Активни три пожари – кај Винче, на Кожуф и на патот Богданци – Гевгелија


Вкупно 23 пожари на отворен простор се регострирани во земјава до 18:00 часот, од кои три се активни, три се под контрола, а 17 се изгснати, соопшти ЦУК. Активни пожари има кај скопското село Винче, на планината Кожуф и на патот Богданци – Гевгелија. Под контрола се пожарите во Трубарево, во Дрисла и на делчевската […]

Трамп: Путин ме разочара, навистина ме разочара


Американскиот претседател Доналд Трамп, на вториот ден од неговата државна посета на Велика Британија, со својот домаќин, британскиот премиер, Кир Стармер, одржа заедничка прес-конференција на која двајцата лидери оценија дека двете земји „минаа долг пат“ во своите специјални односи и дека сега ги обновија за новата ера.  За време на билатералните разговори Трамп и Стармер […]

Еве како да започнете сопствен бизнис со само 1.000 евра


Почнувањето сопствен бизнис во Србија често се поврзува со големи инвестиции, што ги обесхрабрува многу млади луѓе, но постојат бизниси што можат да се започнат само со 1.000 евра. Сепак, има сè повеќе примери што покажуваат дека дури и со 1.000 евра почетен капитал, можете да направите сериозен чекор кон претприемништвото и да започнете профитабилен […]

Мурињо официјално на клупата на Бенфика


Португалскиот фудбалски гигант Бенфика попладнево официјално го промовираше Жозе Мурињо во нов тренер на клубот од Лисабон Мурињо (62) доаѓа на местото на Бруно Лаже, кој беше отпуштен по поразот на домашен терен (2-3) од Карабах во првото коло од Лигата на шампионите. Според локалните медиуми, Мурињо и Бенфика договориле соработка до лето 2027 година. […]

Искачување на Титов Врв за подигнување на свеста за ракот на дојката


Јавната установа Национален парк „Шар Планина“ го организира третото традиционално искачување на највисокиот врв на Шара – Титов Врв, акција која е наменета само за жени-учеснички, со  цел да се даде поддршка на жените кои се соочуваат со рак на дојка. Искачувањето ќе биде на 4 октомври (сабота), а почетна точка е паркингот на Попова […]

Во протестите ширум Франција повредени шестмина полицајци и приведени 119 лица


Во денешните протести низ цела Франција, до 14 часот се уапсени 119 лица, а шест полицајци се повредени, јави телевизијата БФМ, објаснувајќи дека полицајци биле повредени за време на судири со демонстрантите. Полицијата собири евидентирала на 439 локации низ целата земја и пребројала дека на нив се присутни околу 243.000 демонстранти. За време на протестите […]

Украина денеска презеде од Русија тела на над 1.000 убиени војници, предаде само 24


Украина денеска презеде над 1.000 тела кои и ги предаде Русија, а за кои тврди дека се тела на украински војници убиени во битка, објави на Телеграм Центарот за воени заробеници на Владата на Украина. Руски воен дописник на Телеграм напиша дека Русија зеде повеќе од 24 тела на своите мртви војници кои беа предадени […]

Општина Карпош додели стипендии на талентирани ученици и спортисти


Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Општина Карпош, им ги врачи решенијата за осуммесечните стипендии на талентираните ученици и спортисти од осмо и деветто одделение, за учебната 2025/2026 година. Во организација на Одделението за култура и спорт во рамки на денешната манифестација, првиот човек на општината додели вкупно 78 стипендии, од кои 27 за талентирани спортисти и […]

Нова едукативна кампања со фокус на 20 години од реформирањето на пензискиот систем „Засади желба за стабилна иднина“


Почна петтата едукативна кампања „Засади желба“, во организација на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Сава пензиско друштво АД Скопје и Триглав пензиско друштво АД Скопје, со поддршка од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС. Оваа година кампањата се одвива под мотото „Засади желба за стабилна иднина“, по повод 20-годишнината од […]

Швајцарскиот фармацевтски гигант „Рош“ купува американска компанија за 3,5 милијарди долари


Швајцарскиот фармацевтски гигант „Рош“ (Roche) се согласи да ја купи американската биотехнолошка компанија „89био“ (89bio, која е специјализирана за развој на лекови за заболувања на црниот дроб и кардиометаболички заболувања, во трансакција вредна околу 3,5 милијарди долари. „Рош“ денес објави дека ќе плати 14,50 долари по акција за „89био“, или вкупно околу 2,4 милијарди долари, […]

Трамп и Стармер потпишаа „договор за технолошки просперитет“ помеѓу САД и Велика Британија


