Врвни издавачи и литературни агенти на 12. „Скопје фелоушип“ во рамките на ПРО-ЗА Балкан 2025


Претставник на италијанскиот гигант „Џунти едиторе“, поранешна директорка во „Рандом хаус“ и актуелна уредничка на британска издавачка куќа, еден од најугледните издавачи на книги за деца од Украина, шпанскиот издавач на Јосип Коцев, унгарскиот издавач на Румена Бужаровска, претставничка од ТРАДУКИ, директор на литературна агенција од ОАЕ, претставник на Интернационалната алијанса на независни издавачи и […]

Авторот на „Мементо за Истанбул“ доаѓа на „Букстар“ во Скопје


  Турскиот писател Ахмет Умит ќе биде специјален гостин на Фестивалот за европска литература „BookStar“ кој ќе се одржи од 29 септември до 2 октомври, на повеќе локации низ Скопје, како дел од програмата на странски автори кои оставиле значаен белег во светската книжевност. Гостувањето на Умит е најавено под насловот „Мајсторот е тука!“. „Ахмет […]

Вработена во Онкологија: Кога немаше терапија, за некои пациенти, земав ампули од канцеларијата на директорот


Вработена на Онкологија сведочеше како се давале терапиите на клиниката во времето на Васев. Медицинска сестра, која била одговорна за дневната болница на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, додека директор бил Нино Васев, на денешното судење за случајот Онкологија 2, сведочеше дека некогаш се случувало на клиниката да нема некоја терапија, а одредени пациенти […]

Трамп го тужи „Њујорк Тајмс“ и бара отштета од 15 милијарди долари!


Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ќе поднесе тужба од 15 милијарди долари за клевета и навреда против весникот „Њујорк тајмс“. „Денес имам голема чест да поднесам тужба од 15 милијарди долари за клевета и навреда против „Њујорк тајмс“, рече Трамп во објава на неговата платформа за социјални медиуми „Truth Social“. Тужбата ќе биде […]

Левица за ВМРО-ДПМНЕ: Тоа ли е вашата визија за „Горда Македонија“- да гласаме за Касами!


Со искрено неверување ги следиме бламирачките изјави на Мицкоски и ДПМНЕ по повод кандидатурите на Левица за градоначалници во Тетово, Гостивар и Струга, соопштија денеска од Левица по однос на изјавите на премиерот Мицкоски дека Левица одработува за ДУИ. – Од патетични флоскули за „горда Македонија“ паднавте на ниво да напаѓате партија која единствена има […]

Поранешниот министер за градежништво Весиќ и 12 други ќе одговараат за падот на настрешницата во Нови Сад


Вишото јавно обвинителство (ВЈО) во Нови Сад денес поднесе обвинение против тринаесет лица за уривањето на настрешницата на Железничката станица на 1 ноември минатата година, вклучувајќи го и поранешниот министер за градежништво Горан Весиќ, и побара притвор за сите нив поради ризик од повторување на кривично дело. Како што објави обвинителството, овие тринаесет лица се […]

Низ целата земја има недостиг на учебници


За жал, низ целата земја има случаи каде учениците сѐ уште немаат добиено учебници. Некаде има повеќе, па тие се собираат и се препраќаат на друго место. Сега ќе се обезбедуваат со донација, а за новите учебници, како што претходно соопшти МОН, потрошени се 11 милиони евра. – Во овој момент им праќаме дописи на […]

Израелците во Газа детонираа оклопни транспортери полни со експлозиви (видео)


  Палестинските медиуми известуваат дека израелската војска детонирала неколку далечински управувани оклопни транспортери полни со експлозиви во населбите Тел ал-Хава и Римал во градот Газа утрово. Веста ја објавија и израелските медиуми. ИДФ претходно објави дека ги пренаменила деактивираните транспортери М113 со полнење со експлозиви и опремување со можност за далечинско управување, со цел да […]

Ѓорѓиевски ветува крај на депониите во населени места по локалните избори


Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски ветува дека по изборите ќе ги отстрани депониите од населени места и нема да дозволи отпад да останува во блиските населени точки. Тој нагласи дека нема да прифаќа изговори за лиценци или одговорност на други институции — одговорноста, рече, ќе биде на локалната власт и на оние што […]

СДСМ: Мицкоски не е само неспособен туку и опасен!


