Земјотрес со јачина од 7,4 степени ги погоди Филипини – издадено е предупредување за цунами


Силен земјотрес со магнитуда од 7,4 степени го погоди јужниот филипински остров Минданао, пренесува Би-би-си. Првичните информации говорат дека има најмалку една жртва, а се прават проценки за повредени. Според Геолошкиот завод на Соединетите Американски Држави (САД), епицентарот на земјотресот е на околу 20 километри од брегот на градот Манај, а се случи во 9:43 […]

Милевски: Ќе сториме се за да ја оствариме нашата цел


Најдобрата македонска фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 во Гент го игра дуелот против фаворитот во групата селекцијата на Белгија. По одработените мини-подготовки нашата репрезентација ја очекува тежок натпревар. –  Можам да кажам дека сум горд на моите фудбалери, и тоа не само во овие квалификации, туку и во претходните години. Со настапот во Лигата на […]

Унгарски МОЛ ги зголеми испораките на нафта во Србија по санкциите на САД


Унгарската нафтена компанија МОЛ ќе ги зголеми испораките во Србија по санкциите на САД врз рафинеријата НИС, изјави денес унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. „Бидејќи МОЛ игра важна улога во снабдувањето на Србија со сурова нафта и гориво… нашите српски пријатели можат да се потпрат на зголемени испораки од МОЛ“, рече Сијарто, додавајќи […]

Берзанскиот индекс СиП 500 порасна за речиси 90 проценти во последните три години


На Волстрит, индексот СиП 500 (S&P 500) се лизна од рекордно високо ниво во четвртокот, бидејќи инвеститорите не беа спремни да преземат дополнителни ризици, со оглед на тоа што нема големи економски извештаи и се приближува сезоната за објавување на резултатите од компаниите. Дау Џонс падна за 0,52 проценти на 46.358 поени, додека СиП 500 […]

Руски ракети и беспилотни летала го погодија Киев, гори облакодер во центарот на градот


Масивни руски напади запалија облакодер во центарот на Киев и ги таргетираа енергетските објекти, соопштија официјални лица. Украинската министерка за енергетика, Свитлана Гринчук, изјави дека руските сили напаѓаат енергетски објекти, чии работници се обидуваат да ги намалат ефектите од нападот. „Експертите за енергетика преземаат сите потребни мерки за намалување на негативните последици. Штом безбедносните услови […]

Македонската фудбалска репрезентација на мегдан со Белгија за првото место во групата


Репрезентацијата на Белгија е вечерашниот ривал на најдобрата македонска фудбалска репрезентација. Дуелот се игра во Гент, а воедно е натпревар од групата Ј. Македонската репрезентација како првопласирана влегува во пресрет на последните три натпревари, додека втората Белгија има бод помалку, но и натпревар повеќе за одигрување. Избраниците на селекторот Благоја Милевски од среда се во […]

Американска судијка привремено ја блокира одлуката на Трамп да испрати војници во Илиноис


Американска судијка издаде привремена забрана со која се блокира распоредувањето на војници од Националната гарда во државата Илиноис, која го вклучува и градот Чикаго. Наредбата на окружната судијка Ејприл Пери ќе остане во сила две недели, а на 22 октомври ќе се одржи рочиште за да се утврди дали треба да биде продолжена. Според американската […]

Израелската влада го одобри договорот со Хамас


Израелската влада синоќа го одобри договорот со кој Хамас ќе ги ослободи сите 48 преостанати заложници во Газа, соопшти Кабинетот на премиерот. Со усвојувањето прекинот на огнот стапи во сила. Ослободувањето на заложниците, во замена за околу 2.000 палестински затвореници и делумно повлекување на израелската армија (ИДФ), претставува прва фаза од мировниот план за Газа […]

Уште денеска пријавување на немоќни и болни лица за гласање на локалните избори


На полноќ истекува рокот за пријавување на болните и немоќни лица за гласање на Локалните избори 2025 на 19 октомври. На 14 октомври, пак, истекува рокот за пријавување на лицата кои сакаат да гласаат на изборите а кои издржуваат мерка куќен притвор. Според Роковникот на Државната изборна комисија, избирачот кој не е во можност да […]

САД преместуваат 200 војници во Израел


САД преместуваат до 200 војници кои веќе се стационирани на Блискиот Исток во Израел за координација на операцијата, соопштија американски претставници. Американската војска ќе воспостави таканаречен центар за цивилно-воена координација во Израел, во кој ќе бидат вклучени околу 200 војници. Во него ќе бидат вклучени и сили од арапски и муслимански земји, вклучувајќи ги Египет, […]

