Шок во Аргентина: Ненадејно почина тренерот на Бока Јуниорс, Мигел Анхел Русо


Аргентинскиот фудбалски гигант Бока Јуниорс ја објави ненадејната смрт на својот тренер Мигел Анхел Русо. Русо почина ненадејно на 69-годишна возраст, само три месеци откако стана тренер на Бока Јуниорс по трет пат. Тој ја водеше Бока двапати претходно, во 2007 година, кога го освои Копа Либертадорес, и од 2020 до 2021 година, кога освои […]

Во Белфаст почнува самит за Западен Балкан


Британската министерка за надворешни работи Ивет Купер ќе биде домаќин на европските сојузници кои ќе разговараат за криминалот поврзан со миграции и безбедност во Западен Балкан, додека британската влада бара начини да го ограничи порастот на илегалните премини со мали чамци преку Ламанш. Како што пренесе ДПА, Велика Британија ќе вети финансиска поддршка за зајакнување […]

Победи на изборите со еден глас, гласаше за себе. „И на сопругата ѝ реков да не гласа“


Во неделата, гласачите на вкупно 474 избирачки места низ Хрватска имаа можност да гласаат на дополнителните избори за 75 советници. Изборите се одржаа во 63 локални единици чии совети и собранија немаа доволно советници од осумте национални малцинства, односно Хрватите, во општини каде што се малцинство на редовните локални избори во мај. Од 75 избрани […]

САД воведоа санкции за Нафтената индустрија на Србија


По осум одложувања, стапија во сила американските санкции врз Нафтената индустрија на Србија (НИС), што е во мнозинска сопственост на Русија, една од најважните компании за функционирање на целата српска економија. „Санкциите воведени од САД поради мнозинската руска сопственост во компанијата стапуваат во сила од шест часот утрово (9 октомври)“, соопштија од НИС. Уште во […]

Роднини и поддржувачи во Тел Авив го прославуваат договорот за заложниците


Семејствата на заложниците и нивните поддржувачи се собираат на Плоштадот на заложниците во Тел Авив за да го прослават постигнувањето на договорот, кој се очекува да ги врати сите заробени дома во следните неколку дена. Како што јави Тајмс оф Израел, роднини од различни средини, обединети во последните две години во заедничката кампања за ослободување […]

ИДФ се подготвуваат за повлекување на трупите од Газа


Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека почнале подготовки за делумно повлекување на трупите од Појасот Газа, како дел од договорот за заложници и прекин на огнот со Хамас. Во соопштение на војската се наведува дека „според директивите на политичкото раководство и во согласност со проценката на ситуацијата, ИДФ почна оперативни подготовки за спроведување на договорот“. […]

(Видео) Погледнете како Рубио му носи на Трамп порака сред Тркалезна маса: „Мора да го одобрите објавувањето“


Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја прекина прес-конференцијата во Белата куќа откако американскиот државен секретар, Марко Рубио, му подаде документ со рачно напишана порака. Трамп кимна додека ја читаше пораката, по што Рубио му шепна нешто на уво, на што претседателот одговори: „Добро“. Трамп потоа им рече на новинарите: „Државниот секретар штотуку ми даде порака […]

Израел и Хамас ја потпишаа првата фаза од планот. Трамп: Знаеме што доаѓа


Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави на социјалните мрежи дека е договорена првата фаза од мировниот план за Газа. „Многу сум горд што објавувам дека Израел и Хамас ја потпишаа првата фаза од нашиот мировен план“, рече Трамп. Остатокот од објавата гласи: „Ова значи дека СИТЕ заложници наскоро ќе бидат ослободени, а Израел ќе ги […]

Прилеп домаќин на 15. Поетски слем Македонија


Со промоции, изложби и поетско-музички перформанси, од 9 до 12 октомври во Прилеп ќе се одржи 15. издание на националната манифестација „Поетски слем Македонија“, во организација на Театарска работилница – Прилеп. Фестивалот ќе започне вечерва во 20 часот во ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ со настанот „Поетски двобој: Есенин vs Мајаковски“, а истиот ден ќе […]

Европратениците ќе гласаат по двете иницијативи за недоверба на Европската комисија


Членовите на Европскиот парламент денеска на последниот ден од овонеделната пленарна сесија во Стразбур во одвоени гласања ќе се изјаснат по двете инцијативи за изгласување недоверба на Европската комисија на Урсула фон дер Лајен.  Гласањето следи откако во понеделникот европратениците одржаа дебата по иницијативите за недоверба предложени од десничарската група Патриоти за Европа (ПФЕ) и […]

