Bработените во ЈП „Паркови и зеленило“ протестираа – не зеле плата


Поради неисплатени плати и додатоци за плати денеска протестираа вработените во „Паркови и зеленило“, но и подфирмите „Флораком“ и „Луна“, кои бараат навремена исплата на нивните плати и останати бенфиции од договорите за работа. Протестот се оджа на булеварот „Илинден“, од каде испратија порака дека не се откажуваат од своите барања за исплата на се […]

Алиу: Клиниката за уво, нос и грло со нова медицинска апаратура со поддршка од турската агенција ТИКА


Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со заменик претседателот на Турската агенција за соработка и координација ТИКА, д-р Махмут Чевик и амбасадорот на Република Турција во земјава, Фатих Улусој, денеска ја посетија Универзитетската клиника за уво, нос и грло каде со поддршка од ТИКА е обезбедена нова медицинска апаратура. -Клиниката за уво, нос и грло […]

ОБСЕ/ОДИХР ќе ја истражува цензурата на ААВМУ врз Левица – тие ја селат кампањата на улица (видео)


Кампањата за локалните избори официјално започна во понеделникот, но партијата Левица не смее да се рекламира во медиумите поради скандалозна одлука на ААВМУ, за што е известен и набљудувачот на изборниот процес, ОБСЕ-ОДИХР. Со адвокатката Катерина Јовановска како претставник на правниот тим на Левица, оваа партија оствари средба со правниот аналитичар во ОБСЕ-ОДИХР, Радивоје Грујич. […]

Со настапот во „Музикферајн“ во Виена, Филхармонија испишува историја, вели директорот Имери


Директорот на Македонската филхармонија Мустафа Имери на денешниот прес по повод новата концертна сезона 2025-2026, насловена „#Без филтер“  што стартува на 2 октомври,  со концертот на кој како солист ќе настапи врвниот колумбиски виолончелист Сантјаго Канон Валенсија, го најави и гостувањето во „Златната сала“ на една од најзначајните светски концертни сцени „Музикферајн“ во Виена , […]

Во Полска уапсен украински државјанин осомничен за експлозиите на гасоводот „Северен тек“


Украинскиот државјанин Володимир З., кој беше баран од Германија за неговата наводна вмешаност во експлозиите на „Северен тек“, е приведен во Полска, објави денеска радиото RMF FM. Според извештаите, осомничениот бил на списокот на барани лица по европска потерница издадена од германски суд. Германските власти минатиот месец издадоа потерници за пет украински државјани осомничени за […]

Ѓорѓиевски ќе ja пробива улицата „Есенинова“ до „Шампионче“


Кандидатот за Градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција најави дека по преземањето на власта во Градот Скопје ќе почне со пробивање на улицата „Есенинова“ до „Шампионче“, која се очекува да ги поврзе ул.„Антон Панов“ и бул. „Борис Трајковски“. -Денеска сме овде во срцето на Кисела Вода кај улицата „Есенинова“ не […]

Премиера на младинската претстава „Челинџ“ во Театарот за деца и младинци


Во Театарот за деца и младинци утре во 20 часот ќе се изведе премиерата на новата младинска претстава „Челинџ“, авторско и режисерско дело на Јане Спасиќ. Претставата трае 78 минути и е наменета за публика на возраст од над 12 години и раскажува за викенд-екскурзија на која кога еден од учениците исчезнува без трага, групата е […]

ЕК не го коментира спорот помеѓу Хрватска и Унгарија за енергенсите


 Портпаролката на Европска комисија, Ана-Каиса Итконен денеска изјави дека ЕК го набљудува тестирањето на Јадранскиот нафтовод (ЈАНАФ) и не сака да го коментира заемното обвинување помеѓу Хрватска и Унгарија. Според најновите информации што ми се достапни, тестовите сè уште се во тек. Во контакт сме со земјите-членки, но немам коментар за коментарите на која било […]

Проекција на „101 отсто – кој ги контролира твоите избори?“ на „Џифони Македонија“


Краткиот филм „101 отсто – кој ги контролира твоите избори?“ (101% – Who controls your choices?), авторско дело на Роберта Манцо, Винченцо Капоне и Иленија Лука, претставници на Италијанската државна полиција, ќе биде прикажан денеска во 17 часот во киното „Фросина“, во рамките на програмата Creative You(th) Talks. Проекцијата е од отворен тип, а по […]

Николоски: Ако се оди како што треба во 2031, 2032 година треба да може да се патува со воз од Скопје до Бургас


