Активисти проектираа фотографии од Трамп со Џефри Епштајн на замокот Виндзор


 Активисти кои протестираат против државната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Велика Британија синоќа проектираа негови фотографии со покојниот финансиер Џефри Епштајн, обвинет за сексуални злосторства, на една од кулите на замокот Виндзор. Локалната полиција соопшти дека уапсила четири лица во врска со случајот. Британската активистичка група „Led by Donkeys“, чие име беше напишано […]

Нетанјаху: Трамп ме покани во Белата куќа


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп го поканил во Белата куќа подоцна овој месец. Средбата, според извештаите, е закажана за 29 септември, три дена по обраќањето на Нетанјаху во ОН.

Прва конференција „Бизнис лидер“, ќе дебатираат најуспешните лидери и претприемачи


„Обликување на иднината: Лидерство во ерата на трансформација“ е темата на денешната прва конференција „Бизнис лидер“ која, како што е најавено, ќе ги обедини највлијателните и најуспешните лидери и претприемачи од различните индустрии. Целта на конференцијата е да создаде уникатна платформа за размена на идеи и иновации, да понуди можност за споделување на најновите деловни […]

Трамп пристигна во државна посета на Велика Британија


Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна синоќа во државна посета на Велика Британија, објави Би-Би-Си. Тој е придружуван од неговата сопруга Меланија. Ова е втората државна посета на Трамп на Велика Британија без преседан. Првата се одржа во 2019 година – за време на неговиот прв претседателски мандат. Потоа Трамп беше гостин на кралицата Елизабета Втора, […]

Вечер на музика и уметност во КИЦ Истанбул


Македонскиот Kултурно-информативен центар во Истанбул денеска ќе биде домаќин на двоен културен настан, кој ќе ја обедини музиката и ликовната уметност. Програмата ќе почне во 19:00 часот со концерт на Александра Кировска (гитара) и Мила Николовска Ѓумар (сопран). Публиката ќе има можност да ужива во спојот од класични дела и современи композиции – од O. […]

Фон дер Лајен му вети на Трамп дека ЕУ ќе престане да купува руска нафта и гас


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека му ветила на американскиот претседател Доналд Трамп дека ЕУ ќе престане побрзо да купува руска нафта и гас, објави ДПА. Фон дер Лајен напиша на „Х“ дека вчера разговарала со Трамп по телефон. Таа вети дека Европската комисија наскоро ќе го претстави 19-тиот пакет санкции […]

Правилникот на ДИК за собирање потписи за кандидатските листи за локалните избори пред Уставен суд


 На денешната седница на Уставниот суд  ќе се дискутира по предметот во кој е оспорен Правилникот за регулирање на постапката за собирање потписи за поддршка на кандидатските листи поднесени од група избирачи и начинот на определување на нотарите, за локалните избори 2025 година, донесен на 17 август годинава од Државната изборна комисија. Подносители на иницијативата […]

Променливо облачно, посвежо и ветровито со сончеви периоди


 Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и ветровито со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер, над 60 километри на час. Кон крајот на денот облачност ќе се намали, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 21 до […]

Болсонаро итно хоспитализиран од домашен притвор


Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро беше однесен во болница во Бразилија откако се чувствуваше лошо, според неговиот син, сенаторот Флавио Болсонаро, објави Анадолу. Помладиот Болсонаро рече дека неговиот татко имал „силни икања, повраќање и низок крвен притисок“. Тој потврди дека неговиот татко бил однесен во болница како „итен случај“ и бил придружуван од затворски чувари […]

Трамп го одложи до декември спроведувањето на законот за одземање на сопственоста на ТикТок


Американскот претседател, Доналд Трамп, денеска ја потпиша извршната наредба за одложување до 16 декември на спроведувањето на законот од 2024 година, што бара отстранување на кинеската сопственост на ТикТок. Британските медиуми пренесуваат дека одложувањето ќе ѝ даде на кинеската компанија „БајтДенс“ (ByteDance) дополнителни 90 дена за финализирање на договор за префрлање на американскиот имот од […]

УНИЦЕФ: На 26.000 деца во Појасот Газа им е потребно лекување од акутна неухранетост


