По тројца кандидати во трката за градоначалник на Радовиш и Конче


Страхил Гавритов-независен, Љупче Почивалец од ВМРО – ДПМНЕ и Ристо Спасов од СДСМ се тројцата кандидати за градоначалник на Радовиш, кои на претстојните локални избори ќе ја бараат поддршката од граѓаните. За членови на Советот се доставени седум листи: Левица – носител Љупка Трајкова, Демократска партија на Турците – носител Селман Јусуфов, ТМРО – носител […]

Усвоен Законот за енергетска ефикасност: пониски сметки и почист воздух


Собранието на  Македонија на последната седница го усвои Законот за енергетска ефикасност, подготвен од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Со оваа одлука, според владата, земјата добива уште една силна законска рамка, усогласена со европските стандарди, која директно ќе придонесе за пониски сметки за граѓаните, почиста животна средина и отворање на нови зелени работни […]

Општина Ресен ќе ги обештети граѓаните кои имаа штети предизвикани од пожар


 Општина Ресен ќе ги обештети граѓаните кои имаат штети предизвикани од пожарот кој зафати делови од преспанските села Долно Перово, Прељубје и Покрвеник. Како што е познато, големиот пожар на отворено, што се случи летово, на 11 јули предизвика оштетувања на јаболковите насади, пчелни семејства и други корисни површини во тој дел на Преспа. -Барањето […]

ВЛЕН тврди дека ДУИ прави зделки со Левица


  Коалицијата ВЛЕН га обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) за „најтемниот политички пазар досега“ – тајна соработка со партијата Левица, со цел спречување на победата на нивниот кандидат за градоначалник на Струга, Менди Ќира.   Според ВЛЕН, „договорот“ бил испланиран од пратеникот Кренар Лога, пратеник и висок функционер на ДУИ, во договор со лидерот […]

Израелски министер: Дојде време за еврејски населби во Газа и егзодус на Палестинците


Израелскиот крајнодесничарски министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, вети дека ќе воспостави населба за израелските полицајци во Појасот Газа. На конференција во понеделник, Бен-Гвир рече дека сака да изгради полициска област „на плажа“ во Газа, опишувајќи ја како „совршено место“. „Ќе изградиме прекрасен полициски округ таму, со високи згради и модерен дизајн. Со Божја помош, […]

Директорот на Катастарот, Живковски: Ќе се оневозможи вештачкото зголемување на цените на недвижностите


Секој граѓанин својата недоумица и прашање од областа на катастарското работење ќе може да ги постави до вработените од Агенцијата за катастар на недвижности и во директен разговор со нив да добие објаснување, во рамки на кампањата „Катастарот до тебе“, што стартува од утре, најавува во интервју за МИА директорот на Катастарот, Иван Живковски.    […]

Продолжен притворот за нови 48 часа на сите четворица опфатени со постапка за пожарот во Трубарево


Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО – Скопје, донесе одлука со која се продолжува притворот за нови 48 часа за сите четворица опфатени со постапка за пожарот во Трубарево, информираат од Кривичен суд Скопје. Поради основано сомнение дека со заеднички дејствија учествувале во извршување на кривично дело […]

Народната банка ја задржа основната камата на 5,35 отсто, инфлацијата во август е над проектираното ниво


Каматната стапка на благајнички записи останува на истото ниво од 5,35 проценти, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на седум дена се задржуваат на нивоата од 3,95 проценти и 4 проценти. Непроменета останува и понудата на благајничките записи на редовната аукција односно ќе изнесува 10 милијарди денари. Ваква одлука донел Извршниот одбор за […]

Ердоган за Нетанјаху: Ќе помине како Хитлер


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повторно го спореди израелскиот лидер Бенјамин Нетанјаху со нацистичкиот лидер Адолф Хитлер поради неговите постапки во Газа. „Мора јасно да разбереме дека Израел не служи на религија, туку на перверзна идеологија. нетанјаху и неговата банда му раскажуваат на светот измислени приказни за ционизмот. Повелбата на ОН прогласува територијален интегритет на државите, […]

ЕУ е загрижена за владеењето на правото во Македонија и земјите од регионот


Европската Унија (ЕУ) останува загрижена за владеењето на правото во земјите-кандидатки, иако има опиплив напредок во оваа област, изјави европската комесарка за проширување Марта Кос на 16 септември. „Продолжува мешањето во судските постапки, притисокот врз службените лица кои истражуваат корупција и политизацијата на медиумските регулаторни тела, што е неприфатливо“, рече Кос пред новинарите на конференцијата […]

