Студено со врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни. На планините врнежите од дожд ќе преминат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени […]

Трамп бара од 10 универзитети да потпишат договор ако сакаат федерални пари


  Администрацијата на претседателот Доналд Трамп побара од американските универзитети да потпишат договор што содржи услови за добивање преференцијален пристап до федералните средства, објави вчера „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на меморандум од 10 точки. Документот ги повикува универзитетите да забранат афирмативна акција врз основа на раса или пол при вработување или запишување студенти, да ја […]

Проекција на дигитално реставрираниот филм „Македонска крвава свадба“ во Кинотека


Специјална проекција на дигитално реставрираниот филм „Македонска крвава свадба“, снимен во 1967 година во режија на Трајче Попов, ќе се одржи вечер од 20 часот во Кинотеката на Македонија во рамки на проектот „Сезона на филмски класици“. -Проекцијата на овој класик е посебно значајна, бидејќи на домашната публика ѝ овозможува повторно да го доживее филмот […]

Кошта: Мораме заеднички да се соочиме со заканите и да изградиме „Европа на одбраната“


Копенхаген – Европската Унија е посветена на заедничко соочување со заканите, без разлика дали се конвенционални, хибридни или кибер, со јасна цел да се изгради „Европа на одбраната“, изјави доцна синоќа претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта по завршувањето на неформалниот Самит на ЕУ во Копенхаген.   – Европските граѓани се оправдано загрижени за се […]

Астрономски календар


 Денеска е четврток, 2 октомври 2025 година, 275-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 90 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 32 минути, а ќе зајде во 18 часот и 14 минути. Денов трае 11 часа и 41 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее во […]

Израелската војска ја опколи флотилата за помош на Газа и прогласи вонредна состојба


Израелски воени бродови се приближија до флотилата за помош што се упатува кон Газа, а на бродовите е прогласена вонредна состојба. Речиси 50 бродови учествуваат во флотилата „Глобал Сумуд“, а меѓу 500-те луѓе на бродот се климатската активистка Грета Тунберг, поранешната градоначалничка на Барселона и внукот на Нелсон Мандела, Нкоси Зееливелиле, како и членови на […]

Филипче: Минималната плата во Албанија ќе биде 520 евра, за Мицкоски и 400 евра биле многу


Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“,  во Македонски Брод,  нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ нема ниту една политика, ниту проект за развој на економијата, што е доказ за нивната безидејност и незаинтересираност. „Трет ден е од почетокот на кампањата, јас полоша кампања на ВМРО-ДПМНЕ не сум видел. Но јасно […]

Администрацијата на Трамп запре 18 милијарди долари за проекти за метрото во Њујорк


Вашингтон – Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, го прекина издвојувањето на 18 милијарди долари наменети за изградба на железнички тунел под реката Хадсон и проширувањето на метро линијата „Секонд Авени“ во Њујорк, поради прекин на финансирањето на сојузните институции. Соединетите Американски Држави влегоа во период на неизвесност откако Трамп и Конгресот не постигнаа договор […]

Америка не сметаше на ова: Брилијантните таленти заминуваат кај најголемиот конкурент – Кина


Нуклеарен физичар од Принстон, машински инженер кој ѝ помогна на НАСА да го истражува вселенското производство, невробиолог од американските Национални институти за здравство, познати математичари и други експерти за вештачка интелигенција… Листата на истражувачки таленти кои ги напуштаат САД за да работат во Кина е долга и растечка. Најмалку 85 млади и етаблирани научници од […]

Утре сообраќаен хаос во Скопје – Аеродромци протестираат од 15 до 18 часот


Утре, граѓани на Аеродром ќе протестираат против Вардариште со променета саатница. Односно, како што велат од иницијативата „Стоп за Вардариште“, поради игнорантскиот однос од инситуциите, протестите се интензивираат! Речиси еден месец дел од жителите на Аеродром, Ново Лисиче, а понекогаш поддржани од жители од Маџари, ја блокираат крстосницата кај мостот „Киро Глигоров“, меѓу двете општини […]

