Тројца загинати во катастрофалните поплави во Бугарија


Поплавите што зафатија делови од југоисточна Бугарија и брегот на Црното Море одзедоа три животи и принудија стотици луѓе да се евакуираат своите домови, соопштија бугарските власти. Министерот за внатрешни работи Даниел Митов изјави дека меѓу трите жртви се двајца спасувачи кои загинале пружајќи помош во крајбрежното одморалиште Елените, кое е најпогодено од невремето. Делови […]

„Реквием“ на Моцарт го маѓепса Скопје: Овации за стартот на новата сезона на Националната опера и балет


Дотераната публика од сите сфери на живеење, синоќа, на отварањето на новата сезона на Националната опера и балет во Скопје, по седум години, пак ја почувствува магијата на недовршеното хорско ремек-дело, обвиткано со мистерија и легенди на Моцарт. Делото кое е музичка исповед, исполнета со драматични контрасти – од тивките молитвени моменти до експлозивните хорски […]

СДСМ: Владата на Мицкоски склучила договор за надзор со ИРД Инженеринг, истата фирма за која велеа дека е епски криминал


Колку лажни лица има ВМРО-ДПМНЕ и оваа влада на Мицкоски? Премногу. Денеска ќе објавиме уште едно. Кога беа опозиција, Мицкоски, Николовски, Стојановски, цело ВМРО-ДПМНЕ држеше секојдневни прес конференции со обинувања за ИРД Инженеринг, фирмата надзор за автопатите од страна на Бехтел Енка. Ова за ВМРО-ДПМНЕ беше „епски криминал“ „лош надзор“ „сомнителна компанија“, се вели во […]

Русија со дрон нападна патнички воз на железничка станица во Украина, триесетина лица се повредени


Во руски напад со беспилотно летало погоден е патнички воз на железничката станица Шостка, во северниот украински Сумски регион, при што се повредени неколку десетици лица, соопштија денеска официјални лица од локалната администрација. „Дивјачки руски напад со дронови врз железничката станица во Шостка, Сумиската област. Сите служби за итни случаи се веќе на местото на […]

Шукова од Кисела Вода: Имаме решенија загадувањето да не биде зимска судбина за Скопје


Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска при посетата на општина Кисела Вода ја претстави програмата за справување со загадувањето на воздухот, со посебен фокус на решавање на проблемот со затоплувањето во домаќинствата.   Таа истакна дека над 50% од загадувањето и понатаму потекнува од индивидуалните домаќинства кои се греат на дрва, […]

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја


Ситуација во регионот на Бургас постепено се нормализира по големите поплави преизвикани од поројните дождови што ја зафатија Бугарија во изминатите денови. Во североисточниот дел од земјата и денеска е прогласен жолт аларлм за можно невреме, а се следат и тековите во сливот на реките Тунџа, Јантра и Марица. Бугарските власти соопштија дека во текот […]

Филипче: Резолуцијата ги јакне нашите позиции, таа е државен консензус за црвени линии


Денеска од Кисела Вода претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање порача дека СДСМ не ги урнало националните интереси на државата, ниту пак гледа дека нешто вратило ВМРО-ДПМНЕ. Но рече дека има документ со кој може да се потврдат црвените линии и заедничката позиција со национален консензус. „Станува збор за потврдување на нашите […]

Потребна е скрининг програма за рано откривање на рак на дојка, апел од Розовиот Пикник


Розов Пикник во чест на сите жени што се борат со ракот на дојка за поддршка на сите оние кои секојдневно се соочуваат со болеста организираа денеска во Градскиот парк во Скопје ХЕМА-ОНКО, здружение посветено на пациентите со рак и нивните негуватели со поддршка на Mediсus Help. На настанот присуствуваа жени од повеќе градови во […]

Израелски медиуми: Планот на Трамп за Газа ќе се дефинира утре на преговори во Египет


Израел е подготвен да испрати делегација во Египет на разговори за мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп, објавија денеска израелските медиуми. Цитирајќи лице вклучено во преговорите, медиумите наведуваат дека израелските претставници треба да заминат во текот на денов, а разговорите би можеле да започнат в недела. Засега нема нема официјална потврда од Израел. Безбедносни […]

Минималната плата мора веднаш да се зголеми, порачува првиот човек на ССМ


Минималната плата во државата мора веднаш да биде зголемена, порача денеска претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, кој денеска присуствуваше на дебата на „Текстилијада 9“ во Штип. Трендафилов посочи дека еден работник работи за себе, за работодавачот, за менаџерскиот тим, а сепак добива плата од близу 400 евра со која не […]