Земјотрес со јачина од 7,6 степени го погоди јужниот дел на Филипините


Земјотрес со јачина од 7,6 степени денеска го погоди јужниот филипински регион, предизвикувајќи луѓето да бегаат од зградите и поттикнувајќи ги властите да издадат предупредување за цунами. Како што пренесе ДПА, засега нема извештаи за жртви од земјотресот, кој се случи во 9:43 часот наутро крај брегот на покраината Давао Ориентал, околу 1.000 километри јужно […]

Во Битола завршува интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“


Со Шопенова вечер која ќе ја приреди италијанскиот уметник и пијанист Џанлука Луизи, вечер во Битола завршува 34-то издание на интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“. Во периодот од 2 до 10 октомври на фестивалските сцени во Битола настапија уметници од Австрија, Италија, Швајцарија, Шпанија и Србија, кои заедно со македонските уметници изведоа концерти и […]

Изведба на „Риголето“ од Џузепе Верди во НОБ


На сцената на Националната опера и балет (НОБ) вечерва ќе се изведе една од најзначајните музички драми во оперската литература „Риголето“ од Џузепе Верди.  Како што соопштуваат од НОБ, музичката драма „Риголето“ ќе биде изведена под диригентска палка на Џанлука Мартиненги во режија на Пјер Франческо Маестрини, сценографијата е на Гилермо Нова од Шпанија, додека […]

Последни седум дена од изборната кампања, партиите со ветувања за подобар живот на граѓаните


Изборната кампања влегува во последната фаза. Остануваат уште седум дена до изборниот молк пред изборите што ќе се одржат на 19 октомври. Изборните активности на партиите продолжуваат и денеска. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде во јужниот дел на државата со митинзи и средби со граѓани во Дојран, Валандово, Богданци и Гевгелија, а нивниот кандидат […]

Натпревар за млади музичари и бендови со авторска музика „Imagine Macedonia 2025“ вечер во МКЦ


 Во организација на Музичка младина на Македонија (МММ) вечер во концертната сала на Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи натпревар за млади музичари и бендови со авторска музика „Imagine Macedonia 2025“ Настанот е во рамки на фестивалот „Здраво млади“, а во соработка со МКЦ. – По три успешни онлајн изданија, кога македонските победници беа […]

Одбележување на Денот на МАНУ


По повод Денот на Македонската академија на науките и уметностите денеска во Свечената сала на Академијата ќе се одржи одбележување на кое свое обраќање ќе има претседателот на МАНУ академикот Живко Попов. На одбележувањето ќе биде доделено меѓународното признание „Блаже Конески“ на годинашните добитници Емилио Марин и Ивица Баковиќ. Пригодни говори ќе одржат академиците Вера […]

Светски ден на менталното здравје


Под мотото „Пристап до услуги за ментално здравје при итни и кризни состојби“ денеска на градскиот плоштад „Македонија“ ќе биде одбележан Светскиот ден на менталното здравје. На настанот, во организација на Универзитетската клиника за психијатрија – Скопје, ќе присуствува министерот за здравство Азир Алиу. – Преку јавниот собир сакаме да испратиме порака дека здравствените професионалци […]

Сончево со мала до умерена локална облачност, максималната температура ќе достигне до 22 степена


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 22 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб […]

Мицкоски го обвини СДСМ дека води црна кампања


  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митингот во скопската општина Кисела Вода го обвини СДСМ дека води црна кампања. ,,Досегашната кампања недвосмислено покажува дека нашите противници се борат за своите кариери, а ние се бориме да изградиме и направиме повеќе за секој еден човек“, вели Мицкоски. ,,Нивната главна кампања се темели на слоганот: ‘Се бориме […]

Заврши јубилејниот педесетти „Мајски цвет“, се твореше за македонскиот јазик и неговата кодификација


Заврши 50. јубилејно издание на Детскиот поетски фестивал „Мајски цвет“,  чиј традиционален организатор е кочанската Библиотека „Искра“ заедно со Литературниот клуб „Копнеж“. Учествуваа триесетина ученици до деветто одделение од училишта во градови од источниот дел на Македонија, членови на литературни клубови во библиотеки, домови и центри за културата. Најуспешните пред публиката ги прочитаа своите песни. […]