Штип, Кратово, Крива Паланка, Валандово меѓу 21 општина каде изборите би можеле да завршат уште в недела


Штип, Кратово, Крива Паланка, Валандово, Делчево се меѓу 21 општина со по двајца кандидати за градоначалник и најверојатно таму граѓаните прв човек на локалната самоуправа ќе добијат уште следната недела. Локалните избори за 80 општини и Градот Скопје се закажани за в недела на 19 октомври. По двајца кандидати за градоначалници има во Богданци каде […]

Цените на златото достигнаа нов рекорд од 4.230 долари за унца


Цените на златото се искачија на нов рекорден максимум од 4.230 долари за унца, првенствено затоа што трговците бараат побезбедни средства, како и поради најавите за понатамошно намалување на каматните стапки во Соединетите Американски Држави, објави „Трејдинг економикс“. Неодамнешните изјави на претседателот на Федералните резерви (ФЕД), Џером Пауел, кои ги истакнаа знаците на слабеење на […]

Кристалина Георгиева: Светската економија поминува низ трансформација, нерамнотежите треба да се намалат


Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, денес истакна дека глобалната економија поминува низ длабока трансформација и постои голема неизвесност, што ги зголеми ризиците кога станува збор за перспективите за економски раст. Во својот говор на годишниот состанок на ММФ и Светската банка, кога станува збор за решавање на споменатите ризици, таа истакна дека, […]

Во Турција откриено второто најголемо наоѓалиште на ретки земни метали?


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го објави откривањето на огромно наоѓалиште на ретки земни метали во полето Бејликов во Ескишехир, опишувајќи го како втора најголема резерва во светот, со околу 694 милиони тони минерални ресурси. Но, можеби претерува. Кина доминира на глобалниот пазар на ретки земни метали, снабдувајќи приближно 80% од светскиот увоз на ретки […]

Белград на вода под блокада: Млад човек пронајден во вирче крв, осомничениот уапсен со две пушки


Откако телото на млад човек (35) беше пронајдено во вирче крв на детско игралиште во Белград, полицијата уапси едно лице (21). Според Telegraf.rs, уапсениот е осомничен за убиство, а во моментот на апсењето имал две пушки со себе. Осомничениот бил пресретнат кратко по злосторството од полицајци во цивил кои го собориле на земја и го […]

Мета ја исклучува десктоп апликацијата „месинџер“


Мета ја исклучува својата апликација Messenger за macOS и Windows и ги пренасочува корисниците кон мрежата. Мета потврди за Engadget дека апликацијата ќе биде целосно исклучена на 15 декември, по што најлесните начини за пристап до разговорите на Messenger кога не се користи мобилен телефон ќе бидат апликацијата Facebook на Windows или веб-страниците на Facebook […]

Синот на основачот на „Манго“ под истрага за можна вмешаност во неговата смрт


Барселона – Судските власти во Шпанија денес ја отворија истрагата во врска со смртта на основачот на модната компанија „Манго“ Исак Андик, во која е вклучен и неговиот син поради можна вмешаност. Истрагата беше повторно отворена поради сомневање дека смртта на Андик можеби не била несреќа, како што првично се веруваше, туку евентуално убиство. Како […]

Трамп најави нова средба со Путин во Будимпешта откако денеска ќе се сретне со Зеленски во Белата куќа


Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта, откако денеска ќе го прими украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, јавува Асошиејтед прес. „Верувам дека денешниот телефонски разговор со Путин донесе значаен напредок“, напиша Трамп на социјалните мрежи непосредно по разговорот. Средбата со Путин треба да се одржи […]

Мерц најави германски Акциски план против руските хибридни напади


Берлин– Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, за следните неколку дена најави конститутивна седница на Советот за национална безбедност, на чиј дневен ред ќе биде Акциски план за одбрана од хибридни напади. Во канцеларовото соопштение до Бундестагот, Мерц ја обвини Русија за обид за дестабилизација на Германија и Европа преку саботажи, шпионажа, убиства, кибернапади и целни дезинформација. […]

