(Видео) Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“


Италијанскиот тенисер Јаник Синер доби рекет направен од чисто злато по освојувањето на егзибицискиот турнир „Сикс Кингс Слем“. Наградата на турнирот во Ријад, Саудиска Арабија, тежеше приближно 3 кг. Рекетот е вреден 250.000 евра. Трофејот му го врачи Турки Ал-Шеик, советник на Кралската канцеларија на Саудиска Арабија.  Во 2024 година, слична награда му беше доделена […]

Во Прилеп лишени од слобода две лица поради „поткуп при избори и гласање“


Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава. МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир, изјави на прес-конференција портпаролот на МВР, Гоце Андреевски. […]

Матео Мекачи шеф на набљудувачката мисија на ОДИХР: Не е битен само изборниот ден, туку и предизборните процеси, како и тие по изборите


Шефот на Мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР за локалните избори во земјава Матео Мекачи денеска изјави дека набљудувачите ги следат сите аспекти поврзани со изборите и истакна дека не е битен само денот на изборите, туку и предизборните процеси, како и процесите по самиот ден на изборите. Мекачи кој денеска беше на избирачкото […]

Деветмина, меѓу кои и три жени, искршиле сè во куќа на кавадарчанец – домаќините претепани


Деветмина влегле во куќа на кавадарчанец, искршиле сè, па ги нападнале домаќините. Меѓу напаѓачите три се жени. На 18/19.10.2025, во периодот од 22:05 до 01:25 часот во ОВР Кавадарци е извршен службен разговор со О.Ј.(45), 44-годишната Н.Ј., 41-годишната У.Ј., 35-годишната Е.Ј,. А.Ј.(23), К.Ј.(25), Ш.Ј.(40) и С.С.(28), сите од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека ја […]

Уапсен криминалец на граничниот премин „Блато“, бил баран со меѓународна потерница


Триесет и тригодишниот И.Л., државјанин на Република Албанија, кој се барал со меѓународна потерница, вчера попладне бил уапсен на граничниот премин „Блато“ на македонско-албанската граница, соопшти Секторот за внатрешни работи Охрид. „На 18.10.2025 во 15:00 часот на граничниот премин ‘Блато’, при влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода И.Л. (33) од Албанија, бидејќи […]

Гвардиола: Не можеме до успех само со Халанд


Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола се осврна на  вчерашната победа од 2:0 дома над Евертон во 8. коло од Премиер лигата.  Двата гола ги постигна норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд. – Тој можеше да постигне четири или пет гола на крајот. Халанд е наш клучен играч. Во исто време, не можеме до успех само со […]

Шест лица го загубија животот во тропска бура на Филипините, над 22 илјади се евакуирани


Тропската бура Феншен денеска ги погоди северните и централните делови на Филипините при што животот го загубија шест лица, а повеќе од 22.000 луѓе беа принудени да се евакуираат од селата погодени од поплави и лизгање на земјиштето. Тропската бура го помина заливот Манила со налети на ветер до 90 километри на час. Едно локално […]

Излезеност од 9,38 проценти на изборите до 11,15 часот


 Излезеноста на локалните избори до 11,15 часот е 9,38 проценти, објави Државната изборна комисија (ДИК) До 11,15 часот пристигнати се податоци од 3.139 избирачки места на кои од вкупно запишани 1.645.583, гласале 154.275 граѓани, односно  9,38 проценти, рече на прес-конференција портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска. Како што посочи, до ДИК досега нема информации од […]

(Видео) Откриено што однесоа крадците од Лувр: На мета колекцијата на Наполеон


Според францускиот весник „Ле Паризиен“, неколку лица успеале да украдат накит од музејот Лувр во Париз, утрово. Според првичните наоди од истрагата, крадци со качулки го искористиле пристапот до зградата на брегот на Сена, каде што се во тек градежни работи. Тие користеле товарен лифт за да стигнат директно до една соба во галеријата „Аполон“. […]

Плаг-ин хибридите загадуваат речиси исто колку и бензинците, покажува студија


Анализата на 800.000 европски автомобили покажа дека хибридите со приклучоци (плаг-ин) загадуваат речиси пет пати повеќе отколку што покажаа лабораториските тестови. Хибридите со приклучоци, кои можат да бидат напојувани и од електрични и од мотори со внатрешно согорување, се продаваат како алтернатива на двата начина на погон – тие можат да патуваат на подолги растојанија […]

