Почина Здравко Шотра, режисерот на „Зона Замфирова“, „Вруќ ветар“ и „Бољи живот“
Легендарниот режисер и сценарист Здравко Шотра, автор на некои од најгледаните телевизиски и филмски класици во поранешна Југославија, почина на 93-годишна возраст, објавија српските медиуми. Во неговиот богат опус се вбројуваат повеќе од 120 филмски и телевизиски остварувања, меѓу кои култните „Зона Замфирова“, „Лаење на ѕвездите“, „Ивкова слава“, како и незаборавните серии „Вруќ ветар“, „Грлом у јагоде“ и „Бољи живот“. Шотра […]