Студен туш од Вашингтон: Трамп не сака да ги осиромаши американските залихи од ракетите „Томахавк“


Вашингтон – Доналд Трамп синоќа изјави дека САД не можат да ги „осиромашат“ сопствените резерви од ракети „Томахавк“, кои Украина бара од САД да ги обезбедат за да одговорат на руските напади. „Не можеме да ги осиромашиме (резервите) на нашата земја“, рече американскиот претседател како одговор на новинарско прашање за тие крстосувачки ракети. „Ни требаат, […]

Евзони без електронска регистрација на патници – системот сè уште во тест-фаза


На граничниот премин Евзони вчера владееше редовна состојба без застои, а сите служби работеа непречено. Според неофицијални информации, на овој премин кон Грција во моментов не се врши електронско регистрирање на патниците од трети земји, меѓу кои и македонските државјани што патуваат со сопствени возила. Во првата фаза од примената на новиот европски Систем за влез/излез […]

Без струја дел од населба Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР


Поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на улица „Јосиф Јосифовски-Свештарот“ 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата од оваа улица, дел од населба Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

Љутков ќе ја посети оштетената куќа на Владо Малески во Струга


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ќе престојува во работна посета на Струга и Охрид. Министерот Љутков, како што соопшти неговиот кабинет, во Струга ќе го посети оштетениот објект на споменикот Стара Струшка куќа на ул. „Браќа Миладиновци“ бр. 16 – куќата на Владо Малески која е прогласена за значајно културно наследство. Во […]

Изложба „Континуитет како метафора 1967 – 2012 / 2012 – 2025“ на Васил Василев


 Во Даут пашин амам вечер во 19 часот ќе биде отворена изложба на Васил Василев насловена „Континуитет како метафора 1967 – 2012 / 2012 – 2025“. Викторија Васева Димеска, историчарка на уметност, оценува дека скулпторскиот опус на Васил Василев е континуум на темелни, истрајни и инвентивни истражувања.  Таа посочува дека асоцијативните вертикали, дел од последниот […]

Покренато обвинение против Џон Болтон поради задржување на доверливи документи


Вашингтон – Против поранешниот советник за национална безбедност на Доналд Трамп, Џон Болтон, вчера беше покренато обвинение за задржување и пренесување информации од интерес на  националната одбрана. Британските медиуми наведуваат дека ова е трет пат во последните неколку недели американското Министерство за правда да поднесува кривични пријави против некој од критичарите на републиканскиот претседател. Адвокатот на […]

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови, каде се очекува локално да наврнат и над 25 литри на метар квадратен. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, се наведува во соопштението од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал […]

Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк


 Денеска е последниот ден од изборната кампања пред одржувањето на првиот круг на претстојните локални избори, што треба да се одржи в недела на 19 октомври. Политичките партии, независните кандидати и коалиции уште денеска имаат можност да се претстават себе си и своите визии и програми за локалните избори. Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 17 октомври 2025 година, 290-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 75 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 49 минути, а ќе зајде во 17 часот и 49 минути. Денов трае 11 часа. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во 2 часот и […]

Лошите кредити и политичката неизвесност го однесоа Волстрит во црвено


Глобалните берзи паднаа во вторник, бришејќи ги претходните добивки, предводени од банкарските акции поради растечките загрижености за лошите кредити. Инвеститорите, исто така, се бореа со тековните трговски тензии и тековното затворање на американската влада. Индустрискиот просек Дау Џонс падна за 470 поени, или 1%, откако во еден момент беше во пораст од 170 поени. S&P […]

Словенија воведува задолжителен божиќен бонус за сите вработени, износот е 639 евра


  Словенечката влада го потврди законот со кој се воведува задолжителен божиќен бонус за сите вработени во јавниот и приватниот сектор. Вработените треба да го добијат бонусот најдоцна до 18 декември, а износот ќе биде 639 евра, или половина од бруто минималната плата Според најавата на вицепремиерот Матеј Арчон, божиќниот бонус нема да биде задолжителен […]