Ако се оди како што треба на двете страни, во 2031, 2032 година треба да може да се патува со воз од Скопје до Бургас, најави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој во одговор на новинарско прашање на промотивен настан на Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје на […]

НОБ ја почнува сезоната на 3 октомври со „Реквием“ од Моцарт


Остануваат уште неколку дена до свеченото отворање на сезоната 2025/2026 во Националната опера и балет со едно од најмоќните и најемотивни ремек-дела во историјата на класичната музика – „Реквием“ од Волфганг Амадеус Моцарт. Ова монументално остварување повеќе од два века ја фасцинира и инспирира публиката ширум светот и се смета за едно од најзначајните и […]

Хамас го разгледува мировниот предлог на Трамп за Газа и подготвува свој одговор


Предлогот за прекин на огнот во Газа, што вчера го изнесоа САД, зависи од одговорот на Хамас на планот од 20 точки за кој претседателот Доналд Трамп рече дека е „повеќе од блиску“ до прекин на двегодишниот конфликт во енклавата. Медијаторите Катар и Египет го споделија документот со Хамас доцна синоќа откако израелскиот премиер Бенјамин […]

Компанијата „Стелантис“ затвори 10.000 работни места


Во последните четири години, компанијата „Стелантис“ скрати речиси 10.000 работни места во Италија, објави денес синдикатот „Фиом-цгил“. Синдикатот на производителите на автомобили забележува дека производството на возила, вклучувајќи комбиња и мали камиони, е повеќе од преполовено од 2004 година, објави „Ројтерс“. „Стелантис“ ги вклучува италијанските брендови „Фиат“, „Ланча“ и „Алфа Ромео“, кои значително ги намалија […]

Како Кидман и Урбан ќе го поделат богатството од 325 милиони долари?


По 19 години брак, Никол Кидман и Кит Урбан се разделија, а сега сите се љубопитни за нивниот пријавен предбрачен договор и што ќе се случи потоа – не само емоционално, туку и финансиски. Со комбинирана нето вредност од приближно 325 милиони долари,  актеркатасе проценува на импресивни 250 милиони долари во моментов, а кантри-пејачот на […]

Герасимовски најавува бесплатен оброк за сите ученици


„Од наредната година, септември 2026, обезбедуваме бесплатен оброк за сите ученици во целодневна настава, со што, родителите се ослободуваат од финансиски трошоци за храната на своите деца во училиштата. Покрај тоа, на сите ученици од петто до деветто одделение им следува бесплатна неколкудневна екскурзија низ Македонија“. Ова денеска го најави кандидатот за градоначалник на Центар […]

Пред бројни гости свечено се отвори „Букстар“, врачена наградата на Блаже Миневски


Наградата за најактуелна книга меѓу двете изданија на фестивалот „Букстар“ синоќа му беше врачена на Блаже Миневски за збирката раскази „Опаш во устата“ („Антолог“, 2025), за време на свеченото отворање на единаесетотто издание на фестивалот на европска литература во преполната сала на Културно-информативниот центар во Скопје. – Секоја награда е признание за добитникот, а сите […]

Снег од петок, студот од север ќе стегне од утре


Од утре попладне до петок под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд, локално пообилни. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 30 l/m², а локално и над 50 l/m². Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, во четврток на повисоките планини врнежите […]

Трамп на состанок со стотици генерали и адмирали


 Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе учествува на, како што локалните медиуми го оценија, необичен, состанок што ќе собере стотици адмирали и генерали од целиот свет во воена база во близина на Вашингтон. Состанокот е организиран на иницијатива на министерот за одбрана, Пит Хегсет, кој ќе одржи говор. Иницијативата му се допадна на Трамп, кој […]

Претстави, изложби и промоции на Бела ноќ во сабота во Скопје


Манифестацијата Бела ноќ ќе се одржи во сабота во Скопје. Културните институции ќе организираат претстави, изложби и промоции, кои ќе бидат отворени и достапни за сите посетители, а организатори се Универзална сала и Град Скопје. Како што информираат од Универзалната сала, програмата предвидува настан во Сули Ан  од 20 часот „Стара скопска чаршија: визии за […]

Стејт департмент: Водењето бизнис во Северна Македонија е генерално лесно, но корупцијата е постојан предизвик


Водењето бизнис во Северна Македонија е генерално лесно, а законската рамка е во голема мера во согласност со меѓународните стандарди, иако корупцијата е постојан предизвик. Големите странски компании што работат во Технолошките индустриски развојни зони (ТИРЗ) генерално пријавуваат позитивни инвестициски искуства и одржуваат добри односи со владини претставници, се наведува во извештајот на американскиот Стејт […]