АХВ почна со орална вакцинација на лисиците протиов беснило, внимателно движете се во природа


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), од 15 септември почна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста беснило. Кампањата се спроведува со авионско фрлање на вакцинални мамки од спортскиот аеродром во Штип и се реализира со финансиска поддршка од Европска здравствена и дигитална извршна агенција (HADEA). Вредноста на поддршката од Агенцијата […]

Литванија го отвори првото од деветте училишта за дронови


Литванското Министерство за одбрана го отвори првото од деветте училишта во земјата каде што деца на возраст од 10 години и постари и возрасни ќе учат да пилотираат, склопуваат и програмираат дронови. „Станува збор за градење воени одбранбени капацитети, што Литванија го сфаќа многу сериозно, бидејќи се граничи со Русија и Белорусија“, рече заменик-министерот за […]

Сцени од пеколот: Илјадници Палестинци се обидуваат да го напуштат градот Газа пред израелскиот напад


Стотици илјади луѓе се насилно раселени од градот Газа, додека Израел ја продолжува својата геноцидна офанзива што предизвика осуда од поголемиот дел од светот. Фотографиите направени на патиштата што водат кон југот на Газа го покажуваат очајот на Палестинците и страдањето што го наметнуваат Израел и неговите сојузници. Во меѓувреме, портпаролот на израелската војска објави […]

Дали знаете кој беше првиот човек што загина во авионска несреќа?


Раните денови на авијацијата беа обележани со неверојатни иновации и храбри пилоти кои се осмелија да бидат првите што го истражуваат небото. Браќата Рајт беа пионери во авијацијата на почетокот на 20 век, работејќи на развој на авиони што ќе им овозможат на луѓето побрз транспорт. Еден од нивните први летови го вклучуваше Томас Селфриџ, […]

Зголемен прометот во индустријата


Прометот во индустријата во јули годинава е зголемен за 13,8 отсто во однос на истиот месец лани, во споредба со јуни 2025 година бележи опаѓање за 0,7 проценти, додека во периодот јануари – јули 2025 година во однос на периодот јануари – јули 2024 година пораснал за 8,1 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Вкупниот […]

Без струја делови од Кисела Вода, Аеродром и Шуто Оризари


Без електрична енергија денеска ќе бидат делови од Кисела Вода, Шуто Оризари и Аеродром. Регионалниот центар за управување со кризи од Скопје, повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија, соопшти дека од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од булеварот „Борис Трајковски“ – крак 20 во Усје во општина Кисела Вода, а […]

Јон Вардар со премиери во Кина, Германија и Романија


Македонскиот анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ продолжува со својата меѓународна фестивалска авантура. Во наредните недели филмот ќе биде прикажан на три престижни фестивали: Меѓународниот филмски фестивал на патот на свилата (Silk Road International Film Festival) во Кина, Фестивалот за детски и младински филмови Шлингел (SCHLiNGEL International Film Festival for Children and Young Audiences) во Германија и Галактички Имагинариум (Galactic Imaginarium) во […]

Сабаленка се откажа од турнирот во Пекинг поради повреда


 Светскиот рекет број 1, Арина Сабаленка, се откажа од турнирот во Пекинг, објави прес-службата на турнирот. Дваесет и седумгодишната Белорусинка се пожали на полесна повреда. Во 2024 година, на турнирот во кинеската престолнина, Сабаленка стигна до четвртфиналето, каде што загуби од Каролина Мучова (Чешка) со 6:7 (5:7), 6:2, 4:6. 

Активни четири пожари, изминатото деноноќие вкупно 20 пожари


Центарот за управување со кризи денеска соопшти дека во текот на изминатото деноноќие имало 20 пожари на отворен простор од кои активни остануваат четири и еден е под контрола.  Активни се пожарите кај селото Виниче во месноста викана Муратица во општина Гази Баба, кај селото Петрово на планината Кожуф, кај селото Никуштак во општина Липково […]

Вучиќ: Рубио побара средба со мене, верувам дека е можно да се реши прашањето за царините


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека американскиот државен секретар Марк Рубио побарал средба со него за време на неговиот претстоен престој во Њујорк, каде што ќе присуствува на Генералното собрание на ОН, и дека верува оти е можно прашањето за американските царини да се реши, јавија српски медиуми. „Добив порака дека американскиот државен секретар Марк […]