Претседателот на САД Доналд Трамп и премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер, штотуку потпишаа нов договор за технолошко партнерство меѓу Велика Британија и САД, при големата посета на претседателот Трамп на Велика Британија, пренесува Би-Би-Си. Двајцата лидери го пофалија „специјалниот однос“ и „нескршливата врска“ меѓу САД и Велика Британија. Тие потпишаа ново технолошко партнерство, за […]

Полскиот министер за одбрана бара помош за борбата против дроновите од Украина


Полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш денеска пристигна во посета на Киев, за да побара помош од Украина во развојот на капацитетите за борба против беспилотните летала. – Ќе потпишеме договор за соработка помеѓу министерствата (за одбрана), но и за стекнување вештини за управување со беспилотни летала, наведе Косињак-Камиш. Дроновите, кои можат да се користат […]

Германија го усвои буџетот за 2025 година, со вкалкулирани 140 милијарди евра нов долг


  Германските пратеници денеска го одобрија буџетот на земјата за 2025 година, „тежок“ 502,5 милијарди евра вкупни расходи, вклучувајќи го и далекусежниот нов долг, јави ДПА. Буџетот е донесен по несогласувањето околу тоа како да се пополни огромниот јаз во трошењето што ја собори претходната влада во ноември. Тоа значеше дека буџетот за 2025 година […]

Кој сѐ сака да го замени Мерко во Струга? Еве ги кандидатите!


Деветмина кандидати за градоначалник на Општина Струга и 10 листи за советници ќе учествуваат на локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври, потврди за МИА Општинската изборна комисија. Во трката за градоначалник на Струга се Јована Мојсоска од Левица, Арсим Далипи од Националната алијанса за интеграција предводена од ДУИ, Љубе Петревски од Работничката […]

САД: За 8 – 15 години ќе користиме енергија произведена со фузија


Американскиот министер за енергетика Крис Рајт смета дека вештачката интелигенција ќе овозможи користење нуклеарна фузија – енергијата што ги напојува Сонцето и ѕвездите, во следните пет години, и тоа ќе биде во полза на човекот. Имено, така, наводно, „ќе се намалаат стакленичките гасови“ што ја затоплуваат планетата. Рајт изјави во интервју за „Би-би-си“ дека оваа […]

Убијците на Росица имаат име и презиме – неодговорност и корупција


Убијците на Росица и на татко ѝ имаат име и презиме – a тоа се неодговорност и корупција. Ова го истакна поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и актуелна кандидатка за градоначалничка на скопски Центар, Билјана Ивановска, коментирајќи го случајот од понеделникот кога беа убиени 31-годишната Росица Коцева и нејзиниот татко […]

Семејствата на пациентите со мускулна дистрофија бараат да се обезбеди нова генерација лекови


 Новите лекови за мускулна дистрофија кај нас се недостапни. Моментално нашите деца не се покриени со новата генерација на „ваморолон“ и „дефлазакорт“ и се користи кортистероидната терапија „декортин“, која е стара генерација лекови. Недостига и лекот „гивиностат“ за лица во мускулна дистрофија тип Душен, која го забавува процесот на прогресија на болеста и се покажа […]

Во Македонија старосниот век е понизок, добро да се размисли за зголемување на старосната граница за пензионирање


Зголемувањето на старосната граница за пензионирање е прашање на кое мора да му се посвети посебно внимание, а притоа да се земат предвид демографските показатели, животниот век и квалитетот на живот. Животниот век во земјава е понизок од светскиот просек и следствено на тоа се скратува периодот на користење на пензијата, велат од пензиските друштва.  […]

Мојсоска го нарече Манасиевски „паразит“ кој цица плата од десет места


Режимот на ДПМНЕ официјално го потврди она што долго време се зборуваше – незаконско следење на политичките противници. Кандидатката и пратеничка на Левица, Јована Мојсоска, остро реагираше на пресот на Валентин Манасиевски, кој ја нападна за плата што ја примала како едно единствено вработено лице во Левица, додека партијата на власта има десетици „платени ботови“. […]

Откриено: Кој ќе стане целосен сопственик на Армани: Еве што вели тестаментот


Фондацијата „Џорџо Армани“ ќе стане целосен сопственик на компанијата основана од модниот дизајнер, според тестаментот што го остави неодамна починатиот креатор, објавија италијанските медиуми. Партнерот и десна рака на „Армани“, Панталео Дел’Орко, ќе има 40 проценти од правата на глас во акциите на компанијата, додека Фондацијата „Армани“ ќе има 30 проценти, а внуците Силвана Армани […]