Направени првите трансакции преку СЕПА, за гувернерот ова е историски ден за државата


 Гувернерот на Народната банка Трајко Славески попладнево соопшти дека се направени првите трансакции преку СЕПА системот.  – Историски ден за нашата држава! Денес се направени првите трансакции преку СЕПА – системот што ја приближува Македонија кон европското платежно подрачје. До 6 пати пониски трошоци за граѓаните. До 8 пати пониски трошоци за компаниите, објави Славески […]

Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман


По добиени сознанија за можен нехуман третман на стари лица – корисници на услуги за вон-семејна заштита, Основното јавно обвинителство Скопје во координација со Министерството за внатрешни работи, Единица за економски и компјутерски криминал, презема дејствија за расчистување на случајот. Откако беа прибрани доволно информации кои ги потврдуваат основите на сомнение, вчера беа извршени претреси […]

МВР со детали за пукањето во Куманово


Едно лице е повредено попладнево на улицата зад зградата на општина Куманово, откако врз него било пукано од возило во движење. МВР соопшти дека повредениот е З.Ш.(43) од село Слупчане, општина Липково и дека е пренесен во кумановската болница. – Денеска во 13.54 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„Димитрије Туцовиќ“ со […]

Папата Лав Четиринаесетти ќе ги посети Турција и Либан во ноември на првото странско патување


Папата Лав Четиринаесетти ќе отпатува во Турција и Либан кон крајот на ноември, соопшти денеска Ватикан. Тоа ќе биде прва посета надвор од Италија за новиот водач на 1,4 милијарди припадници на светската католичка црква. Лав, кој е првиот папа од Соединетите Американски Држави во историјата, ќе биде во Турција од 27 до 30 ноември […]

Макрон талка сам покрај Сена додека контролата врз неговата иднина му бега (Видео)


  ПАРИЗ – Неколку часа откако неговиот последен премиер беше принуден да поднесе оставка – не можејќи да формира кабинет што траеше повеќе од еден ден – францускиот претседател Емануел Макрон беше забележан како шета сам покрај Сена во студеното есенско утро. Телохранителите држеа растојание напред и назад додека тој талкаше низ  железната кована порта […]

Бугарската опозиција бара објаснување од Борисов за контактите со Трамп Помладиот


Треба да се спроведе парламентарна истрага за средбата меѓу лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, и Доналд Трамп Помладиот, изјави Ивајло Мирчев, копретседател на „Да, Бугарија“ и пратеник од коалицијата „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ (ПП–ДБ). Пред новинарите во Парламентот, Мирчев изјави дека на сослушување треба да бидат повикани и самиот Борисов, како и бугарскиот […]

Крушево влезе во „Топ 100 зелени дестинации“ во светот


Општина Крушево влезе на листата „Топ 100 зелени дестинации“ во светот за 2025, заедно со туристички места од САД, Чиле, Франција, Шведска, Словенија, Јапонија. Изборот го направи меѓународната организација „Грин дестинејшн“ (Green Destination), која ги поддржува местата со одржлив туризам и екологија. Признанието деновиве во Монпелје, Франција го примија Татјана Хасану, раководителка на Одделението за […]

Ранет кандидат за советник во Липково – престрелка пред општинската зграда во Куманово


Престрелка попладнево се случила пред зградата на општина Куманово, а според неофицијални информации ранет е кандидат за советник во Општина Липково, пренесува локалниот портал „Кумановски муабети“.  Според информации од очевидци напаѓачот избегал, иако огромен број полициски слубженици веднаш излегле од зградата на кумановската полиција која се наоѓа на неколку метри од локацијата. Зекирија Шахини ранет во […]

Објавени фотографии од синовите на Путин, живеат со лажни имиња


Синовите на Путин и Кабаева добија лажни презимиња и официјално се регистрирани како Иван и Владимир Спиридонов, според авторите на книгата „Самиот цар“. Ќерките на Путин од неговиот прв брак исто така живеат под лажни имиња – Катерина Тихонова и Марија Воронцова. Неговата вонбрачна ќерка живее во Франција под презимето на одамна починатиот пријател на […]

