Калас: Со давањето територијални отстапки на Русија во Украина ќе се испрати порака дека агресијата се исплати


Мора да се почитува принципот на територијалниот интегритет на Украина, бидејќи ако земјата направи територијални отстапки кон Русија со тоа ќе се испрати порака дека агресијата се исплати и дека едноставно секој можете да употреби сила против своите соседи и да го добие она што го сака, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи […]

Ѓорѓиевски доби поддршка од Меџити и Бакиу за вториот круг во Скопје


Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес оствари средба со новоизбраниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, и со кандидатот за градоначалник на Скопје од Коалицијата „Вреди“, Башким Бакиу. На средбата, Меџити и Бакиу му изразија искрена и силна поддршка на Ѓорѓиевски за претстојниот втор круг од локалните избори во главниот град. „Поддршката што ја […]

Нотингем Форест добива нов менаџер до четврток


Премиерлигашот Нотингем Форест најверојатно ќе има нов менаџер откако досегашниот Ангелос Постекоглу доби „експресен отказ“. Тој по поразот во саботниот натпревар од осмото коло од Премиер лигата на домашен терен (0:3) од Челзи беше „избркан“, а на клупата на Нотингем Форест се задржа смо 39 дена, што е најкус мандат на еден менаџер во Премиер […]

Австралија ја обвини Кина за опасно и непрофесионално однесување


Австралија денеска ја предупреди Кина за опасно воено однесување и ја обвини кинеската армија дека истрелала ракети во близина на австралиски авион, што летал над Јужно Кинеско Море. Австралискиот авион „Посејдон“ вчера ја контролирал областа над Јужно Кинеско Море кога му се приближил кинески авион кој истрелал ракети односно сигнални ракети, во негова непосредна близина, […]

Претседателот на Монголија стави вето на смената на премиерот


Претседателот на Монголија, Ухнаагин Курелсух денеска стави вето на парламентарната резолуција за смена на премиерот Гомбоџав Занданшатар. На 17 октомври Парламентот на Монголија го разреши од функција премиерот Занданшатар, по само четири месеци од именувањето. Занданшатар (55) ја презеде премиерската функција откако Парламентот во јуни го разреши неговиот претходник Лувсанамсраин Ојун-Ердене, поради обвинувања за корупција […]

„Доста со карти“: Трамп ги фрлил настрана мапите за фронтот во Украина на средбата со Зеленски


  За време на разговорите со Володимир Зеленски, Доналд Трамп „речиси дословно“ повторил многу од поентите на Владимир Путин – дури и оние што се спротивставувале на неговите сопствени изјави за слабоста на Русија, изјавиле за „Фајненшел тајмс“ европски извори запознаени со состанокот. Според еден од изворите на ФТ, Трамп му рекол на Зеленски дека […]

Екссопругата на Кевин Костнер се омажи со неговиот пријател и сосед


Само една и пол година по разводот со легендарниот актер Кевин Костнер (70), модната дизајнерка Кристин Баумгартнер (53) му кажа „да“ на својот поранешен сосед и пријател Џош Конор (49), кој ја ја запроси по 18 месеци врска. Свадбата се случила на ранч во близина приватен лозје во Санта Барбара, Калифорнија, недалеку од местото каде […]

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети


Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска ги демантираше изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети. – Претседателот на САД гордо кажува дека ја бомбардирале и уништиле иранската нуклеарна индустрија. Многу добро, продолжете да сонувате!, објави Хамнеи на платформата Икс. Во израелскиот напад врз Иран во јуни се […]

Се интервјуираат кандидатите за судија во Стразбур, Костадиновски не виде конфилкт на интереси


Комисијата за избор на кандидати на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права(ЕСЧП) денеска на состанок почна интервјуирање на селектираните кандидати и дискутираше за претставки за потенцијален судир на интереси упатени до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) и за два приговора пристигнати до Комисијата.   – Претседателот на Комисијата Дарко […]

Лагард: Светот сè уште не ги чувствува последиците од царините на Трамп! Ударот допрва доаѓа


Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, денес изјави дека глобалната економија сè уште не ги почувствувала целосните последици од царините што ги воведе претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, нагласувајќи дека „ударот допрва доаѓа“. Зборувајќи во емисијата „Face the Nation“ на Си-Би-Ес, Лагард рече дека во одреден момент извозниците и увозниците, кои […]

Од воведувањето, еврото изгуби повеќе од 80 отсто од вредноста во однос на златото


