Чуму уште поезија?


Венко Андоновски, еден од најистакнатите и најчитаните современи македонски писатели, на 4 октомври учествуваше на Шеснаесеттиот меѓународен поетски и книжевен фестивал во Истанбул, Турција, со излагање на тема„Чуму уште поезија“. Тркалезната маса се одвиваше во хотелот Пера Палас, од 1892, во кој Агата Кристи го пишувала неколку месеци „Убиство во Ориент Експрес“. До ден денес […]

На Криволак примопредадени новите артилериски системи „боран“ и нови униформи за Армијата


На армискиот полигон „Криволак“, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски заедно со амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој присуствуваа на артилериско гаѓање со новите артилериски системи „боран“, набавени во рамки на процесот за модернизација и опремување на Армијата. На „Криволак“ беше презентирана и новата униформа за припадниците […]

Продолжи судењето за „Онкологија 2“: Додека бил директор Нино Васев се потпишувал на т.н. условна терапија


Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за „Онкологија 2“, кој се води против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски криминал.  Прво беше сослушан сведок – шалтерска работничка на Клиниката за […]

Промоција на „Приватна насмевка“ на Гоце Дртковски во Јавна соба


Книгата „Приватна насмевка“ од новинарот и публицист Гоце Дртковски ќе биде промовирана денеска во културниот центар „Јавна соба“ во Скопје, во 20 часот. Изданието содржи тринаесет раскази и четири есеи посветени на темата слобода, а претставува прв литературен наслов на Дртковски, во издание на „Љубовта е петтиот елемент“. На промоцијата, актерот Филип Трајковиќ ќе чита […]

Како пиперката ајварка стана важна тема во кампањата за локалните избори


  БИТОЛА – Цената на пиперката ајварка стана главна тема во актуелната изборна кампања за локалните избори на 19 октомври, особено во руралните средини. И власта и опозицијата се фатија за пиперката и дури на партиските митинзи поентираат со тоа кој постигнал историска цена, а кој ја урнал цената на „куртовска капија“ или популарно пиперката […]

„Македонска поетика и стилистика“: Колективната монографија промовирана во Мадрид


Во рамките на Меѓународната научна конференција посветена на Иво Андриќ, инаку 17. Симпозиум како дел од научно-истражувачкиот проект „Андриќ-Иницијативи: Иво Андриќ во европски контекст (https://www.gralis2.at/gralis/) под раководство на емеритус проф. д-р Бранко Тошовиќ, што се одржа во Мадрид  од 2 до 5 октомври беше промовирана колективната монографија „Македонска поетика и стилистика“. На Конференцијата учестуваа повеќе […]

Косовски аналитичар уапсен – обвинет дека е „српски шпион“


  Полицијата на Косово, во соработка со разузнавачката служба и обвинителството, го уапси Фатмир Шехоли, политички аналитичар и директор на Приштинскиот институт за афирмација на меѓуетничките односи, под сомнение за вмешаност во шпионажа, објави министерот за внатрешни работи со технички мандат во Приштина, Ѓељаљ Свеќља.   Специјалното обвинителство во Приштина објави дека Фатмир Шехоли е […]

Муцунски бара заеднички одговор со ЕУ за хибридните закани


Регионалната соработка, европските перспективи на земјите од Западен Балкан и заедничките безбедносни предизвици се главните теми на кои дискутираа министрите за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес, меѓу кои и македонскиот министер Тимчо Муцунски. На состанокот што се одржува во Белфаст, министерот Муцунски во своето обраќање ја нагласи потребата од заеднички одговор на современите […]

И според Управниот суд законска е дискриминацијата на Левица


И Граѓанскиот и Управниот суд ги отфрлија тужбите од политичката партија Левица против  Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во врска со Упатството за радиодифузерите за локалните избори 2025, со кое партијата Левица го изгуби правото да добие време за рекламирање. „Управниот суд на седницата одржана на 6 октомври 2025 година, донесе решение со […]

Касами ќе ја градел одамната урнатата Саат кула во Тетово


  Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, на прес-конференција ги образложи заложбите за проекти во областа на културата доколку го добие вториот мандат од граѓаните. Според него еден од најважните проекти е изградбата на Саат кулата која постоела во Саат маало. „Со тоа му го враќаме на Тетово неговиот оригинален идентитет и му додаваме уште една […]

Урсула фон дер Лајен повторно го преживеа гласањето за недоверба во Европскиот парламент


