Османи: Ја приватизираа топлана, најблиска соработничка на Меџити е меѓу сопствениците


Во првото предизборно соочување за Чаир на Телма телевизија, кандидатот на Националната алијанса за интеграции, Бујар Османи, удри со најтешка политичка артилерија кон својот противкандидат Изет Меџити. „Има медиумски објави дека топланата е приватизирана и дека во сопственичката структура се најблиските соработници на мојот противкандидат. Затоа велам, во Чаир прво мора да се пресече коренот: […]

Велика Британија би можела да го преземе процесот на разоружување на Хамас


Велика Британија би можела да ја преземе водечката улога во процесот на разоружување на милитантната група Хамас во Појасот Газа, изјави денеска британскиот премиер Кир Стармер, повикувајќи се на британското искуство во разоружувањето на милитантните групи во Северна Ирска. Говорејќи во британскиот парламент, Стармер изјави дека разоружувањето на милитантите во палестинската енклава е клучно, доколку […]

Жена исчезнала во кумановско Липково, потрагата во тек


Центарот за управување со кризи вечерва соопшти дека е исчезната жена во реонот на кумановско Липково. Пријавата е добиена на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112.  – По барање на полицијата, беше побарано ангажирање на дронови во потрагата. Од страна на Центарот за управување со кризи (ЦУК), веднаш беше информирано Министерството за внатрешни работи […]

Ѓорѓиевски најавува победа во првиот круг, Шукова тврди дека ќе има и втор


Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, верува дека ќе победи уште во првиот круг на изборите закажани за в недела, а ставот, како што вели, го темели на она што го има сработено во изминатите четири години како градоначалник на Општина Кисела Вода.Спротивно на тоа, кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ,  […]

Филипче од Битола: Не можеме да молчиме


  „Тука сме затоа што нешто длабоко во нас нѐ тера да не молчиме“. Вака лидерот на СДСМ им се обрати на членовите и поддржувачите во полната сала во Центарот за култура во Битола. Тој ги поздрави граѓаните велејќи им дека ја разбира причината за нивната бројност, а тоа е подготвеноста да го бранат она […]

„Тоа е патологија“: Мицкоски медицински го толкуваше Филипче


  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва од Крива Паланка изјави дека не може да поверува во она што го слуша на митинзите од лидерот на СДСМ, Венко Филипче, бидејќи немало логично објаснување зошто така зборува. Тој објасни дека тоа во медицината се викало патологија. И објаснуваше како тоа го толкува медицината: „Сега дошол овде […]

Мицкоски: СДСМ не нуди ниту проекти, ниту визија, туку само црна кампања


Владејачката ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа предизборни митинзи во Крива Паланка и Пробиштип.  „Крива Паланка заслужува промени затоа што на овие избори се одлучува за иднината на вашата општина и добро се знае дека СДСМ не е никаква алтернатива, туку партијата која е длабоко заглавена во бизнис спрегите на тие што ја водат“, порача на вечерашниот митинг  […]

Мерцедес претстави футуристички концепт инспириран од елеганцијата на 1930-тите


Откако го најави со тизери, Мерцедес-Бенц го претстави концептот Vision Iconic, импресивно купе со две врати, покажувајќи дека брендот сè уште знае како да постигне гламур. Покрај елегантните пропорции и осветлената маска, ова големо купе има ретро инспирирана кабина и доаѓа со напредни можности за автономно возење. Надворешноста комбинира стилски елементи од минатото на Мерцедес […]

„Чиста нула“ за владата на ВМРО-ДПМНЕ, порача Филипче од Ресен


„Чиста нула“ е резултатот на работењето на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите четири години локална власт и година и половина централна власт, порача вечерва претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на трибината која се одржа во градот Ресен. Тој пред ресенчани зборуваше дека ВМРО-ДПМНЕ не само на локално ниво, туку и како централна власт не донесе ништо добро […]

Зеленски му го одзеде украинското државјанство на градоначалникот на Одеса


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски му го укина украинското државјанство на градоначалникот на пристанишниот град Одеса, Генадиј Труханов. – Кај неколку лица исто така е потврдено руско државјанство на и се подготвени соодветни одлуки. Указот е потпишан, објави Зеленски денеска на Телеграм по средбата со шефот на разузнавањето Васил Малјук, без да наведе имиња. Труханов сега […]

