувајте се да правите ништо без нас’ – па, вие имавте шанса, момци, и не ја искористивте. Ја пропуштивте“, им […]

Деблокиран е процесот за клучката кај Момин Поток


По неколкумесечен застој, повторно се работи на една од најстратегиските сообраќајни точки во Скопје, место каде што се спојуваат неколку клучни градски правци. Во тек е изградбата на атмосферска канализација Ф1200 на булевар „Никола Карев“ во должина од 550 метри, од мостот на Серава до булевар „Словенија“. Паралелно, се гради и новиот мост на Серава […]

Бугарскиот трансбалкански гасовод е неактивен: стратешки подарок за Русија на сметка на Украина


Неодамнешните грчко-украински договори за течен природен гас (LNG) го ставија Вертикалниот гасен коридор и неактивниот бугарски дел од стариот трансбалкански гасовод (ТБГ) во центарот на вниманието. Сепак, и покрај оптимистичките наслови, ниту еден кубен метар неруски гас не тече на север низ двете наменски транзитни линии на Бугарија, пишува Илијан Василев. Илијан Василев е поранешен […]

Владата именува повереници за општините Маврово Ростуше, Гостивар, Центар Жупа и Врапчиште


Владата на денешната 131 седница постапи по известувањето на ДИК за завршување на локалните избори 2025 година за избор за членови на советите на општините и советот на Град Скопје и градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје. Во врска со условот од член 132 став 2 од Изборниот законик за избор на градоначалници […]

Брижит Бардо (91) хоспитализирана поради ескалација на „сериозна болест“


Брижит Бардо наводно е повторно хоспитализирана во јужна Франција, бидејќи продолжува да се соочува со она што француските медиуми го опишуваат како „сериозен“ здравствен проблем. Се вели дека 91-годишната легенда на филмот била примена во болницата „Сен Жан“ во Тулон пред околу десет дена. Локалното издание „Nice Matin“ објави во понеделник, 24 ноември, дека таа […]

Новиот шеф на Федералните резерви ќе биде објавен до Божиќ, вели американскиот министер за финансии


Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, денес изјави дека очекува претседателот Доналд Трамп да донесе одлука за новиот шеф на Федералните резерви до празниците. Бесент го води процесот на избор на наследник на Џером Пауел, чиј мандат завршува во мај 2026 година. Во разговор за Си-Ен-Би-Си , Бесент рече дека имал уште едно интервју […]

Нови апсења за грабежот во Лувр


Париз – Француската полиција уапси уште четири лица во вторник осомничени за вмешаност во грабежот на накитот во Лувр минатиот месец, но украдениот накит, од кој голем дел му припаѓал на поранешното француско кралско семејство, сè уште е исчезнат, објави Франс 24. Истрагата се проширува Париската обвинителка Лор Бекуо ги потврди новите апсења во истрагата […]

НИС соопшти дека останале без нафта. НБС ќе го прекине платниот промет со НИС ако не добие лиценца


Нафтена индустрија на Србија (НИС) попладнево соопшти дека рафинеријата за нафта Панчево почнува подготовки за прекин на работата, поради недостиг на  нафта за преработка, предизвикан како резултат на санкциите што Министерството за финансии на САД ги воведе врз компанијата. „Во првата фаза, постројките се пуштени во топла циркулација, а целиот процес се спроведува во согласност […]

ПИН – музичка конференција со 55 концерти и над 400 учесници од цела Европа во Скопје


На 27 ноември, во четврток почнува новото издание на ПИН – меѓународната музичка конференција и концертен саем што ќе се одржува три дена, до сабота 29 ноември во МКЦ. Станува збор за единствениот ваков настан во Македонија, воедно прв и најголем на Балканот, а кој во Скопје ги собира музичките професионалци од целиот свет, претставувајќи […]