Променливо облачно со повремен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен […]

Поранешниот директор на ОХИС, Јорго Ќука, е човекот што денеска беше прегазен во Скопје


  Директорот на гигантот ОХИС од неговото златно време, Јорго Ќука (78), е човекот кој загина во денешната сообраќајна несреќа во Скопје кај мостот „Гоце Делчев“. Ќука возел велосипед кога во него удрил автомобил „фолксваген пасат“. Возачот го оставил автомобилот и избегал од местото на настанот, но полицијата го пронајде неколку часа подоцна. Ќука беше […]

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој оваа недела е дел од АТП турнирот во Атина донесе одлука за својот настап на завршниот Мастерс што се игра во Торино. Според информацијата што ја пренесе претседателот на Тенискиот сојуз на Италија, Анџело Бинаги, српскиот тенисер ќе биде дел од „осмерецот“ што треба да настапи на последниот турнир. Ѓоковиќ […]

Си-Би-Ес драматично го скрати интервјуто со Трамп, вклучително и делот „ми плативте многу пари“


  Емисијата на Си-Би-Ес „60 минути“ во голема мера го измени интервјуто со Доналд Трамп кое се емитуваше во неделата навечер, што беше негово прво интервју за емисијата по пет години. Трамп седеше со репортерката Нора О’Донел 90 минути, но беа емитувани само околу 28 минути. Целосниот транскрипт од интервјуто подоцна беше објавен, заедно со […]

Зеленски за ситуацијата на фронтот: Разберете колку ни е тешко


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека приближно третина од борбите на фронтот, во војната со Русија, моментално се водат во регионот Покровска, на југоистокот на Украина. – Триесет отсто од сите борбени операции на фронтот се одвиваат во Покровска. Дополнително, 50 отсто од сите употреби на наведувани бомби се упатуваат кон Покровск. Разберете колку […]

Евростат: Во Европа има 13,25 милиони невработени


Во еврозоната, стапката на невработеност измерена според методологијата на Меѓународната организација на трудот (ILO) во септември изнесувала 6,3 проценти, исто како и во претходните два месеца, покажуваат пресметките на Евростат. На ниво на Европската унија, стапката останала на нивото од август, кога според ревидираните податоци на статистичката служба изнесувала 6 проценти. И во септември минатата […]

Седумгодишен договор вреден 38 милијарди долари: OpenAI и AWS потпишаа стратешка соработка


Компанијата OpenAI потпиша договор вреден 38 милијарди долари со Amazon Web Services (AWS), што ќе овозможи значително поголеми капацитети за компанијата и стратешка соработка за подолг период. Седумгодишниот договор, кој ги доведува вкупните неодамнешни обврски на OpenAI на близу 1,5 трилиони долари, ќе ѝ овозможи на компанијата веднаш да ја користи AWS инфраструктурата, вклучувајќи ги […]

Земја во соседството најблиску до ЕУ: Ги отвори сите поглавја од преговорите


Како што објави Радио Слободна Европа (RSE) а се повикуваат на извештајот, кој официјално ќе биде објавен од ЕК на 4 ноември, се наведува дека Црна Гора ги отворила сите 33 поглавја од преговорите. Особено беше пофалена континуираната политичка посветеност на црногорските власти кон стратешката цел за европска интеграција, која, како што е наведено, постигна […]

Изабел Ипер ѕвезда на Солунскиот филмски фестивал


Солун – Големата ѕвезда на европскиот и светскиот филм, Французинката Изабел Ипер ( беше гостинка и на „Браќа Манаки“ во Битола во 2013 година), на прес-конференција за медиумите, во понеделник на Филмскиот фестивал во Солун,  ги отфрли сите сугестии дека е склона кон донесување смели уметнички избори, и дека „не е доволно храбра да преземе […]

Шведска суспендира дел од помошта за Србија поради корупција


Владата на Шведска одлучи да ја „прилагоди поддршката“ за Србија во рамките на Стратегијата за партнерство за реформи на Шведска со Западен Балкан и Турција, објавено е на веб-страницата на шведскиот парламент. Таа одлука значи дека делови од поддршката за државните институции во Србија ќе бидат суспендирани и дека поддршката ќе биде фокусирана во поголема […]

