Андерсон Купер објаснува како всушност функционира печатот во Пентагон: Она што го кажа Хегсет „е само лага“


Речиси секој медиум одби оваа недела да ги потпише новите барања на министерот за одбрана Пит Хегсет за печатот во Пентагон, наведувајќи ги загриженостите поврзани со Првиот амандман. Па, за време на неговото појавување во „The Late Show“ во среда вечерта, водителот на CNN, Андерсон Купер, објасни зошто и објасни како всушност функционира печатот во […]

Милиони Американци се очекуваат на протестите против Трамп низ САД


Вашингтон – Протести на повеќе од 2.600 локации наречени „Без кралеви“ (No kings) се закажани да се одржат денеска низ сите 50 американски држави, масовна мобилизација против политиките на претседателот Доналд Трамп за имиграција, образование и безбедност, за кои организаторите велат дека ја туркаат земјата кон автократија. Вториот ваков протест од ваков обем, во градовите, предградијата […]

Мекензи Скот донираше 19 милијарди долари. Сега е побогата по разводот од Безос


Откако доби 400 милиони акции на Амазон по разводот во 2019 година од основачот на компанијата, Џеф Безос, милијардерката филантропка Мекензи Скот сега го намали својот удел во технолошкиот гигант вреден 2 трилиони долари за речиси половина. Регулаторното поднесување до Комисијата за хартии од вредност (SEC), поднесено во вторник и со датум 30 септември, покажува […]

Уапсен жител на Ваташа, уништувал плакати среде ноќ


Жител на кавадаречкото село Ваташа бил приведен рано наутро поради уништување плакати на политичка партија на кавадаречко подрачје, соопштија попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес. -Денеска во 2:45 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го приведоа 33-годишниот А.Ѓ. од село Ваташа, кавадаречко, затоа што, заедно со други лица, уништувал плакати на политичка […]

Кавадарчанец лишен од слобода, со 3,32 промили алкохол во крвта управувал возило и учествувал во сообраќајка


Кавадарчанец бил лишен од слобода, со 3,32 промили алкохол во крвта управувал возило и учествувал во сообраќајка, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.   – Синоќа  во 19:20 часот во село Пепелиште, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино, го лишија од слобода С.Ф.(43) од Кавадарци. При преземање на мерки во врска со сообраќајна […]

„Народен пратеник“ на МНТ со овации во Брчко


Македонскиот народен театар, синоќа, со претставата „Народен пратеник“ настапи на 42. Интернационални театарски средби „Брчко Дистрикт“ во Босна и Херцеговина. -Салата беше исполнета до последното место – повеќе од 400 гледачи уживаа во изведбата со очигледно воодушевување, наградувајќи ја тимската актерска игра со неколкуминутен стоечки аплауз и овации, кои создадоа силна емотивна врска меѓу сцената […]

До вторник стабилно време, во среда локален дожд, од четврток температурите во пораст


Следува период на стабилно време, освен во среда, кога ќе има локални врнежи од дожд. Дневната температура од четврток ќе биде во пораст, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура […]

Изградбата на Универзална мрдна од место – избран изведувач


Министерството за култура и туризам информира дека е завршена постапката за избор на изведувач за реализација на проектот за реконструкција на објектот на Универзална сала во Скопје. Денес е донесена Одлука за избор на најповолен понудувач по јавната набавка за „Изведба на градежни и градежно-занаетчиски работи и ентериер на објект Универзална сала во Скопје – […]

Политичка драма во Вашингтон: Трамп го помилува осудениот конгресмен Сантос


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп го помилува поранешниот конгресмен Џорџ Сантос, кој отслужуваше седумгодишна затворска казна за измама и кражба на идентитет, наредувајќи го неговото итно ослободување. Во објава на социјалните мрежи, Трамп напиша дека Сантос бил „ужасно малтретиран“. „Затоа штотуку потпишав помилување со кое Џорџ Сантос веднаш се ослободува од затвор. Среќно, Џорџ, […]

Нобеловецот Чен Нинг Јанг, кинеско-американски физичар, почина на 103 години


ЧЕН Нинг Јанг, еден од најпознатите физичари во светот и добитник на Нобелова награда, почина денес од болест во Пекинг на 103-годишна возраст, објави државната новинска агенција Ксинхуа. Роден во источниот кинески град Хефеј во покраината Анхуи во 1922 година, Јанг беше кинеско-американски физичар кој работеше на статистичка механика и принципи на симетрија во физиката […]

Дали ова е рутата на Путин до Будимпешта?