Во Битола и власта и опозицијата со иста понуда и ветувања  


  БИТОЛА –  Од анонимуси до веќе видени лица, од аџамии до стогодишни, од уки и неуки, до фамилијарни и колегијални листи и какви не уште споредби може да се направат за кандидатите за градоначалници и советници за претстојните локални избори во Битола. Едно е највпечатливо за оваа изборна кампања во Битола, а тоа е […]

Почна пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип


Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи население, кои може да се пријават со пополнување на апликацијата vakcinacija.mk на следниот линк: https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu  или преку својот матичен лекар. Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население: повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, […]

Памела Андерсон како црвенокоса на Модната недела во Париз


Се чини дека Памела Андерсон не може да престане да експериментира со својот драматичен нов стил на коса – и кој може да ја обвини? Актерката од „ Last Showgirl “ дебитираше со драматична трансформација кога се појави на Неделата на модата во Париз со нова кратка фризура обоена во светла нијанса на бакар. Неколку дена […]

СДСМ: Инфлацијата беснее, а Владата на Мицкоски прави статистички спинови


Реалната инфлација во земјата е 4%, а владата по денешната објава на Државниот завод за статистика се обидува со статистички спинови манипулативно да ги прикаже како -0.2% споредувајќи само месец со месец, реагира СДСМ. -Додека трошоците растат и граѓаните секој ден плаќаат поскапо, владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да ја замачкаат реалноста со […]

Шукова ќе гради нов саем и конгресен центар


Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, на средба со граѓаните во Автокоманда, општина Гази Баба, најави неколку крупни инфраструктурни проекти што ќе го трансформираат главниот град во модерен, уреден и економски активен центар. „Скопје е град со дух, со историја, но и со огромен неискористен потенцијал. Нашата визија е Скопје да се развива […]

Кај 24 европски политичари најдени вечни хемикалии – не се уништуваат а предизвикуваат болести


Од група од 24 европски политичари чија крв беше тестирана за токсични хемикалии PFAS во текот на летото, сите ги имаа овие супстанции во нивните тела, открија невладините организации вклучени во тестирањето. „Јас бев позитивен на тестот за четири супстанции, а три од нив можат да им наштетат на неродените деца, да дејствуваат како ендокрини […]

Вучиќ за санкциите против НИС: „Веќе немаме што да разговараме со Американците“


  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави во врска со санкциите на САД врз компанијата „Нафтeна индустрија Србија“ (НИС), кои ќе стапат на сила утре, дека Србија ќе мора да најде начин да го реши тој проблем, додавајќи дека ќе мора да разговара со Русите, кои се мнозински сопственици на компанијата. „Се надевам дека компанијата […]

Почина Халид Бешлиќ


  Познатиот пејач Халид Бешлиќ почина во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, потврдија приватни извори за порталот Н1 Sarajevo. Како што беше соопштено за Н1, Бешлиќ починал околу 13 часот. Халид Бешлиќ (72) долго време беше хоспитализиран во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево поради тешка болест. Бешлиќ е на музичката сцена повеќе од […]

Меџити најави подземен паркинг и нови булевари во Чаир


Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, денес го претстави првиот столб од својата изборна програма – сеопфатен план за модернизација на инфраструктурата и конечно решавање на деценискиот проблем со паркирањето во општината. Меџити најави дека ќе се реализира најголемата инфраструктурна инвестиција во историјата на Чаир, со изградба на повеќе нови […]

Никол Кидман се враќа како бренд амбасадор на „Шанел“


Париз — Шанел повторно се соедини со Никол Кидман. Повеќе од две децении откако актерката добитничка на Оскар се појави во кампањата за парфемот број 5 на Шанел, во режија на Баз Лурман, таа се враќа како амбасадор на брендот, соопшти Шанел во понеделник. Кидман ќе се појави за прв пат на дебитантската ревија на […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ има бугарски капитал


  Бране Петрушевски, човекот кој граѓаните го паметат како борец против покачувањето на платите и непријател на работниците, очајно се обидува преку лаги да ја скрие вистината за Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ. А вистината е дека пола раководство води фирми во Бугарија и според информациите во медиумите така ја финансираат партијата, одговара СДСМ на […]