Мицкоски утре ќе ја пречека Лајен, нема да има изјави за јавноста


Претседателот на Владата Христијан Мицкоски утре, во 15:45 часот, ќе ја пречека и ќе биде домаќин на посетата на Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија, информираат од владината прес-служба. Во 15:50 часот ќе се одржи тет-а-тет средба во Влада. Потоа во 16:05 часот ќе се одржи билатерална средба. Не се предвидени изјави за […]

Рестрикции на струја во осум украински региони поради руските напади


Украинскиот енергетски оператор Укренегро денеска соопшти дека воведува рестрикции на струја во најмалку осум области поради штетите предизвикани на енергетската инфраструктура од неодамнешните руски напади. – Поради тешката состојба во енергетскиот систем, предизвикана од неодамнешните руски напади, воведени се итни прекини на струја, се наведува во соопштението на компанијата. Прекините се однесуваат на регионите Суми […]

САД нападнаа брод кај брегот на Венецуела


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека САД погодиле брод кој, според него, превезувал дрога во меѓународни води кај брегот на Венецуела. – Врз основа на моите постојани овластувања како врховен командант, утрово министерот за војна нареди смртоносен кинетички напад на брод поврзан со означена терористичка организација (DTO) која се занимава со трговија со наркотики […]

Застрашувачко откритие: Невидлив гас опасен за планетата протекува од морското дно на Антарктикот


Научниците открија дека метанот, гас што заробува 80 пати повеќе топлина од јаглерод диоксидот во првите децении откако ќе се испушти во атмосферата, неконтролирано протекува од морското дно околу Антарктикот. Нови извори на метан, познати како метан сипс (протекувања на метан,) се појавуваат со „зачудувачка брзина“, предупредува меѓународен тим истражувачи во студија објавена во списанието […]

ММФ: Светската економија засега одолева на неизвесностите и тензиите. Глобалниот БДП расте, но со побавно темпо


И покрај упорната неизвесност предизвикана од царините воведени од американскиот претседател Доналд Трамп и трговските тензии што тие ги поттикнаа, светската економија и понатаму покажува охрабрувачка способност за отпор – како во 2025, така и во 2026 година – според најновите податоци што денеска ги објави Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Институцијата очекува дека светската економија […]

Ракометарите на Вардар со победа ги почнаа натпреварите во Лига Европа


 Македонскиот ракометен вицешампион Вардар со победа од 34:29 против Сесвете од Хрватска го стартуваше настапот во еврокуповите (Лига Европа). „Црвено-црните“ имаа водство во текот на целиот натпревар, а хрватскиот тим само еднаш имаше нерешен резултат 21:21. Ракометарите на Вардар поведоа со 3:0, а на полувреме предноста беше 19:15. На стартот од вториот дел „црвено-црните“ постигнаа […]

Во Италија, 5,7 милиони луѓе живеат во апсолутна сиромаштија, странските државјани се нaјзагрозени


Во Италија, 5,7 милиони луѓе живеат во апсолутна сиромаштија, што претставува околу 9,8 проценти од вкупното население, при што странските државјани и големите семејства се особено изложени на ризик, според податоците објавени денес за 2024 година. Италијанскиот национален институт за статистика (Istat) забележува дека повеќе од 2,2 милиони семејства, или 8,4 проценти од домаќинствата, се […]

Старица нападната во продавница во Аеродром


Повозрасна скопјанка вчера била нападната од едно лице во продавница во скопски Аеродром.  – На 13.10.2025 во 12:15 часот во СВР Скопје, З.М.(72) од Скопје пријави дека околу 10:30 часот во продажен објект на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од едно лице, информираат од полицијата.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат […]

Тинејџер во Скопје за 20 дена украл четири велосипеди, електрични тротинети и мопед


Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 19-годишник осомничен за кражби на велосипеди, електрични тротинети и мопед. За помалку од 20-тина дена, односно од 22.09 до 09.10.2025 година, осомничениот извршил четири тешки кражби на велосипеди и електрични тротинети во центарот на Скопје, со што прибавил вкупна противправна имотна корист од околу 170 илјади денари. При […]

Министрите за животна средина од Западен Балкан ја усвоија Декларацијата од Дубровник


Министрите за животна средина и одржлив развој од Западен Балкан (ЗБ) денес ја усвоија Декларацијата од Дубровник на втората министерска средба за Зелената агенда за Западен Балкан (ЗАЗБ). Настанот беше организиран од Регионалниот совет за соработка (RCC) во соработка со Сојузното министерство за економска соработка и развој на Германија (BMZ), во рамките на Регионалното климатско […]