  Унгарскиот премиер Виктор Орбан со ентузијазам ја поздрави најавата дека Доналд Трамп и Владимир Путин ќе се сретнат во Будимпешта за да разговараат за прекинување на војната во Украина. Во четврток, Орбан изјави на социјалната мрежа X дека планираната средба меѓу американскиот и рускиот претседател е „одлична вест за мирољубивите луѓе во светот“ и […]

ОЈО Струга оформи предмет за уривање на спомен-куќата на Владо Малески


Основното јавно обвинителство Струга оформило предмет во врска со уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, при вршење градежни работи во близина на објектот од страна на лице од Велешта. Јавен обвинител, како што соопшти денеска Основнот јавно обвинителство, на 16 октомври извршил увид на лице место во присуство на вешто лице од градежната струка. – […]

„Фероинвест“ го изгради првиот лиценциран батериски систем во Македонија


„Фероинвест“ ја изведе првата батерија во Македонија, која, согласно новите законски одредби, има градежна дозвола, согласност за приклучок на мрежа и лиценца за складирање електрична енергија. Батерискиот систем е поставен на фотонапонската електрана во Гиновце, во близина на Крива Паланка, која е во делумна сопственост на сестринската компанија ЦЕНТРАЛИНВЕСТ, заедно со неколку деловни партнери. Електраната има […]

Еве кој ќе управува со имотот на Лиам Пејн


Имотот на Лиам Пејн доби управители. Шерил, мајката на осумгодишниот син на покојната ѕвезда на „One Direction“, Бер, ќе управува со неговиот имот. Таа ќе работи заедно со адвокатот Ричард Марк Бреј откако Пејн почина без тестамент, според судските документи добиени од списанието „People“. Во извештајот се вели дека имотот на Пејн во Велика Британија, […]

Бил Гејтс: Моите деца ќе наследат 1% од богатството, сакам тие сами да го изградат својот успех


И покрај тоа што е еден од најбогатите луѓе во светот, Бил Гејтс нема намера да го пренесе своето богатство на своите деца. Милијардерот има три деца со својата поранешна сопруга Мелинда, Џенифер Катарин Гејтс (29), Рори Џон Гејтс (25) и Фиби Адел Гејтс (22). Неодамна се појави во подкастот „Figuring Out With Raj Shamani“, […]

Осми локални избори, ќе се избираат градоначалници и советници во 80 општини и Скопје


Локалните избори на 19 октомври 2025 година ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. Право на глас имаат 1 832 415 граѓани запишани во Избирачкиот список. На Локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници, што е зголемување […]

Курт: Десет нови дестинации во зимската сезона, се преговара за директни авиолинии со Данска, Финска и Блискиот Исток


Нашиот тим за развој на мрежата на рути преговара со авиокомпании за воспоставување директни воздушни врски со Данска, Финска и Блискиот Исток. Од постојните пазари во наредниот период, ќе се фокусираме на поголема поврзаност со Шпанија и Обединетото Кралство, вели во интервју за МИА Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија. Курт најавува дека двата […]

Кој ќе биде сега војводата од Јорк?


Кој ќе биде сега војводата од Јорк, откако принцот Ендру се откажа од своите титули? Што е следно со титулата Војвода? Историчарите и новинарите кои го следат кралското семејство објаснуваат дека титулата нема веднаш да му биде доделена на некој друг, а нејзината судбина зависи од строгите правила за наследување. „Можно е некому во иднина […]

ЕК: Путин може да патува во Будимпешта и покрај санкциите и налогот за апсење


Брисел – Европската комисија изјави дека секоја можна средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин би била добредојдена доколку таа би придонела за постигнување „праведен и траен мир“ во Украина, објави Анадолија. Зборувајќи на прес-конференција, портпаролот на Европската комисија, Олоф Гил, рече дека „претседателката (Урсула) фон дер Лајен го поздравува секој чекор […]

Синот осомничен за убиството на таткото. Кои се децата на основачот на Манго?


Џонатан Андик, син на Исак Андик, основачот на Манго, стана осомничен во истрагата за смртта на неговиот татко. По смртта на Исак во планинска несреќа минатиот декември, неговите три деца со неговата поранешна сопруга Нојс Раиг Тараго, официјално го презедоа бизнис наследството на својот татко.  Во последните години, според шпанските медиуми, бил во врска со […]