Европското индустриско производство се намали во август


Индустриското производство во еврозоната и Европската унија се намали во август, со забележителен пад на производството на капитални добра, покажаа прелиминарните податоци од Европскиот завод за статистика во среда. Во еврозоната, сезонски прилагоденото индустриско производство се намали за 1,2 проценти во август во споредба со јули, кога се зголеми за 0,5 проценти, според ревидираните податоци […]

Мицкоски разговара со Лајен во четири очи


  Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ја пречека претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е во официјална посета на земјава, во рамки на нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан. Во Владата, како што е најавено, во тек е билатерална средба. Не се предвидени изјави за новинарите. Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека […]

Прометот во индустријата на домашниот пазар во август зголемен за 3,4 проценти на годишно ниво


Прометот во индустријата, вкупно, е намален за 3,9  проценти во август 2025 година во однос на август 2024 година, објави денеска Државниот завод за статистика.  Прометот во индустријата, вкупно, во август годинава во однос на август 2024 година, според главните индустриски групи, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,5  проценти, Капитални производи за […]

Неколку компании од одбранбената индустрија се заинтересирани за инвестирање во Македонија, вели Мисајловски


Во Министерството за одбрана на месечно ниво доаѓаат по неколку компании од секторот на одбранбената индустрија кои се заинтересирани да ги разгледаат можностите за да инвестираат во Македонија, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски во изјава за МИА од Брисел.  – Мислам дека наскоро ќе се потпише и Меморандум за соработка со една од тие […]

Владата му одговара на Филипче: Буџетот е стабилен и ликвиден


  Владата го прекори лидерот на опозицијата, Венко Филипче, дека не се разбирал во економијата откако тој денеска на прес-конференција изјави дека буџетската дупка до крајот на годината ќе биде 1,4 милијарди евра. Буџетот е стабилен и ликвиден. Сите обврски кон граѓаните, компаниите и институциите се сервисираат редовно и навремено, велат од Владата. „Од Филипче […]

Почина Иван Молнар, последниот личен готвач на Јосип Броз Тито


Иван Молнар, познат светски готвач од Бјеловар, почина на 72-годишна возраст. Ќе биде запаметен не само како врвен готвач, туку и како личност со исклучителен карактер, веселост и гостопримство. Но, она што го направи уникатен во хрватската кулинарска историја е фактот дека тој беше – последниот личен готвач на Јосип Броз Тито, објавува bjelovar.live. Готвел […]

Додека Трудо ја бакнува Кети Пери, поранешната сопруга испраќа загадочни пораки на социјалните мрежи


Поранешната сопруга на Џастин Трудо, Софи Грегоар, сподели криптична порака за „опуштање“ само неколку часа откако фотографиите од 40-годишната Кети Пери и 53-годишниот Џастин Трудо како се гушкаат и бакнуваат на луксузна јахта во Калифорнија станаа вирални. Иако двојката сè уште не ја потврдила својата врска, ова не е прв пат да бидат видени заедно. […]

Сиљановска не може да направи разлика за какви избори се работи


  На претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ѝ е тешко да направи разлика за какви избори се работи додека тече кампањата. Таа очекува локалните избори да поминат во мирна атмосфера која ќе им овозможи на граѓаните да се определат како што сакаат.  „Јас се обидувам од страна  да ги гледам работите бидејќи сум претседателка на сите граѓани и […]

ДУИ се јави во одбрана на Дехари, го посочи прстот на „службите“


Секогаш кога Албанците во Кичево станувале одлучувачки фактор, се активирале механизмите на подземјето – лабораториите на службите што работат во темнина – со цел да ги поделат и да ги дискредитираат нивните политички претставници, реагира ДУИ по објавените скандалозни аудио снимки поврзани со актуелниот градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари. „Ова сценарио добро го познаваме: кога […]

ДЗСИ: Парична казна за Кузмановски за работа со необновена лекарска лиценца


По наредба од Министерството за здравство Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршил вонреден инспекциски надзор на Клиниката за неврологија во врска со работа на Игор Кузмановски како директор на клиниката и како здравствен работник. Притоа, констатирано е дека откако бил именуван на функцијата директор нема податоци дека давал здравстени услуги, но оти  15.03.2025 година до […]