Утврдени тројца нови пратеници што ќе ги заменат оние кои станаа градоначалници


Тројца пратеници од актуелниот парламентарен состав се избрани за нови градоначалници. Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов по формалната собраниска процедура седнуваат во пратеничките фотелји на Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои беа избрани за градоначалници на локалните избори. Ова го констатираше Државната изборна комисија на денешната седница. Како што посочи […]

Нова студија открива: Балканците се најнесреќни од платите, Холанѓаните се најзадоволни


Дали е сон на просечниот европски работник да стане службеник во Холандија? Нема истражување што го докажува ова, но едно е сигурно: ниедна друга група вработени во Европа не е позадоволна од својата плата. Холандските административни и помошни сектори имаат најниска стапка на жалби за плати – само 14,5%, по што следат комуналните работници (како […]

Гласаа за Мециновиќ, а Левица уште првата вечер одврати многу од гласачите на СДСМ


  Кога добриот резултат ќе се претстави како триумф, тогаш и однесувањето во тој „триумф“ станува специфично. Чудно, па и политички хазардерско. Кандидатот на Левица за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ, е еден од победниците на овие локални избори, иако тој ја загуби трката. Тој изгуби со 34.000 гласови разлика од Орце Ѓорѓиевски (ВМРО-ДПМНЕ), иако […]

Полицијата го уапси возачот кој избега откако усмрти велосипедист кај мостот „Гоце Делчев“ во Скопје


Полицијата попладнево соопшти дека го уапсила 37-годишниот Х.К. од Скопје, кој денеска околу 12:30 часот на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје со автомобил „Фолксваген пасат“ прегази 78-годишен велосипедист (Ј.Ќ. од Скопје), кој почина на самото место. Денеска (03.11.2025) во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.К.(37) од Скопје, затоа што околу […]

Според ОБСЕ, изборите беа добро организирани и конкурентни, но не и демократски


  Делегацијата на набљудувачите на ОДИХР, која го следеше вториот круг на изборите во Македонија, излезе со суптилна оценка околу изборите, дека биле добро организирани, мирни и конкурентни, но никаде јасно не ги оценува – како демократски. Според нивните наоди, иако има техничка рамка за да бидат такви, остануваат „бројни недоследности и празнини, особено во […]

Цеца Ражнатовиќ реагираше за скандалот со бугарското знаме во Велес


  Цеца Ражнатовиќ повторно проговори за скандалот во кога на концертот некој од публиката ѝ даде бугарско знаме со кое таа се покри. Публиката почна да свирка и да негодува, а ѕвездата на српската турбо фолк сцена ги коментираше реакциите по настанот. „Зошто не истраживте што се случи потоа? Се ширеа лаги дека мојот концерт […]

Лидерот на регионот Валенсија поднесе оставка една година по смртоносните поплави


  Жестоко критикуваниот лидер на шпанскиот регион Валенсија изјави во понеделникот дека се повлекува од функцијата, една година откако областа беше погодена од поплави кои беа најсмртоносната природна катастрофа во земјата во последната генерација. „Реалноста е дека денес сум во фокусот на критики, бучава, омраза и тензии“, рече Карлос Мазон во телевизиско обраќање. „Не можам […]

Русопулос од Советот на Европа ја пофали визијата на Киро Глигоров


  Вашиот напредок е значителен и извонреден. Парламентарното собрание на Советот на Европа ја поддржува и ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот евроинтегративен пат, порача денеска претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Теодорос Русопулос, кој е во посета на земјава. Пред пратениците во македонското Собрание, Русопулос рече дека во изминатите […]

Хрватска ги укинува рампите на автопатиштата, воведува дигитално плаќање патарина


Хрватска започнува со имплементација на нов систем за наплата на патарина, по примерот на повеќето земји од Европската Унија, кој целосно ќе ги отстрани рампите на автопатите до ноември 2026 година. Новиот систем, наречен Crolibertas, ќе овозможи целосно дигитално плаќање и патување без запирање на патарините. Официјалниот почеток на проектот е закажан за вторник, 4 […]

Пофалби за Црна Гора и Албанија, за Македонија малку оптимизам во извештајот на ЕУ, пишува „Политико“


  Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за Црна Гора и Албанија, малку новости ќе има за Македонија и БиХ, а ќе бидат напишани многу остри зборови за Србија. Бриселски „Политико“ дава преглед што може да  претстави еврокомесарката за проширување, Марта Кос, во извештаите. Според „Политико“, Кос […]