Српските студенти во блокада повикаа на голем собир на 1 ноември во Нови Сад


Белград, 1 октомври 2025 (МИА) – Српските студенти во блокада ги повикаа граѓаните во државата да бидат на собир во Нови Сад на 1 ноември, на годишнина од падот на бетонската настрешница на железничката станица во тој град. „Следниот месец се навршува една година од падот на бетонската настрешница. Ние, студентите, ве повикуваме да одржите помен […]

„Спејс икс“ планира да ја лансира мегаракетата „старшип“ на 13 октомври


Мегаракетата Starship на SpaceX ќе полета повторно за помалку од две недели, секако, ако сè оди според планот. SpaceX официјално потврди дека го закажал 13 октомври за летот 11 на Starship, што ќе биде последното лансирање на тековната верзија 2 од оваа масивна ракета. Лансирањето ќе се случи од Starbase на SpaceX во Јужен Тексас. […]

За протеини што е подобро: урда или јајце?


Кога бараме совршен појадок или оброк богат со протеини, често избираме помеѓу јајца и урда. Двете намирници се познати по својата хранлива вредност, но прашањето е, која нуди повеќе протеини и подобро одговара на нашите нутритивни цели? Ако споредиме 100 грама варени јајца и 100 грама урда со 2% млечна маст, разликите се многу јасни. […]

Орбан ставил „вето“ на укинувањето на ветото


Претседателот на Советот, Антонио Коста, ја претстави својата идеја за гласање со квалификувано мнозинство за проширувањето пред лидерите на ЕУ – но таа брзо беше отфрлена од унгарскиот премиер Виктор Орбан. Португалскиот политичар предложи промена на правилата на ЕУ, така што формалните преговори за пристапување би можеле да започнат со поддршка од квалификувано мнозинство од […]

Мицкоски се заканува на судиите: По изборите ќе бидете сменети и ќе одговарате!


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Демир Капија ги анализираше постапките на претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче. „Морам да прокоментирам една изјава на претседателот на СДСМ. Тој кажа дека немам право да го обвинувам СДСМ и ДУИ за судството и обвинителството, затоа што 15 месеци сме биле Влада и немало некои […]

Тензично полувреме со десетминутен прекин на дербито Вардар – Еурофарм Пелистер


Ракометарите на Вардар 1961 водат против Еурофарм Пелистер со 16-14 по првото полувреме кое го одбележа тензична атмосфера на паркетот и трибините. Натпреварот во салата „Јане Сандански“ во Скопје беше привремено прекинато во 23 минута, кога во салата влегоа навивачите на битолскиот клуб. Кратко потоа на теренот беа фрлени предмети, а кон една од трибините […]

Филипче: Сe бориме за држава што не е ничија приватна сопственост


Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија,  Венко Филипче, на граѓанската трибина во Кичево посочи дека СДСМ е продолжение на идеалите врз кои е изградена современата македонска држава. „СДСМ е продолжение на најсветлата традиција на Македонија борбата за слобода, рамноправност и достоинство. Нашите корени се во АСНОМ, во генерациите што ја поставија темелната вредност, државата да […]

Хамас бара точен рок за повлекување на Израел од Газа и гаранции за завршување на војната


Неименуван извор близок до палестинската милитантна група Хамас изјави за саудискиот ТВ-канал Ал-Хадат дека Хамас бара точен рок за повлекување на Израел од Газа и гаранции за завршување на војната, пренесоа денеска израелските медиуми. Изворот рекол дека Хамас побарал од посредниците во преговорите појаснување во врска со неколку клаузули во американскиот план за ставање крај […]

До 5 октомври аплицирање за субвенциониран студентски оброк


 Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 октомври 2025. Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и […]

Компани го израмни рекордот на Хајкенс на клупата на Баерн


Победата од 5-1 над кипарски тим Пафос изминатата вечер, беше деветта во низа за Баерн Минхен под водство на белгискиот тренер Винсент Компани, а последен на кого тоа му успеа на клупата на бундеслигашкиот гигант беше легендарниот Јуп Хајнкес. „Девет последователни победи во девет натпревари, драг Винсент Компани! Последниот што постигна нешто такво беше легендата […]