Денови на словенечки филм во Кинотека


Во Кинотека на Македонија од 9 до 11 октомври ќе се одржат Деновите на словенечки филм, на кои македонската публика ќе има можност да погледне три понови филмски остварувања од Словенија. Фестивалот ќе биде отворен денеска со долгометражниот филм „Спасение за почетници“ (2024) на режисерката Соња Просенц, кој на хумористичен и трагикомичен начин ги истражува […]

Работилница за младински ставови кон корупцијата


Резултати од истражување со 629 млади лица (16–26 год.) од Скопје, Струмица и Гостивар во врска со нивната перцепција на корупцијата, довербата во институциите и причините зошто не пријавуваат, ќе бидат презентирани денеска на работилницата „Младите и корупцијата: Ставови, искуства и решенија“, организирана од тинк тенк организацијата Аналитика. На настанот што ќе се одржи во […]

Дувачкиот квартет „Консонанс“ со концерт во Музејот на македонската борба


Во рамки на 48. издание на Деновите на македонска музика, вечерва со почеток во 20 часот, во Музејот на македонската борба ќе се одржи концерт на дувачкиот квартет „Консонанс“. Ансамблот, формиран во 2007 година од инструменталисти на НУ Филхармонија, ќе настапи во состав: Елена Дојчинова (флејта), Маја Кастратовиќ (англиски рог), Здравко Ангелов (кларинет) и Сашко […]

Конференција на Сојузот на здруженија на дијабетичари по повод Светскиот ден на видот


По повод Светскиот ден на видот, кој традиционално се одбележува секоја година во вториот четврток од октомври, Сојузот на здруженија на дијабетичари на Северна Македонија (СЗДСМ) организира конференција за медиуми со цел подигнување на свесноста за слепилото, оштетувањето на видот и промоција на здравјето на очите. Настанот ќе се одржи денеска со почеток во 14 […]

Сончево со мала до умерена локална облачност и ветер


Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб […]

Во македонскиот КИЦ во Софија промоција на книгите есеи „Од личен агол“ и „Книга 2020“ на проф. д-р Елизабета Шелева


Промоцијата на книгите есеи „Од личен агол“ и „Книга 2020“ на проф. д-р Елизабета Шелева ќе се одржи денеска со почеток од 18:30 часот, во Македонски културно-информативен центар во Софија. Промотор на литературните дела од проф. Шелева ќе биде проф. д-р Кристина Николовска (литературен критичар и теоретичар), а модератор на литературната вечер – Михајло Свидерски […]

И Стевчо Јакимовски и Сотир Лукровски најавуваат победа


Во време кога опозицијата ја пласира приказната дека „ВМРО-ДПМНЕ води во Карпош“, кандидатот Стевчо Јакимовски цврсто се држи до резултатите од својата работа и најавува убедлива победа уште во првиот круг. Јакимовски истакнува дека неговиот мандат зборува сам за себе, со реализирани проекти, инфраструктурни вложувања, чисти улици и грижа за животната средина. Неговата екипа потенцира […]

Фудбалерите на Египет се пласираа на СП 2026


Фудбалската репрезентација на Египет обезбеди место на Светското првенство 2026, откако вечерва го победи Џибути со 3-0 во африканските квалификации. На едно коло пред крајот во квалификациската група А, Египет на првото место има недостижни пет бодови повеќе од второпласираната Буркина Фасо. Египет во 1934 година стана првата африканска земја која настапи на мундијалскиот турнир, […]

Максим е подизведувач на ВМРО-ДПМНЕ и со такви не дебатирам, вели Филипче


  Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Прилеп му одговори на Максим Димитриевски, лидерот на ЗНАМ. „Слушам Максим Димитриевски, пионот на Мицкоски, барал дуел со мене. Јас со предавници на социјалдемократската идеја и подизведувачи на ВМРО-ДПМНЕ не дебатирам“, рече Филипче. Претседателот на СДСМ нагласи дека „секој кој решил да ги предаде идеалите за функција не […]

Трамп: Договорот за Газа е блиску, можеби ќе го посетам Блискиот Исток во текот на викендот


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека постои можност да го посети Блискиот Исток во текот на претстојниот викенд и дека е многу блиску до договор за прекин на огнот во Појасот Газа. Тој им изјави на новинарите во Белата куќа дека преговорите напредуваат добро и дека постои „голема шанса“ да се постигне договор за […]