АРНО ги избра победничките идеи за 2025 зелени бизнис идеи: Пилинг креми од кафе, играчки со сено, мед со лековити билки


Пилинг креми од отпад од кафе, полнети играчки со сено и мед со лековити билки – овие иновативни зелени бизниси се победничките идеи на натпреварот „Зелени идеи 2025“, кој го организираше АРНО. Жири комисијата во категоријата ембрионски идеи ги избра „Мирис на сено во сечиј дом“ на здружението „Ума Сто“ и „Природна пилинг крема од […]

Мециновиќ најавува нов Скопски саем и парк во Бутел (видео)


Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на Левица, преку социјалните мрежи најави изградба на нов Скопски саем во северниот дел на градот, во Општина Бутел, покрај обиколницата и булеварот „Христјан Тодоровски Карпош’. „Скопје го загуби саемот поради сите претходни власти кои не успеаја да ги зачуваат и надоградат капацитетите за новите генерации. […]

Претставници на Федералните резерви на Њујорк ја посетија Народна банка


  Делегација од Банката на федералните резерви на Њујорк ја посети Народната банка на Република Северна Македонија заради размена на искуства и јакнење на соработката во областа на меѓународните банкарски услуги и управувањето со сметките на централните банки. Посетата е важна за соработката меѓу Народната банка и водечките централни банки во светот, истакнувајќи ја нејзината […]

Османи ветува дека ќе ја искорени мафијата поврзана со дивоградбите во Чаир


Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, најави дека уште во првиот ден од неговиот мандат ќе прогласи кризна состојба во три области: нечистотија, дивоградби и корупција. „Сите параметри што ги анализиравме во последните месеци укажуваат дека ако продолжи овој тренд без визија и без работа, на Чаир му се предвидува тотален колапс на основните […]

Општина Центар доделува стипендии за ученици во износ до 3.500 денари месечно


Општина Центар ги повикува учениците од општинските основни училишта да аплицираат за стипендии во три категории: спорт, култура и науки, техника, посебни вештини. Стипендиите изнесуваат од 2.500 до 3.500 денари месечно во зависност од категоријата за која аплицираат, во текот на осум месеци од тековната учебна 2025/2026. „Општина Центар и годинава инвестира во младите, во […]

Лидија Димова доби затворска казна од две години


Основниот кривичен суд во Скопје ја прогласи за виновна поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова за кривичното дело злоупотреба на службената позиција и овластување и ѝ досуди казна затвор во траење од две години. Димова, исто така, мора да плати судски надоместок од 10 илјади денари и да […]

Меџити најави модерна пожарникарска станица во Чаир


Вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити, денес го презентираше проектот за изградба на Територијална пожарникарска станица во Општина Чаир, инвестиција која ќе ја зголеми безбедноста и заштитата на животот и имотот на граѓаните. Новиот објект ќе има површина од 750 м², ќе биде опремен со три современи противпожарни камиони и ќе располага со […]

Османи: Обвинувањата за коалиција на ДУИ со Левица се очајнички


Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи остро реагираше на новиот бран  обвинувања дека ДУИ наводно има некаква коалиција со Левица, оценувајќи ги ваквите конструкции како очајнички обиди на ВЛЕН да го ублажи ударот од претстојниот изборен пораз. „ВЛЕН започнуваат да ја подготвуваат одбраната за евентуален пораз. Тоа е нивната способност и тоа е нивната […]

Локални избори 2025: ДИК ќе ги објави описите на 3.480 избирачки места


Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на својата веб – страна ќе ги објави описите на 3480 избирачки места за Локалните избори 2025 закажани за 19 октомври 2025. Општинските изборни комисии (ОИК) исто така ќе ги објават описите на избирачките места.  Како што беше нагласено на денешната 135. седница на ДИК, од понеделник започнува обуката на […]

СДСМ: ФК Вардар не заслужува да го преставува Миленко, ширач на омраза и навреди


СДСМ бара разрешување на Миленко Неделковски од ФК Вардар поради навредите кон жените изкажани на социјалните мрежи. -Во денови кога Македонија е потресена од грозоморни случаи на фемицид, кога растат насилствата и убиствата врз жени поради неспособноста на институциите, Миленко Неделковски, пуленот на ВМРО-ДПМНЕ, јавно изнесува навреди и омаловажувања кон жените, посочува СДСМ во соопштение […]