Еврото изгуби повеќе од 80 проценти од својата вредност мерена во злато од воведувањето во 1999 година, изјави Бернхард Матес, менаџер на средства во Банката за Кирхе и Каритас еГ, во интервју за германскиот ФАЗ. Според него, ова е последица на мерките преземени од централните банки кои спроведуваат екстремно лабава монетарна политика, па парите вредат […]

Битола се воодушеви, на ред е Скопје: Михаил Корубин со изложба и промоција на книгата „Артокенс“ 


Битола, градот на конзулите, минатиов месец, прв ги виде изложбата „Артокен Генеза“ и новата книга „Артокенс“ на еден од најомилените уметници од помладата генерација Михаил Корубин, од семејството на славни сликари како Миле и Рубенс Корубин, во галеријата „Магаза“ . На изложбата, во инспиративна атмосфера, привлекувајќи голем број посетители, љубители на современата уметност и култура, […]

Ѓорѓиевски: Да засукаме ракави и да работиме


Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, кој наспроти очекувањата, не победи во прв круг, вели дека уште денес ќе продолжи да работи на конечна победа. Вели дека со противникот нема да се занимава оти смета дека го нема. „Уште од денес ќе разговарам со сите кандидати и политички структури кои не влегуваат […]

Во Битола веќе ќе нема „кочничари“, ВМРО-ДПМНЕ ја има целата власт


  БИТОЛА – Во Битола локалните избори завршија во првиот круг. Убедлива победа на Тони Коњановски и ВМРО-ДПМНЕ. После четири години локална власт на Коњановски, битолчани вчера го избраа уште во првиот круг (со освоени 18.813 гласа) и направија разлика од близу 11.000 гласови од второпласираната, независната кандидатка Габриела Илиевска. На овие избори сите ученици […]

Најголемиот воен брод некогаш изграден доаѓа во пристаништето во Сплит. Долг е повеќе од 330 метри


Носачот на авиони на американската морнарица „УСС Џералд Р. Форд“ (CVN 78) утре ќе пристигне во Сплит за закажана посета на пристаништето, објави амбасадата на САД во Хрватска. Ова е втора посета на носачот на авиони на Сплит и Хрватска, по претходната посета во 2023 година. Посетата е планирана како дел од неговото тековно распоредување […]

Со помалку гласови поголема победа: Бројките на триумфот на ВМРО-ДПМНЕ


  ВМРО-ДПМНЕ доби 130.000 гласови помалку отколку на ланските парламентарни избори, а сепак однесе триумфална победа на комуналното гласање во неделата. Причината не е само во тоа што имаше помала излезност за 110.000 од ланските избори (995.000 наспроти 884.000), туку и поради тоа што расположението на гласачите не е толку акламативно кон паартијата како лани. […]

Дизелот се намалува за еден денар, цените на бензините остануваат исти


Од ноќеска на полноќ за по еден денар од литар се намалуваат цените на дизел горивото и маслото за горење, и нивните максимални малопродажни цени ќе изнесуваат 67 денари за еден литар Еуродизел и 66,5 денари за литар Масло за горење. Цените на бензините не се менуваат и остануваат на 74 денари за литар Еуросупер […]

Франција го забрани извозот на говеда


  Франција го забрани извозот на говеда, а црвено светло добија и битките со бикови, во обид да го спречи ширењето на заразната болест на јазлеста кожа. Извозот е забранет од сабота, 18 октомври, до 4 ноември, соопшти Министерството за земјоделство, додавајќи дека испораките треба да започнат на 5 ноември доколку здравствената состојба дозволува. Кон […]

Виенски шарм во Скопје: Започна одбројувањето до премиерата на „Лилјакот“


На 25 октомври во 20 часот, на големата сцена на Националната опера и балет ќе се одржи премиерата на едно од најпопуларните и највесели дела на сите времиња – оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II. Втората изведба на оперетата е закажана за 28 октомври, во 20 часот. Диригент е Бисера Чадловска, режијата е на Љупка […]

Шпанија ќе ѝ предложи на ЕУ трајно да го укине поместувањето на часовникот, тоа веќе не штеди енергија


Шпанската Влада соопшти дека ќе ѝ предложи на Европската Унија трајно да го укине поместувањето на часовникот и преминот на зимско сметање на времето, што треба да се случи наредниот викенд, наведувајќи дека тоа е „застарена пракса“, пренесуваат денеска шпанските медиуми. Како што се наведува, оваа промена веќе не придонесува за заштеда на енергија, а […]