Вигенин тврди: Бугарија пред три години го тргна ветото за Македонија


Европарламентарецот од Социјалистичката партија на Бугарија, Кристијан Вигенин, денес, на Мешовитиот комитет Македонија – ЕУ што се одржува во Стразбур, рече дека не постои наметнато вето од страна на Бугарија за преговорите со нашата држава – бидејќи Бугарија го повлекла пред три години, а како резултат на тоа паднала и тогашната бугарска влада.  „Одлучивме дека […]

„Единствената жена во просторијата“ – вистинска приказна за Хеди Ламар, холивудска ѕвезда и генијален ум зад WiFi, GPS и Bluetooth


Познатата холивудска ѕвезда Хеди Ламар, која истовремено била и позната иноваторка, е инспирација за новата книга „Единствената жена во просторијата“ од Мери Бенедикт. Романот на македонски јазик e во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, што ја објави и претходната книга на Бенедикт, бестселерот „Другиот Ајнштајн“. Хеди Ламар, покрај тоа што […]

ФОП: Само три од седум универзитети го објавуваат буџетот – транспарентноста на капки


Само два од седум универзитети објавуваат универзитетски гласник, кој е документ каде што се официјализираат сите одлуки на Сенатот и на Ректоратот, и само три од седум јавни универзитети го објавуваат буџетот на универзитетот, а другите тоа не го прават. Постои загрижувачки тренд на системска нетранспарентност на јавните универзитети во државава, е заклучокот од истражувањето […]

Почина Ленче Софрониевска, една од основоположниците на современиот судски систем во Македонија


Ленче Софрониевска, истакнат правник и судија, која значително придонесе кон развојот на современиот судски систем во Македонија по стекнувањето независност на државата, почина на вчера на 77-годишна возраст, соопшти семејството. Најголем дел од својот професионален живот го посвети на реформите во правосудството со цел обезбедување на самостојност и независност на судската власт од извршната и […]

Не до 13, туку до 16 години децата нема да имаат пристап до социјални медиуми


Европскиот парламент вчера усвои извештај во кој се повикува на ограничување на пристапот до социјалните медиуми за лица под 16 години и забрана на технологии што се штетни за менталното здравје на малолетниците, како што се алгоритмите што се насочени кон зависноста на корисниците. „Ние сме во центарот на експеримент во кој американските и кинеските […]

Уште три деца од ОУ „Димо Хаџи Димов“ примени на Клиниката за детски болести


 Уште три деца од ОУ „Димо Хаџи Димов“ примивме синоќа на Клиниката за детски болести. Вкупно пет имаме на болничко лекување, информира денеска директорот на Клиниката, Реџеп Мемеди. Тој посочи дека сите се со слична клиничка слика и симптоми сомнителни на алиментарна токсоинфекција – со стомачна болка, повраќање, кај некои од нив и дијареја и […]

Хидроаларм за истокот на земјата – дожд до 35 литри на метар квадратен


Управата за хидрометеоролошки работи најавува врнежи од дожд во текот на денешниот ден, и предупредува дека пообилни ќе бидат во источните делови од земјата (над 35 литри на метар квадратен). На повисоките места се очекуваат и врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималните температури денеска ќе се движат во интервал од […]

Мицкоски: Капиталните инвестиции главен фокус за 2026., тие да бидат двигател на економијата, а целта е раст на БДП од над 4 отсто


Главен фокус на Владата за следната година ќе бидат капиталните инвестиции и се очекува тие да бидат главен двигател во економијата, исто како што се и оваа година, како што од 3 отсто дојдовме на 3,4 отсто од БДП, а за третиот квартал се очекува и повеќе имајќи предвид дека само во градежништвото има раст […]

АХВ спроведува вонредни инспекциски контроли во 9 основни училишта во Општина Карпош, по вчерашното труење


Инспекциски тимови од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ ) денес, спроведуваат вонредни инспекциски контроли во кујните на 9 основни училишта во Општина Карпош со кои стопансисува истиот оператор со храна во чија сопственост е и централниот магазин кој се наоѓа во основното училиште Димо Хаџи Димов во Скопје и од каде се набавуваат репроматеријали […]

Инспекторите во Струмица казнуваа за нелегално одлагање отпад


Инспекторите од Секторот за инспекциски работи при општина Струмица во текот на месец ноември, односно, од 01.11.2025 до 24.11.2025 година, извршија вкупно 43 вонредни инспекциски надзори со цел превентивно и репресивно делување за спречување или намалување на штетните последици од загадувањето на амбиентниот воздух, животната средина, како и обезбедување на јавната чистота на јавните површини, […]

