Грција го воведе најдолгиот работен ден во Европа. Граѓаните бесни


Грчкиот парламент усвои закон со кој им се дозволува на работодавците од приватниот сектор да го продолжат работното време, и покрај протестите на работниците кои веќе се борат да се справат со високите трошоци за живот. Нацрт-законот, кој им овозможува на работодавците да воведат работен ден од 13 часа, во споредба со сегашните осум часа, […]

16 октомври во историјата – Почна Долгиот марш на кинеските комунисти


  На 16 октомври 1934 година, кинеските комунисти ги пробиваат националистичките непријателски линии во граѓанската војна и започнуваат епскиот бег од нивниот опкружен штаб во југозападна Кина. Познато како Чанг Ченг – „Долгиот марш“ – повлекувањето траеше 368 дена и помина околу 10.000 километри. Граѓанската војна во Кина меѓу националистите и комунистите избувна во 1927 […]

Премиера на „Мало невино убиство“ во велешкиот театар


На големата сцена на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ вечер во 20 часот премиерно ќе биде  изведена црната комедија „Мало невино убиство“ од францускиот автор Жан – Пјер Мартинез, во режија на Деан Дамјановски.  Во претставата играат Васил Зафирчев во улога на Алан, Кети Борисовска во улога на Ева и Талија Настова како […]

Зошто работниците се свртуваат кон десницата?


На Западот му се заканува сениште – сеништето на работничката класа која остана без политички претставник. Заведени од песната на сирените на „третиот пат“ – Бил Клинтон, Тони Блер и Герхард Шредер – силите на левиот центар со децении се откажуваат од јазикот на класната борба. Во нивната желба да се прикажат како сигурни, ефикасни […]

Прилепчани конечно ќе може да се родат во Прилеп – сега уште да се вработат 124 потребни медицински лица


Министерот за здравство Азир Алиу, заедно со заменик министерот Јовица Андовски, денеска ја посетија Општата болница во Прилеп по повод промоција на нова медицинска опрема, во вредност над 50 милиони денари.   -Со новата медицинска опрема се зајакнуваат капацитетите на оваа јавна здравствена установа. Поголем дел од опремата е наменет за Одделението за гинекологија и […]

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Фондот на ПИО, Сојузот на здруженија на пензионери, Промедика Офталмологија и Систина Офталмологија


Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување (ПИО) Никола Мемов, претседателката на Сојузот на пензионерите Станка Трајкова и претставници од „Промедика Офталмологија“ и „Систина Офталмологија“, потпишаа Меморандум за соработка, со цел воспоставување партнерство кое ќе обезбеди поволности за корисниците на пензија. Со Меморандумот се уредува начинот на кој пензионерите ќе можат да ги користат […]

АХВ се вклучи во одбележувањето на Светскиот ден на храната: Граѓаните во Македонија јадат безбедна храна


Граѓаните во државава јадат безбедна храна, порачува Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) која и оваа година ја поддржа кампањата на ФАО за одбележување на Светскиот ден на храната, 16 Октомври. Според АХВ, храната постојано е под надзор, минува низ редовни и вонредни контроли и низ многубројни мониторинг програми. -АХВ како институција е дел од […]

„Политико“: Трамп бесен по средбата со Путин во Алјаска


  Со фалење на Доналд Трамп и надеж дека ќе се ослободи од него со редица прашања што не се поврзани со завршувањето на војната во Украина, Владимир Путин се чини дека претерал. Сè уште сметајќи дека ќе постави стотици илјади свои војници на бојното поле додека Западот не се замори од поддршката на Киев, […]

Воена вежба „Junction City 2025“ на армискиот полигон Криволак


На најголемиот и најсовремен армиски полигон во регионот, АП Криволак, во тек е реализацијата на меѓународната воена вежба „Junction City 2025“, која се одржува од 6 до 28 октомври. Вежбата е организирана од страна на 173-та воздухопловна бригада на Армијата на САД, со поддршка од Армијата на Република Северна Македонија. Во рамки на вежбата, како […]

Хелсиншки комитет: На децата не им е место во политиката


Хелсиншки комитет за човекови права најостро реагира на сѐ почестите случаи на злоупотреба на деца и малолетници во политички активности во пресрет на претстојните локални избори. Иако официјалната изборна кампања завршува за неколку дена, на социјалните мрежи може да се забележат бројни фотографии и видеа каде децата се злоупотребени за политички цели од страна на […]