Мисајловски: Ја поддржуваме Украина, но мора да се грижиме и за нашата Армија


Ние како држава сме подготвени да продолжиме со поддршката за Украина, но не може само постојано да се дава, без даденото да биде заменето, бидејќи најважна од се е нашата татковина, порача од Брисел министерот за одбрана Владо Мисајловски во изјава за МИА. – Во минатото како држава сме дали многу пакети, но јас многу […]

СДСМ објави: Трудов инспектор од Кратово агитирал од „врата до врата“ за ВМРО-ДПМНЕ


 СДСМ остро реагира на најновиот, како што оценуваат, скандалозен пример на судир на интереси и злоупотреба на изборниот процес во Општина Кратово, во режија на ВМРО-ДПМНЕ. -Димитар Митевски, трудов инспектор, во исто време е и заменик член на Општинската изборна комисија во Кратово, што само по себе е конфликт на интереси и кршење на изборните […]

Гостивар доби хируршка сала за ортопедија и трауматологија


Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Општата болница во Гостивар, каде се реализирани повеќе значајни инвестиции за унапредување на условите за пациентите. – Извршено е рановирање на Ургентниот центар, инвестиција во вредност од 4 милиони денари. Првпат Гостивар добива хируршка сала за ортопедија и трауматологија и оваа новина е многу значајна за жителите […]

Во Струга ја уриваат куќата на Владо Малески, авторот на македонската химна


  Општинската организација на СДСМ во Струга објави како се урива едно од најголемите културни наследства на градот, спомен куќата на писателот Владо Малески, најпознат како автор на македонската химна. Од ОО СДСМ Струга ги повикуваат сите надлежни институции во најкраток можен рок да го истражат случајот и да ги изведат пред лицето на правдата сите оние кои денес […]

Нема веќе „драг Александар“: Студен настап на Фон дер Лајен во Белград


  Денешната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Белград е многу различна од претходните, според Душко Лопандиќ, потпретседател на Форумот за меѓународни односи и потпретседател на Центарот „Србија“. Тој забележува дека главната порака на претседателот на Европската комисија до Вучиќ е дека нема повеќе отстапки, нема повеќе да се верува […]

Кремљ: Трамп не му го честиташе роденденот на Путин


Американскиот претседател Доналд Трамп не му испрати никаква честитка за роденден на својот руски колега Владимир Путин на неговиот роденден на 7 октомври, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Не, не го стори тоа“, изјави функционер на Кремљ, одговарајќи на прашањето дали честитката од Трамп е примена преку кој било канал. Путин, кој го прослави […]

Германија ќе ги охрабрува луѓето да работат по пензионирањето, примањата до 2.000 евра ќе бидат без данок


Германската влада се согласи со нацрт-закон за охрабрување на луѓето да работат по пензионирањето, дозволувајќи им на оние кои ќе одлучат да го сторат тоа да заработуваат до 2.000 евра месечно без данок, бидејќи најголемата економија во Европа се обидува да се бори против недостигот на работна сила. Промената треба да стапи на сила на […]

Во Штип од 23 до 25 октомври 40. јубилејно издание на „Макфест“


Во Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип од 23 до 25 октомври ќе се одржи 40.јубилејно издание на фестивалот на забавна музика „Макфест“. Александар Арсовски продуцент на Фестивалот „Макфест“ од Општина Штип вели дека  подоготовките веќе се во тек, се одржуваат проби, со што се очекува наредната недела Штип да пулсира во ритамот на музиката. Новитет […]

Националната федерација на фармери го одбележа Меѓународниот ден на руралните жени


Националната федерација на фармери денеска го одбележа 15 октомври – Меѓународниот ден на руралните жени под слоганот „Признание за невидливите потпори во развојот на земјоделството и руралните заедници“. На собирот во Дојран присуствуваа земјоделки од целата држава, а настанот го поздрави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Тој ја потенцираше улогата на руралната […]

Започна изградбата на оградата околу депонијата „Дрисла“


  Депонијата „Дрисла“ почна да се оградува, односно да се дооградува, затоа што само мал дел од неа е оставен незаштитен, додека на другиот дел одамна има ограда.  Ова беше причина денеска таму да појдат првиот-заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и Орце Ѓорѓиевски кој е […]