Линеарното зголемување на пензиите е укинато, 70 отсто од пензионерите ќе добиваат помалку, тврди Мицкоски


Уставен суд веќе донел одлука за укинување на законската одредба за линеарно зголемување на пензиите и веќе од наредниот месец најголемиот број од пензионерите ќе добиваат помали пензии. Ова на собраниска говорница денес го изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски. Истовремено, Мицкоски рече дека наводно, Уставниот суд […]

Апасиев закажа Анкетна комисија за Кочани на 9 декември


Пратеникот и претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на човековите слободи и права, Димитар Апасиев, на денешната прес-конференција соопшти дека закажува редовна седница по поднесената претставка од Здружението „16 Март“ – здружението на родителите на загинатите деца од Кочани. Седницата ќе се одржи на 9 декември 2025 година, со цел да не се преклопи […]

Општина Охрид за едни мајка, за други маќеа – не отстранува паднат бор во населбата Далјан


Во невремето што гоз афати Охрид на 22 ноември, во наслебата Далјан паднал бор, кој оштетил и едно возило, но за среќа нема повредени. Пет дена подоцна, жители на оваа охридска населба велат дека пожарникарите кои дошле се прогласиле за ненадлежни, а општината ги тера сами да си го отстранат паднатиот бор.  „На 22.11.2025 во […]

Амбасадорката на САД во Атина се појави на официјален настан во проѕирен фустан


Новата амбасадорка на САД во Грција, Кимберли Гилфојл, стана неочекувана ѕвезда на настанот за Денот на благодарноста организиран од Американско-грчката стопанска комора. Фокусот не беше на нејзиниот говор, туку на нејзината облека – проѕирен чипкаст фустан што многумина го сметаа за премногу провокативен за официјален дипломатски собир. Социјалните медиуми се поделени: некои ја фалат нејзината […]

Висок функционер на ЕУ ги обвини САД за трговска „уцена“


БРИСЕЛ — Шефицата на антимонополската комисија на Европа, Тереза ​​Рибера, упати жесток напад врз администрацијата на Доналд Трамп, обвинувајќи го Вашингтон дека користи „уцена“ за да ја принуди ЕУ да ги разводни нејзините технолошки правила. Министерот за трговија, Хауард Лутник, изјави во понеделник во Брисел дека САД би можеле да го модифицираат својот пристап кон […]

Дела од отпад од пакување, изработени од ученици од цела Македонија, од утре ќе бидат изложени во „Сити мол“


Повеќе од 100 уметнички дела од отпад од пакување, изработени од ученици на возраст од 11 до 18 години од цела Македонија како и од Србија и Црна Гора, пристигнаа на повикот за учество на меѓународната изложба на дела „Творење и креирање на дела од отпад од пакување – 2025“, која оваа година се одржа […]

Ѓубрето од Албанија доплови на хрватскиот брег – Владата разговара со албанската страна


Директорката на комуналната компанија „Чистоќа“ Дубровник, Михаела Микуландра, во четврток за Хина изјави дека вкупно 30 кубни метри пластика и дрво, што морето ги донесе до бреговите на Јадранското Море крај Дубровник од југот на Албанија, се собрани од вчера во старото градско пристаниште и во соседниот Пошат, а чистењето продолжува. „Околу 20 кубни метри […]

Едно лице загина во пожар во дом за стари лица во Заечар


Едно лице загина, а две лица се повредени во пожарот што вчера околу 17 часот избувнал на улицата „Шавничка“ број 10 во Заечар. Според неофицијални информации, пожарот избувнал во објект кој нудел услуги за згрижување на стари лица, но без дозвола за работа. Според пожарникарите, пожарот започнал во подрумот кај котелот за ложење. Веројатно овој […]

Уапсени двајца Грци за фалсификувани уметнички дела – запленети над 450 слики


За фалсификувани уметнички дела, уапсени се двајца грчки државјани, кај кои било пронајдено 481 уметничко дело, од кои поголемиот дел се фалсификати, соопштија од грчката полиција, јави дописничката на МИА од Атина. Двајцата Грци на возраст од 42 и 57 години биле уапсени во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а при претрес на нивните […]

Европа размислува за незамисливото: Одмазда против Русија


БРИСЕЛ – Руските беспилотни летала и агенти извршуваат напади низ земјите на НАТО, а Европа сега прави она што би изгледало чудно пред само неколку години: планира како да го возврати ударот. Идеите се движат од заеднички офанзивни кибер операции против Русија и побрзо и покоординирано припишување на хибридни напади на  Москва, до изненадувачки воени […]