Поради дефицитот на гориво во Русија почнаа да го разредуваат бензинот


  Поради недостиг на гориво, разреден бензин почна да се појавува на руските бензински пумпи, изјави за руското издание „НСН“ Јуриј Валко, претседател на Рускиот сојуз на автосервиси. Според него, ваквите манипулации со бензинот можат да доведат до оштетување на возилата, за што сопствениците на кинескиот бренд Geely веќе се пожалија. „Руските производители на бензин […]

Министерството за култура се брани, дозволата за градба до куќата на Малески била од времето на СДСМ


Министерството за култура и туризам во реакција до медиумките соопшти дека „најостро ги отфрла неточните и тенденциозни обвинувања изнесени во денешното соопштение на СДСМ во врска со оштетувањето на заштитениот објект – куќата на Владо Малески во Струга“. Во реакцијата наведува дека „овие обвинувања од СДСМ претставуваат исклучиво политичка злоупотреба на една чувствителна тема за […]

Николоски: Струмица ќе добие специјален финансиски пакет ако биде избран кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ


  Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денес изјави дека по изборот на  кандидатот за  градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори, Петар Јанков, општина Струмица ќе добие специјален финансиски пакет, надвор од она што Владата го префрла во повиците за поддршка на локалните самоуправи. Тој не кажа дали овој финансиски пакет ќе важи ако кандидатот на […]

ММФ: Глобалниот долг би можел да надмине 123 отсто од светскиот БДП до крајот на деценијата


Светскиот јавен долг би можел да надмине 100% од глобалниот бруто домашен производ (БДП) до крајот на оваа деценија, што би било највисоко ниво на задолженост од 1948 година, по Втората светска војна, според најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Според Фискалниот монитор на ММФ, зголемените трошоци за сервисирање на долгот сè повеќе ги […]

„Нестле“ ќе укине 16.000 работни места


Швајцарскиот прехранбен гигант Нестле во понеделник соопшти дека ќе отпушти околу 16.000 работни места во следните две години за да ги намали трошоците, пренесе Хина. Компанијата ќе отпушти околу 12.000 административни работни места во сите оддели и региони во кои работи и уште 4.000 по спроведувањето мерки за зголемување на продуктивноста во производството и синџирите […]

Монографијата за Кире Костов ја собра музичката елита во Скопје


Монографијата „Летај низ солзи мои, галебе мој тажен“ за легендарниот композитор, диригент  и хитмејкер Кире Костов (1949-2023), насловена по неговиот голем хит кој го испеа Верица Ристевска, синоќа во „Дајмонд мол“ ја собра музичката елита од сите генерации и по некој лик од претходните влади на ВМРО-ДПМНЕ. Книжарницата на „Литература.мк“ беше претесна да ги прими […]

Уште два американски ловци Ф-16 пристигаат во Бугарија


Софија – Командантот на бугарските воздухопловни сили, генерал-мајор Николај Русев, денес изјави дека уште два американски ловци Ф-16 ќе пристигнат во Бугарија. „Моментално имаме четири авиони, а во наредните денови очекуваме пристигнување на петтиот и шестиот авион“, рече Русев, според бугарскиот портал Новините. Тој рече дека Бугарија нема доволно обучени пилоти за шест американски ловци […]

Најинтересните видео моменти од кампањата


  Атмосферата во кампањата и кои беа главните пораки на партиите најдобро ги одразуваат спотовите и видеата што се вртеа деновиве. Од нив се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ се обраќа само на своите, дека СДСМ има многу материјал да напаѓа, Левица сее отров преку хумор, ЗНАМ живее во свој филм, а градоначалникот на Аеродром изминатите две […]

Пиперките со пестициди не се вратени од Хрватска, министерот Трипуновски чека службите да проверат дали биле македонски


Црвените пиперки извезени во Хрватска кај кои беше утврдено присуство на пестицидот метомил не се вратени во Македонија, а дали се македонски оставам да проверат службите, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Трипуновски е дециден дека нашите фитосанитарни служби заедно со Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), прават контроли во текот […]

Студија: Во Србија, секој петти млад човек страда од барем едно психичко нарушување


Еден од пет тинејџери во Србија има ментални проблеми, 27 проценти од нив доживеале семејно насилство додека 4,5 проценти се обиделе да се самоубијат. Тоа се цифри од новата студија на Институтот за ментално здравје, Медицинскиот и Филозофскиот факултет во Белград. Како што објави Време во најновиот број – тие поминаа речиси незабележано иако се […]