Над 10.000 деца во градот Газа имаат потреба од лекување од акутна неухранетост, соопшти  УНИЦЕФ, пренсен од „Тајмс оф Израел“. -Масовното раселување на семејствата од градот Газа претставува смртоносна закана за најранливите, рече Тес Инграм, портпаролка на УНИЦЕФ во хуманитарната зона Ал-Маваси во јужна Газа. Во телевизиски брифинг во ОН во Женева, Инграм предупреди за […]

Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ ќе останеме периферија и на Балканот


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва е меѓу граѓаните во Свети Николе од каде испраќа силна порака за иднината на државата и за претстојните локални избори, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. „На што сведочиме? Сведоци сме секој ден на хаос во институциите, на тотална партизација, на селективна правда, на […]

ЕК: Тврдењата дека ЕУ или земјите-членки охрабруваат протести во Србија не се точни


„Тврдењата дека ЕУ или земјите-членки охрабруваат протести едноставно не се вистинити“ – така Европската комисија го коментираше за „Време“ соопштението на Службата за надворешно разузнавање на Русија за вмешаноста на ЕУ во протестите во Србија и подготовката на српскиот Мајдан. Службата за односи со медиумите на службата за надворешно разузнавање на Руската Федерација во понеделникот […]

Скопје за Кочани: Шест месеци институционален молк место правда


На плоштадот „Македонија“ во Скопје вечерва се одржa собир во чест на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март оваа година. Настанот е организиран од иницијативата „Кој е следен?“, со цел оддавање почит кон загинатите и поддршка за нивните семејства и повредените. Со ова, како што беше […]

Греј: Обвинителството има намера да побара смртна казна за осомничениот за убиството на Чарли Кирк


Американското обвинителство денеска соопшти дека има намера да побара смртна казна за  Тајлер Робинсон, обвинет за убиство на американскиот патриот Чарли Кирк. Робинсон денеска беше официјално обвинет за серија тешки кривични дела: убиство, користење огнено оружје што предизвикало тешки телесни повреди, попречување на правдата, манипулирање со сведоци и извршување насилство во присуство на деца. Првите […]

Граѓаните на Штип им оддадоа почит на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“


Семејствата, роднини, пријатели на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“ вечерва на Градскиот плоштад во Штип со палење свеќи им одаваат почит на 62. жртви, меѓу кои и петмина штипјани. Градскиот плоштад „Слобода“ вечерва е полн со граѓани, кои со тага, болка и непребол им одаваат почит на загинатите во најголемата трагедија во поновата македонска историја, […]

Протестен „Марш за ангелите“: Не е доволно да се казнат неколку менаџери, што е со институциите?


Попладнево во Кочани се маршираше за загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ – шест месеци по трагедијата. Роднините и пријателите на настраданите порачаа дека не е доволно да се казнат неколку менаџери, дека одговорноста е и на оние кои дозволиле да работи овој објект како дискотека. „Ова е трагедија што можеше и мораше да се […]

Трамп се сеќава на „одличните филмови“ на Роберт Редфорд


Претседателот Доналд Трамп, пред Белата куќа пред да замине во државна посета на Обединетото Кралство, изрази шок од смртта на Редфорд и ги нарече извештаите за смртта на актерот во сон „како добар начин да заминеш од овој свет“. „Роберт Редфорд беше одличен. Имаше години кога немаше никој подобар…“ додаде Трамп. „Направи седум или осум […]

Апелациониот суд на САД го отфрли барањето на Трамп да ја отпушти гувернерката на Федералните резерви, Лиза Кук


Апелациониот суд на САД одби да му дозволи на Доналд Трамп да ја отпушти гувернерката на Федералните резерви, Лиза Кук. Чекорот на Трамп е прв за претседател од основањето на централната банка во 1913 година и се заканува да ја загрози долгогодишната независност на Федералните резерви. Одлуката на Апелациониот суд на САД за округот Колумбија […]

Вечерва собир во Скопје за сеќавање на жртвите од пожарот во Кочани


Вечерва во Скопје ќе се одржи протестен собир на кој ќе им се оддаде почит на жртвите на катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи пред точно шест месеци. Собирот ќе се одржи на плоштадот во Скопје, со почеток во 20,16 часот. Организаторите, иницијативата „Кој е следен“, најавија дека вечерва на плоштадот […]