Најмалку илјада луѓе загинаа во свлечиште во Судан, тврди бунтовничка група


Најмалку 1.000 луѓе загинаа во лизгање на земјиште во оддалечените планини Мара во западен Судан, соопшти бунтовничката група Движење за ослободување на Судан/Армија (The Sudan Liberation Movement/Army). Како што пренесува Би-Би-Си, обилните дождови кои го зафатиле регионот неколку дена предизвикале одрон во неделата, кој оставил само еден преживеан и „израмнил“ голем дел од селото Тарасин, […]

Сончево со мала до умерена локална облачност, максималната температура до 37 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 37 степени. Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. […]

Собранието ќе ја одржи новата 67. седница


Собранието денеска ќе ја одржи новата 67. седница, на чиј дневен ред се вкупно 23 точки. Пред пратениците по скратена постапка се Предлог на законот за дополнување на Законот за работните односи, Предлог на законот за дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, Предлог на законот за дополнување на Законот за домување, Предлог на […]

Во ЕУ ќе влезат оние земји чии лидери се посветени на членството, порача Марта Кос од Бледскиот форум


  Западниот Балкан секогаш е голем дел од Бледскиот стратешки форум, регионот се смета за клучен за зачувување на геополитичката тежина на ЕУ. Во Блед во 2023 година, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, даде ветување дека ЕУ ќе биде подготвена да прими нови членови од регионот до 2030 година. Гледајќи го ветувањето две години […]

Османи од Чаир: Изборната трка станува движење за отпор


  Во мобилизирачко обраќање пред над 600 членови и поддржувачи во Чаир, кандидатот за градоначалник Бујар Османи порача дека изборната трка добива многу пошироко значење од обична политичка кампања. „Овде се создава народно-општествено движење на отпорот и надежта“, истакна Османи, обраќајќи се пред полна сала во Чаир. Според него, ова движење е одговор на исклучувањето, […]

Жителите од улицата „Шекспирова“ утре без вода поради дефект на шахта


ЈП Водовод и Канализација информира дека утре (2 септември) поради дефект во шахта на ул. Шекспирова бб (во близина на Тинекс маркет), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

Што да посадите во септември во вашата градина или на балкон?


Раната есен во Македонија носи пријатни температури и услови погодни за садење и на различни видови растенија, зеленчуци, билки и цвеќиња. Септември е период кога почвата сè уште е топла, но ноќните температури полека паѓаат, што овозможува да се подготват градините и балконите за есенската фаза од годината и наредната пролет. Климата на нашето поднебје […]

Сѐ уште активни пожарите во Илинден, Долнени и Липково, пожарите на Кожуф, Јасен и Вардариште ставени под контрола


 Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска на територија на државата регистрирани се вкупно 17 пожари на отворен простор, од кои три се активни, три под контрола и 11 пожари се изгаснати. Како што стои во соопштението од ЦУК, активни се пожарите во општина Илинден кај село Ајватовци каде што гори ниска вегетација, во […]

Марта Кос: Црна Гора можно е да стане членка на ЕУ во 2028 година, а Албанија во 2029 година


Европската комесарка за проширување Марта Кос, на денешниот панел за проширување на ЕУ на Бледскиот стратешки форум, денеска изјави дека Црна Гора до 2028 година би можела да стане прва следна членка на Европската Унија. – За мене процесот на проширување денес е некој вид на обединување на Европа, какво што сме немале во историјата, […]

Неделков: Изминатите пет години платите на просветните работници се зголемени за 70 проценти


Од 2020 до 2025 година СОНК кумулативно ги има зголемено платите за околу 70 проценти. Од јануари месец 2020 година, кога почнавме со 10 проценти зголемување, до оваа година во март месец кога имавме зголемување од седум проценти, кумулативно сите овие години зголемувањето изнесува 70 проценти. Овој континуитет ќе продолжи и следните три години, согласно […]

Германско здружение тужеше американска компанија поради чоколадите Милка: „Ги лажат клиентите“


Германскиот регулатор за заштита на потрошувачите поднесе тужба против американскиот прехранбен гигант Монделез, со образложение дека го намалил пакувањето на чоколадите Милка од 100 на 90 грама, но не и нивната цена. Регионалниот суд во Бремен потврди за новинската агенција ДПА дека тужбата ја поднело здружението за заштита на потрошувачите во Хамбург, кое го обвинува […]

Давид Бабунски потпиша за Вардар


Македонскиот фудбалски репрезентативец Давид Бабунски потпиша вечерва договор со Вардар, кој за него ќе биде прв клуб од домашното првенство во кариерата. Триесетиедногодишниот Давид Бабунски доаѓа во Вардар, откако минатата сезона беше дел од шкотскиот прволигаш Данди јунајтед, каде ја носеше и капитенската лента. Најновото засилување на Вардар потекнува од младинската академија на Барселона, по […]

Македонска државјанка сакала нелегално да изнесе 89 илјади евра од Бугарија


Државјанка на Македонија фатена на бугарска граница со скриени 89.000 евра. Бугарската гранична полиција привела државјанка на Македонија откако кај неа биле пронајдени скриени 89.000 евра, соопштија тамошните полициски власти. