Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објави важни информации за навивачите во пресрет на натпреварот Македонија – Казахстан. Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена од 18:45 часот, а според последните информации влезници има уште само за западната трибини, додека за јужната и за северната влезниците се продадени. Соопштението на ФФМ во целост: „Ги повикуваме навивачите […]

Крај на една ера: „Ем-ти-ви“ капитулира пред Јутјуб и Спотифај


Легендарниот бренд MTV ја затвора музичката страница на својата историја – компанијата „Парамаунт Глобал“ најави дека до 31 декември 2025 година ќе ги угаси пет музички канали во Велика Британија и Северна Ирска: MTV Music, MTV 80s, MTV 90s, Club MTV и MTV Live. Одлуката, како што велат од компанијата, е резултат на драматичната промена во начинот на консумирање музика […]

Вучиќ уверува дека ќе нема недостиг од нафта и нафтени деривати


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека е задоволен од отвореноста, конструктивноста и искреноста на руската делегација во врска со Нафтената индустрија на Србија (НИС) и нагласи дека нема да има недостиг од нафта, нафтени деривати и нема да има енергетска криза. Вучиќ објави дека имал отворен и искрен разговор со претседателот на Управниот одбор […]

На премиерот му пречи што на аеродромите има влезови за граѓани на ЕУ и оние што не се во Унијата


  Премиерот Христијан Мицкоски мисли дека новите правила за влез во ЕУ дискриминираат, ако регионот навистина треба да биде дел од блокот до 2030. Нему му пречат и ознаките на аеродромите – за граѓани на ЕУ и за останатите. „Имаше регионална иницијатива и да се олесни пристапот на превозниците и онаа зелена лента што се […]

Поевтинуваат горивата


Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,83 отсто во споредба […]

ЕУ најави проширување на европските фабрики за вештачка интелигенција во Македонија и Србија


Брисел – Европската комисија денеска најави проширување на програмата „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (АИФА) во седум земји членки и шест партнери на ЕУ, меѓу кои и во Северна Македонија.   Во соопштението се посочува дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Тирана најави проширувањето на фабриките за вештачка интелигенција во Северна […]

Крајната десница пропадна на локалните избори во Португалија


  Португалската крајно десничарска партија Шега ги освои своите први градоначалнички места на локалните избори, покажаа конечните резултати, но не ги исполни очекувањата, а нејзиниот удел во гласовите е преполовен во споредба со парламентарните избори во мај. Шега успеа да обезбеди градоначалнички места само во Албуфеира, Ентронкаменто и Сао Висенте, три општини лоцирани во јужниот […]

„Уна“ со Никола Ристановски го воодушеви Белград: Министерот Љутков на премиерата во театарот „Звездара“


Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, викендов, присуствуваше на премиерната изведба на театарската претстава „Уна“, во режија на истакнатиот македонски режисер Дејан Пројковски. Претставата се одигра на сцената „Данило Бата Стојковиќ“ во театарот „Звездара“ во Белград. „Уна“ е работена според култниот роман на Момо Капор, во адаптација на Стеван Копривица. Белградската публика со громогласен […]

Кривична пријава против Орце Ѓорѓиевски дека дозволувал дивоградби


  Во Основното јавно обвинителство – Скопје е поднесена кривична пријава против градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, со која се товари за непостапување по службена должност и толерирање дивоградби во населбата Драчево, пишува „Слободен печат“. Пријавата опфаќа два одделни случаи на незаконито градење. Првиот […]

Расчистена депонијата под Кале


Актуелниот градоначалник на Општина Центар и кандидат од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Горан Герасимовски, денеска, заедно со директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, Душко Коцевски, учествуваше на акцијата за чистење на депонијата кај полигонот на Кале. Како што посочи Герасимовски, хигиеничарите на ЈП ПОЦ заедно со службите на Општината се постојано на […]

Холандската влада презеде кинески производител на чипови поради безбедносни причини. Пекинг бесен 


Холандската влада објави дека го презема производителот на чипови „Нексперија“ (Nexperia), наведувајќи ја желбата да спречи трансфер на технологија на кинескиот сопственик „Вингтех“ (Wingtech). Владата „исклучително“ одлучи да интервенира, реагирајќи на „акутни сигнали за сериозни административни недостатоци и мерки“ во „Нексперија“, соопшти Министерството за економија во соопштение објавено во недела навечер. „Овие сигнали го загрозуваат […]

Сѐ за шоуто на „Викторијас сикрет“ 2025, најскапата ревија на светот


Некои рестартирања ги тераат гледачите да го посакуваат оригиналот. Модната ревија на „Викторијас сикрет“, која се врати по петгодишна пауза минатата година со редизајниран формат и фокус на инклузивно кастинг, собра доволно ентузијазам за да ја задржи верзијата 2.0 во продукција. На 29 јули, „Викторијас сикрет“ објави дека нивната модна ревија повторно ќе се врати […]

Нема – може да има – жално е да има: Мицкоски за можните предвремени избори


  Во рок од седум-осум дена премиерот на три пати го менува својот став околу можните предвремени парламентарни избори по локалните. Во интервју за „360 степени“ тврдеше дека сигурно нема да има, без оглед на резултатите; по неколку дена на средба со бизнисмени во Струмица ја остави вратата отворена за нови избори, а денес вели […]

Продолжува бранот на корпоративни банкроти во Германија


Германските судови добија значително повеќе барања од компании за поведување стечајна постапка во септември, покажаа денес прелиминарните податоци од Федералниот завод за статистика. Бројот на барања беше за 10,4 проценти поголем во септември отколку во истиот месец минатата година, објави Дестатис, забележувајќи дека пресметката ги вклучува само барањата за кои стечајниот суд веќе издал прва […]

Почина ракометниот стратег Илија Темелковски


Ракометната и спортската јавност, денес изгубија вреден спортски работник, на 71-годишна возраст почина Илија Темелковски. Во својот работен век како тренер ги предводеше Тинекс Пролет, Еурофарм Пелистер и Струга. Како селектор на младата репрезентација го освои четвртото место на Европското првенство во Полска во 2002 година. Сениорската репрезенација ја однесе на Мундијалот во Хрватска, го […]

Улицата „Белградска“ во Скопје од денеска е еднонасочна


Изминатиов викенд екипи на ЈП „Улици и патишта” Скопје на улица „Белградска” ја поставија новата вертикалната сигнализација за еднонасочен сообраќај. На оваа сообраќајница во насока од булевар „Мајка Тереза” кон улица „Димче Мирчев”согласно основен сообраќаен проект воведен е нов сообраќаен режим за еднонасочен сообраќај. ЈП „Улици и патишта” Скопје апелира до учесниците во сообраќајот да […]

Во август над 226 илјади туристи, најмногу од Турција


Во август годинава во земјава имало 226 179 туристи кои оствариле 846 221 ноќевања. Од нив 48 отсто се домашни, а 52 отсто странски туристи од кои најголем број – 49 093 се од Турција, 10 309 од Србија, 5 202 од Романија, а 5 075 од Холандија. Според податоците на Државниот завод за статистика, […]

Трагедијата на Макрон


Франција урна рекорд на сите времиња. Нејзиниот премиер, Себастијан Лекорну, поднесе оставка помалку од 24 часа по формирањето на својата влада. Во земја каде што уставот од 1958 година ја поткрепуваше институционалната стабилност врз основа на политичкиот примат на претседателството, ова е огромен политички шок. Па, како Франција стигна до оваа точка? Во време кога […]

(Видео) Џеј Ди Венс одби да одговори на прашање за поткуп. Новинарот го прекина интервјуто


  Водителот на Еј-Би-Си њус (ABC News), Џорџ Стефанопулос, го прекина интервјуто со потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, откако тој одби да одговори на прашање за наводниот скандал со поткуп во кој е вклучен одговорниот за границите Том Хоман. Инцидентот се случи за време на емисија во живо во неделата, а видеото набрзо стана […]

Битолските кандидати ветуваат работи за екологијата и кои не се нивна надлежност


  БИТОЛА – Поставување филтри на оџаците на РЕК „Битола“, субвенционирање на електричната енергија за битолчани како компензација за работењето на термоелектраната, до забрана за палење на депонии, ова се само дел од ветувањата на кандидатите за градоначалник на Битола за претстојните избори на тема екологија, чист воздух, отпад… Најголем дел од нивните ветување се […]