XXV Недела на италијанскиот јазик во светот – италијанскиот јазик преку границите


Од денеска до 30 октомври 2025 година, Република Северна Македонија ќе биде домаќин на 25-то издание на Неделата на италијанскиот јазик во светот. Во годината на Првата меѓународна светска конференција на Италофонијата и во континуитет со петтата Генерална конференција за италијанскиот јазик во светот, ова издание е посветено на темата „Италофонија: Јазик преку границите“. Целта […]

Почнува двонеделна „антинуклеарна“ воена вежба на НАТО


Брисел – Со учество на над 2.000 војници од 14 земји членки на НАТО денеска започнува двонеделна воена вежба насловена „Непоколебливо пладне“, насочена кон тестирање на капацитетите на Алијансата за нуклеарно одвраќање.  Во најголемиот дел вежбата ќе се одржува во воздухопловната база „Фолкел“ во Холандија и над Северното Море, но во неа ќе бидат вклучени и […]

Урсула фон дер Лајен денеска ја започнува турнејата во Западен Балкан, в среда во Скопје


 Претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ја започнува својата годишна турнеја низ Западен Балкан, за да ја истакне поддршката на Европската Унија за процесот на пристапување на регионот во ЕУ и да разговара за Планот за раст на ЕУ од 6 милијарди евра за Западен Балкан за периодот 2024-2027 година. -Нејзина прва […]

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица


Политичките партии, коалициите и независните кандидати и денеска пред граѓаните ќе продолжуваат со претставување  на своите програми и кандидатите за градоначалници за локалните избори кои ќе се одржат на 19 октомври. Денеска се најавени митинзи и директни средби во повеќе општини низ државата. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ги претстават своите кандидати во Росоман, во Градско, […]

Облачно со сончеви периоди, од среда дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди со слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се намалува. Минималната температура денеска ќе се движи во интервал од 3 до 11, а максималната од 16 до 22 степена. Во Скопје, слично време со минимална температура до 8 и максимална […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 13 октомври 2025 година, 286-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 79 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 44 минути, а ќе зајде во 17 часот и 55 минути. Денов трае 11 часа и 11 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина нема да изгрее, […]

Николоски вели дека Пецаков ќе има историски најголема победа во Охрид


  ,,Во Охрид ќе имаме историски најголема победа на 19 октомври, Кирил Пецаков реализираше бројни проекти и е првиот градоначалник на општината што има далеку поголема поддршка за разлика од првиот пат кога бил избран“, истакна вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на средба со охриѓани. Тој рече дека претходната власт му правела опструкции на […]

СДСМ во Струмица: Ова е морална битка за Македонија


  „Ова не се обични избори, ова е морална битка за Македонија. Ова е борба за еднаквост, за правда, за човеково достоинство. За Македонија што се обединува, не што се дели. Ова е тест за зрелоста на нашето општество. Ова е избор помеѓу два различни света, два пата кои водат на сосема различен правец. Две […]

Косово избираше градоначалници, излезноста близу 40 отсто


На Косово денес се одржаа локални избори за ново раководство во 38 општини. Според податоците на Централната изборна комисија (ЦИК), до 19 часот гласале 39,16% од запишаните избирачи, а највисока излезност е забележана во српските средини. Портпаролот на ЦИК, Ваљмир Елјези, соопшти дека пребројувањето на гласовите за градоначалници започнува вечерва, додека пребројувањето на гласовите за […]

Мицкоски: Кампањата на опозицијата е мизерна. Филипче: ВМРО-ДПМНЕ се политички кукавици


  И денешниот ден од кампањата помина повеќе во меѓусебни обвинувања отколку во претставување на плановите што ќе се прави во општините. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од Чучер Сандево повторно ја постави опозицијата во триjаголник: СДСМ-ДУИ-Левица рече дека неговта партија влегува како апсолутен фаворит, а нивните опоненти ги обвини за „најцрната, најмизерната, најниската […]

Досега ДИК одобрила барања за акредитации за 591 странски и 658 домашни набљудувачи, пријавени околу 9.000 болни и изнемоштени лица


 Државната изборна комисија (ДИК) досега одобрила барања за акредитации за 591 странски и 658 домашни набљудувачи за локалните избори закажани на 19 октомври, соопшти попладнево претседателот на Комисијата Борис Кондарко. Кондарко информира дека бројката на пријавени лица кои ќе гласаат од дома – болни, немоќни, изнемоштени лица во општинските изборни комисии е околу девет илјади […]