СДСМ реагира дека во изминатите неколку месеци јавноста е сведок на бројни манипулативни изјави на премиерот Христијан Мицкоски, почнувајќи од последната изјава, дека странски центри на моќ и хибридни напади стојат зад пожарите во Македонија која сериозно ги загрижи граѓаните и ја потресе безбедноста во земјата. -Наместо докази, издржани информации и активирање на сите безбедносни […]

Украина го заврши скрининг процесот во ЕУ, сега е чекор поблиску до преговори за членство


Претставниците на Европската Унија и Украина ги завршија скрининг состаноците од последното преговарачко поглавје, број 11 – Земјоделство и рурален развој, соопшти Министерството за економија, животна средина и земјоделство на Украина, Во текот на тридневните состаноци, Украина презентираше 28 тематски блокови што го опфаќаат напредокот на земјоделските реформи, дигитализацијата, државната поддршка, регулирањето на пазарот и […]

И во вториот квартал помалку слободни работни места во еврозоната и во ЕУ


Стапката на слободни работни места во еврозоната изнесуваше 2,2% во вториот квартал од оваа година, што е за 0,2 процентни поени пониско отколку во првиот квартал и за 0,4 процентни поени пониско отколку во истиот период минатата година. Во ЕУ, таа се намали за 0,1 и 0,3 процентни поени соодветно на 2,1%. Во индустријата и […]

„Танец“ на балканска турнеја


Националната Установа-Ансамбл за народни игри и песни „Танец“, со гордост најавува голема балканска турнеја. Оваа турнеја претставува исклучителна можност за публиката низ регионот да го доживее богатството и убавината на македонскиот фолклор преку врвните изведби на нашите уметници. Турнејата насловена „Ритамот на душата-бојата на традицијата“, ќе опфати повеќе градови во соседните земји; 24.09.2025година, од 19:30ч […]

Дрисла загадува, ВМРО-ДПМНЕ наградува


ВМРО-ДПМНЕ им удри шамар на скопјани кои со денови се гушат во канцерогени честички од пожарите на Дрисла. По сите токсични чадови и еколошка катастрофа што ја трпат скопјани, ВМРО-ДПМНЕ го наградува човекот кој има одговорност за Дрисла, вели Кети Штерјова, кандидатка за советничка на СДСМ во Скопје. – Замислете, за носител на советничката листа […]

Апелациски суд: Трамп не може да ја отпушти Лиса Кук од Федералните резерви пред состанокот за каматите


Федералниот апелационен суд во понеделник пресуди дека претседателот Доналд Трамп не може да ја отпушти гувернерката на Федералните резерви Лиса Кук пред комитетот за политики на централната банка да гласа за тоа дали да ги намали каматните стапки. Одлуката на Апелациониот суд на САД за округот Колумбија значи дека Кук, членка на одборот на гувернери […]

Албанија отвори нов кластер за преговори со ЕУ, петти за помалку од една година


Албанија денес го отвори кластерот 4 во пристапните преговори со Европската унија, што е вкупно петти кластер во последните 11 месеци. Целта на Тирана е до крајот на годината да го отвори и последниот преостанат кластер.На меѓувладината конференција помеѓу ЕУ и Албанија во Брисел беа отворени преговори за зелена агенда и одржлива поврзаност, со што […]

Само 500 службени возила добиле таблички во друга боја


Институциите да го рациланизираат бројот на возила кои ги користат, да ги брендираат со службени регистарски таблички, само оние кои ги користат, а другите да ги продадат и да ги расходуваат. – До денешниот пресек имаме околу 500 брендирани возила, односно возила коишто добиле специјални таблички. Има и голем број возила коишто се веќе во […]

Лавров: Русија постепено го напушта терминот „непријателски држави“


Руската страна постепено го напушта терминот „непријателски држави“ и тргнува од фактот дека постојат непријателски влади, а не држави, изјави министерот за надворешни работи Сергеј Лавров на прес-конференција. -Постепено го напуштаме терминот „непријателски држави“, иако тој останува во законодавството, но, како што неодамна нагласи претседателот (Владимир Путин) на еден од настаните во Владивосток, за нас […]

Мицкоски: Идентификувавме 20 осомничени за пожарите


Идентификувани се дваесетина лица за кои постојат основани сомневања дека стојат позади пожарите. За жал, постојат центри на моќ кои се обидуваат да внесат страв, паника кај граѓаните, пред изборите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Општина Јегуновце. – Додека сум јас во Јегуновце заседаваат врвот на […]

Кос го впери прстот во балканските лидерите


Раководствата на земјите кандидати за членство во ЕУ ја имаат една од клучните улоги во пристапниот процес, изјави денеска во Брисел еврокомесарката Марта Кос пред почетокот на шестата Пристапна конференција Албанија-ЕУ. – Ако лидерите манифестираат вистинска проевропска ориентација, тогаш и граѓаните имаат чувство дека нивната држава се движи во вистинска насока, изјави Кос. Според неа, […]