Европскиот парламент во Стразбур денеска со мнозинство гласови ги отфрли предлозите на крајната левица и десница за гласање недоверба на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Ова е вторпат во последните три месеци Фон дер Лајен да се соочи со ваков обид за смена. Десничарската група „Патриоти за Европа“ побара гласање поради економските, […]

Ласло Краснахоркаи е добитник на Нобеловата награда за литература за 2025 година


Ласло Краснахоркаи, добитник на Нобелова награда за литература за 2025 година, е голем епски писател во централноевропската традиција што се протега од Кафка до Томас Бернхард, и се карактеризира со апсурдизам и гротескна ексцесност. Ласло Краснахоркаи е роден во 1954 година во Ѓула, Унгарија, за време на советската ера. Својот прв роман „Сатантанго“ го објавил […]

(Во живо) Кој ќе ја добие Нобеловата награда за литература?


Нобеловата награда за литература ќе биде објавена денеска, а победникот ќе се придружи на славната листа на лауреати, меѓу кои се Ернест Хемингвеј, Тони Морисон и Казуо Ишигуро. Нобеловата награда за литература се доделува од страна на Нобеловиот комитет на Шведската академија 117 пати на вкупно 121 победник. Минатогодишната награда ја освои јужнокорејската авторка Хан […]

Младински хабови, градски ваучер и нова гимназија, најави Шукова


Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, ја претстави својата визија за модерен, инклузивен и младински ориентиран главен град кој нуди вистински можности за раст, развој и иднина.   „Мојата визија за Скопје е град што создава можности, особено за младите,“ истакна Шукова. „Како градоначалник, имам јасен план за младински хабови современи урбани простори […]

Кристина Тодорова од Неготино доби награда за млад земјоделец за иновативни производи


Младата Кристина Тодорова од Неготино доби награда за млад земјоделец за иновативни производи, меѓу кои и тестенини со печурки без глутен и погодни за дијабетичари, информираа денеска од тимот на регионалниот еколошки центар „Ековита” од Неготино, чиј долгогодишен член е таа како дипломиран инженер агроном.  – Ова е уште една од низата на награди за […]

Швајцарци го оставиле сомнителниот куфер во близина на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ


Полицијата ги идентификувала лицата кои вчера го поставија сомнителниот куфер на плоштадот „ВМРО“ пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје. Станува збор за швајцарскиот државјанин Рафаел С. (1987) и женско лице со идентитет Вивиан С.Х. (1985), кои во Македонија пристигнале на 1 октомври со лет од Цирих. Од МВР соопштија дека според видеонадзорот, двете лица го […]

31.Моден викенд Скопје ќе проговори со јазикот на промените: Едукација, креативни работилници и модни ревии 


Скопје повторно ќе биде на мапата на регионалната модна сцена со концепт што не само што прикажува стил, туку го редефинира. Од 29 октомври до 5 ноември 2025, градот ќе го живее 31-то издание на Fashion Weekend Skopje powered by UNIBank – најзначајната модна платформа во земјата, која повеќе од една деценија го поврзува светот […]

Продуктивноста на капиталот е проблем за Македонија


Светска банка излезе со документ со наслов: „Кон подобри работни места“. Она што е подобро на макроекономско ниво можеби не е добро за мнозинството во Македонија при изразена нееднаквост и сиромаштија. Понатаму, иако филозофски, сепак е легитимно и размислувањето во македонски контекст, настрана од статистичката елаборација на економистите, дека во просек, статистички, веројатноста е помала […]

9 октомври во историјата – Атентатот во Марсеј, убиен е кралот Александар


  На денешен ден 1934 година беше убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ . Тој беше убиен од Владо Черноземски, член на ВМРО со истрел од револвер скриен во букет што го држеше. Францускиот министер за надворешни работи, кој се возеше со југословенскиот крал, исто така беше убиен. Сето ова се случи за време на […]

Како научникот Рамсдел дозна во дивина за Нобеловата награда: Помислил дека сопругата е нападната од мечка


Научникот Фред Рамсдел бил на дигитална детоксикација во оддалечен дел од западот на САД кога го разбудиле вресоците на неговата сопруга. Плашејќи се дека таа забележала гризли мечка, го очекувало многу подобро изненадување – ја освоил Нобеловата награда за медицина, објавува „Гардијан“. Нобеловиот комитет не можел да го контактира имунологот, чиј телефон бил во режим […]