Зајкова: 102 молкa, 1 живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство


Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова се огласи на Фејсбук по повод грозоморното двојно убиство и самоубиство кои го завија Велес во црно изминатите неколку денови, се вели во соопштението од ЛДП, што МИА го пренесува интегрално. „Предложив на 1-ви април да превенираме, за никогаш повеќе да не санираме […]

Тренчевска: Жените не смеат да живеат во страв, институциите мора да го спречат насилството


Пратеничката од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Јована Тренчевска, на денешната прес- конференција во Собранието, во име на Клубот на жени пратенички, повика на доследно почитување на законите, навремена и ефикасна реакција од сите надлежни институции за заштита, спречување и превенција од насилство врз жените. Тренчевска посочи дека Клубот на пратенички едногласно ги поддржа измените на […]

Ќе се изработува Правилник за проектирање и изградба на велосипедска инфраструктура


Владата преку Министерството за транспорт реализира сет мерки за подобрување на инфраструктурта во општините со што ја подигнува безбедноста во сообраќајот и го унапредува квалитетот на живот. Во меѓувреме креираме и нов Правилник за проектирање и изградба на велосипедска инфраструктура во општините, истакна потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на конференцијата посветена […]

Гостивар со бесплатен интернет на јавни места


Општина Гостивар е една од општините избрани за спроведување на проектот за обезбедување бесплатен интернет на јавни простори, соопштуваат од општинската служба за информирање. Одлуката дојде по учеството на повик на WiFi4WB (Wi-Fi за Западен Балкан) – иницијатива која обезбедува бесплатен и брз интернет во јавните простори.   – Нашите граѓани ќе имаат можност да […]

Адеми: Гостиварските пожарникари се дискриминирани и жртви на политичките манипулации


 Положбата на пожарникарите и условите во кои работат се дискриминациски и неприфатливи, оцени Фјола Јакупи Османи портпаролката на независниот кандидатот за градоначалник на општина Гостивар, Висар Адеми на денешната прес-конференција. Таа пред седиштето на Територијалната противпожарна единица укажа на сегашната состојба во која работат пожарникарите и напомена дека во програмата на Адеми предвидено е модернизирање […]

Герасимовски: Викендов прв Street Food Picnic под отворено небо во Паркот на Франкофонија


Општина Центар информира дека од 19 до 21 септември во Паркот на Франкофонија ќе се одржи првото издание на Street Food Picnic под отворено небо. Првото издание на Street Food Picnic има за цел да ја збогати културната и забавната понуда на Општина Центар, обединувајќи ја вкусната улична храна, музиката и забавата во едно големо […]

Зеленски го потпиша Договорот за стогодишно партнерство со Велика Британија


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски на платформата Икс објави дека го потпишал Договорот за стогодишно партнерство во Велика Британија. – Нашиот сојуз ја удвојува нашата сила. Затоа е чест и привилегија да го потпишеме законот за ратификација на Стогодишниот договор за партнерство меѓу Велика Британија и Украина. Вчера, Врховната рада со големо мнозинство го поддржа […]

Мицкоски се амнестира: Јавната администрација нема повеќе да биде партиски плен!


Денес сме собрани со исклучително важна цел – да потврдиме дека реформите не се само зборови во програма, туку дела што се гледаат и чувствуваат. Нема модерна држава без модерна администрација. Нема напредна економија без функционален јавен сектор. Нема доверба во институциите без професионални, одговорни и мотивирани службеници, порача Христијан Мицкоски, претседател на Владата денес […]

Статистиките во делот на здравството и животната средина се тесно поврзани со нашите животи


Статистиките во делот на здравството и животната средина се клучни за подобрување и обезбедување на одржливи политики во земјоделството и јавното здравје, како и за намалување на јазот со ЕУ. Статистиката не е само математика и бројки, таа е основата на успехот и е од клучна важност за сите нас, бидејќи се тесно поврзани со […]

Воздухот во Трубарево вчера не бил загаден


 Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека во периодот од 17.09.2025 (09:30 часот) до 18.09.2025 (09:30 часот) беа спроведени индикативни мерења на суспендирани цврсти честички со големина до 10 микрометри (PM₁₀), на мерното место во зоната на Трубарево. Мерењата се извршени со автоматскиот систем AMBICON RTM–PM, нефлометар кој овозможува реално време следење на […]