Возел со 2,11 промили алкохол во крвта, полицијата го уапсила


Повеќе лица биле лишени од слобода поради возење под дејство на алкохол, соопшти МВР. Станува збор за возачи во Скопје, Куманово, Кичево, Велес, Кавадарци и Охрид, кои управувале возила под дејство на алкохол. Така,, на 04.10.2025 во 01:05 часот на ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.Г.(41) од […]

Лидерите на Западен Балкан ќе се сретнат в понеделник во Драч на самитот на иницијативата Брдо-Бриони


Лидерите на Западен Балкан, меѓу кои и македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, ќе се сретнат в понеделник во Драч на самитот на иницијативата Брдо-Бриони, а главна тема ќе биде европската перспектива на Западен Балкан, со посебен фокус на Планот за раст на регион. Процесот Брдо-Бриони е заедничка словенечко-хрватска иницијатива започната во 2013 година, а нејзини […]

Бујар Османи: 50% застапеност на жените во секое тело во општината


Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, на денешната прес-конференција, порача дека родовата еднаквост ќе биде темелот на секоја иднина општинска политика, нагласувајќи дека жените не смеат да бидат само дел од кампањите, туку рамноправни учеснички во одлучувањето и креирањето на политиките. Османи го претстави својот стратешки принцип за идното управување со општината и […]

Двајца убиени и петмина повредени во престрелка во Ница


Две лица се убиени, а пет се повредени во престрелка што се случила ноќеска во францускиот град Ница, јави ДПА. Градоначалникот на Ница, Кристијан Естрози, изјави дека инцидентот е поврзан со криминал со дрога и дека било употребено автоматско оружје. По инцидентот се мобилизирани полициски засилувања за да се обезбеди безбедноста во тој дел од […]

Герасимовски: Поставуваме две монтажни гаражи со 900 нови паркинг места


„И во наредните години ја ставаме животната средина и грижата за хигиената на прво место. Со набавка на две современи цистерни и пет нови метларки, значително го зголемуваме капацитетот за одржување на хигиената на територијата на општината. Повеќе нема да зависиме од градот и јавното комунално претпријатие“. Ова вчера го најави кандидатот за градоначалник и […]

Белата куќа ја повлече номинацијата на Марко Брновиќ за амбасадор во Србија


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече номинацијата на Марко Брновиќ за амбасадор во Србија, според одлука објавена на веб-страницата на Комитетот за надворешни работи на Сенатот на САД. Причините за повлекување на номинацијата на Брновиќ не беа наведени. На крајот на март, Трамп го номинираше Брновиќ, член на Републиканската партија и поранешен државен […]

Утре „Денови на кочанскиот ориз“ во скратена форма


Традиционалната манифестација „Денови на кочанскиот ориз“ ќе се одржи утре со почеток во 10:00 часот. Ова издание на манифестацијата, според организираторот Општина Кочани, ќе биде симболично, а поради трагедијата од 16 март во Кочани, годинава не се поканети гости, делегации и учесници уметници.    Скратената програма и содржини предвидува на нива кај Институтот за ориз, […]

Aпликацијата m.Uslugi е во тест фаза, првбата финална верзија до крајот на годинава


Апликацијата m.Uslugi е почеток на дигитална револуција што ќе ја промени државата од корен, истакна премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање на Дигиталниот самит на Западен Балкан во Скопје. – Со гордост ја претставуваме апликацијата m.Uslugi. Таа е симбол на новата ера – сите документи во еден дигитален паричник, безбедна размена на податоци, потсетник за […]

Украина со дронови нападна една од најголемите руски рафинерии, во близина на Санкт Петерсбург


Во една од најголемите руски рафинерии за нафта во градот Кириши во близина на Санкт Петерсбург избувна пожар по украински напад со беспилотни летала, потврди денеска гувернерот на регионот Александар Дрозденко. Пожарот во индустриската зона на градот Кириши е изгаснат, а противвоздушната одбрана собори седум беспилотни летала, објави Дрозденко на Телеграм. Ова е втор напад […]

Најголем предизвик за рударството е трансформацијата од традиционално ископување кон дигитално и одржливо рударство


Претставници на академската заедница, индустриски компании, истражувачки институти, како и инженери од областа на рударството и геологијата учествуваат во работата на 16. Годишно стручно советување со меѓународно учество „ПОДЕКС – ПОВЕКС 2025“ што од денеска се одржува во Охрид. На присутните на собирот им се обрати Ѓорѓи Димов, декан на Факултетот за природни и технички […]