Јужноафриканскиот амбасадор во Франција пронајден мртов пред хотел во Париз, паднал од 22 кат
Јужноафриканскиот амбасадор во Франција, Нати Мтетва, е пронајден мртов пред хотел во Париз, објави денеска канцеларијата на француското обвинителство, додека извори блиски до случајот споменуваат дека веројатно станува збор за самоубиство. Според еден од тие извори, 58-годишниот амбасадор бил депресивен и можеби си го одзел животот. Амбасадорот, чие целосно име е Нкосинати Емануел Нати Мтетва, […]