МВР: 20 пријави за прекршување на изборниот молк, најмногу во Скопје и Куманово


Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на изборниот молк, од 18 октомври до утрово во 7 часот, биле регистрирани 20 пријави за нарушување на изборниот молк низ земјата. Најмногу случаи се евидентирани на подрачјето на СВР Скопје – шест, по што следат четири пријави во Куманово, три во Велес, по две во Охрид, […]

Грабеж во Лувр, најпознатиот музеј во светот е затворен


Француската министерка за култура Рашида Дати штотуку потврди дека имало грабеж во музејот Лувр во Париз – еден од најпознатите музеи во светот. Таа на социјалните мрежи објави: – Нема повредени. Јас сум на местото на настанот заедно со музејските екипи и полицијата. Истрагата е во тек – рече таа. Инцидентот се случил наутро, на […]

Уште една сообраќајка со автобус во Србија – има загинати


Тешка сообраќајна несреќа во селото Бресница кај Чачак се случи рано утрово кога жител на блиското село Д.Ц. од непознати причини ја изгубил контролата врз патничкото возило што го управувал и удрил во автобусот. Тој почина на лице место, а неколку патници беа повредени. „Сликите од местото на настанот се навистина морничави. Судирот беше толку […]

Тајната на ЦИА стара 35 години случајно откриена во архива: Решена е мистеријата на скулптурата „Криптос“


  Една од најтрајните загатки на современата уметност – тајниот код скриен во скулптурата „Криптос“ пред седиштето на ЦИА во Вирџинија – можеби е решен, и тоа сосема случајно. Решението за последниот и најсложениот дел од енигмата, познат како К4, не е пронајдено во тајни лаборатории или со помош на суперкомпјутери, туку во архивите на […]

Гласовите за листата со починато лице во Скопје ќе бидат поништени – Управниот суд ја одби тужбата против ДИК


Политичка партија поднесе тужба против одлуката на Државната изборна комисија, која ја поништи нивната листа за Совет на Град Скопје поради тоа што на неа се најде починато лице. Управниот суд денес ја одби тужбата, со што одлуката на ДИК останува во сила. „Сите евентуални гласови за Совет на Град Скопје кои ќе бидат дадени […]

Милиони низ цела Америка маршираа на протестите „Без кралеви“ против Трамп


  Американците низ сите 50 држави маршираа на протести против администрацијата на Трамп во саботата, обединувајќи се зад пораката дека земјата се лизга кон авторитаризам и дека не треба да има кралеви во САД. Милиони луѓе излегоа на протестите „Без кралеви“, втората итерација на коалицијата што маршираше во јуни во еден од најголемите денови на […]

Република Српска има привремена претседателка – беше советничка на Додик


Вчера, Собранието на Република Српска ја назначи Ана Тришиќ Бабиќ, блиска соработничка на Милорад Додик, кој остана без мандат во август, за привремена претседателка на тој ентитет, но таа тврди дека претседателот е волјата на народот, а за Тришиќ, Бабиќ вели дека нејзина единствена задача е да се справува со „формалностите“. Тришиќ Бабиќ Додикова е советничка […]

Белгија иницира депортација на илегалните авганистански мигранти од ЕУ


Белгија иницира идеја за заеднички план на ниво на ЕУ за доброволно и присилно враќање на Авганистанците кои немаат законско право да престојуваат во Унијата или кои биле процесуирани поради криминални активности.  Како што објавија бриселските медиуми, белгиската идеја веќе добила поддршка од 19 други земји членки на ЕУ, кои испратиле заедничко писмо до Европската […]

Мадуро: Ја завршивме изградбата на сите зони за целосна одбрана на земјата


 Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изјави дека планот за одбрана од „заканите“ од САД е готов по завршувањето на воените вежби во четири држави. САД распоредија седум воени бродови во Карипското Море и еден во Мексиканскиот Залив како дел од операција за која велат дека е насочена кон борба против трговијата со дрога, насочена кон Венецуела […]

Битола може да се грее и од отпадните води на пречистителната станица


  БИТОЛА – Битола е во завршна фаза на изградбата на топловодот и после 13-14 години дел од институции во градот ќе добијат греење. Топловодот зависи од енергијата од РЕК „Битола“. Градот под Пелистер е пред нов и голем предизвик, а тоа е како да се обезбеди континуиран извор на енергија за топлификацијата, бидејќи РЕК […]