Мнозинството Американци се „за“ воена помош на Украина и санкции против Русија


  Огромно мнозинство Американци (77 отсто) поддржуваат заострување на санкциите на САД кон Русија за да се стави крај на војната во Украина, според анкета спроведена од Харвардскиот центар за студии на американската политика (CAPS) и The Harris Poll/HarrisX. Мнозинството и од демократите (73%) и од републиканците (67%) поддржуваат заострување на санкциите и одржување на […]

Милевски: Нема лесни противници, Казахстан на првиот меч покажа дека е квалитетен ривал


Македонската фудбалска репрезентацијата го остави зад себе ремито со Белгија и веќе гледа кон новиот предизвик. Утревечер на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје гостува селекцијата на Казахстан, а целта е јасна – победа и нови три бода во квалификациите. Селекторот Благоја Милевски е оптимист и верува дека неговите избраници се подготвени за уште една […]

Орце како лоша и опасна шега – ќе го претворел Аквадуктот во концертна сцена, реагира СДСМ


  Кандидатот за градоначалник на Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, вчера најави дека има план Аквадуктот да биде претворен културен парк – со сцени за концерти, настани и фестивали. Денеска СДСМ му се потсмева и вели дека тоа се „опасни идеи“. „Откако го најави ‘мега’ проектот градски воз од Драчево до центарот на Скопје, сега […]

Еден загинат и тешко повредено 18-годишно момче во директен судир на две возила на експресниот пат Штип – Велес


Во директен судир на две патнички возила попладнево околу 14 часот на експресниот пат Штип – Велес загинал  маж, а 18-годишно момче е тешко  повредено. Увид  направила  екипа на СВР Штип, потврдија од МВР.  На местото на настанот била повикана и екипа на Противпожарната единица од Велес. Како што информираат  од  Итната помош на ЈЗУ […]

Празнична роденденска победа на ФК Пелистер против Динамо Букурешт


 Во пријателски празничен фудбалски натпревар, посветен на јубилејот 80 години од формирањето на клубот, вечерва во Битола, ФК Пелистер го совлада романскиот шампион Динамо од Букурешт со 2:0, полувреме 0:0. Натпреварот почна со почесен удар од центарот на игралиштето што го изведе Власте Мицевски, највозрасниот член на ФК „Пелистер“, а потоа во спортски и фер-плеј […]

Научниците развија терапија што може да биде пресвртница во третманот на Алцхајмеровата болест


Научниците развија иновативен третман базиран на наночестички што успешно ги поништи симптомите на Алцхајмеровата болест кај глувците, нудејќи нова надеж во борбата против оваа сериозна болест. Тим експерти од Институтот за биоинженерство на Каталонија (IBEC) и Западнокинеската болница на Универзитетот Сечуан развија биоактивни „супрамолекуларни лекови“ кои можат проактивно да ја поправат крвно-мозочната бариера, што е […]

Недостиг на лекови во Европа


Недостигот на лекови станува сè посериозен проблем низ целата Европска унија, предизвикувајќи фрустрација кај аптекарите и пациентите, а притисок врз јавноздравствените системи. Во Белгија, полиците на веледрогериите се празни како никогаш досега, што го одразува европскиот тренд на хронична нестабилност во снабдувањето со лекови. „Често недостигаат десетици различни лекови во исто време, што ни го […]

За правда, родителите на оние кои ги загубија животите во „Пулс“ денеска го блокираа кружниот тек во центарот на Кочани


Со болка, револт и барања за правда, родителите на младите кои трагично ги загубија животите во пожарот во ноќниот клуб „Пулс“ денеска го блокираа кружниот тек во центарот на Кочани. Протестот започна околу пладне, кога десетици граѓани им се придружија на семејствата на жртвите, изразувајќи поддршка за нивната борба против, како што велат, „неправдата и […]

Герасимовски повика на голема акција за чистење на депонијата кај Кале, понеделник во 13 часот


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, упати јавен повик до граѓаните да се приклучат на акцијата за чистење на депонијата кај полигонот на Кале, која ќе се спроведе утре (понеделник) со почеток во 13 часот. „По расчистувањето на депониите во Крњево и Градскиот парк, продолжуваме со чистење на просторот кај полигонот на Кале. Несовесни поединци […]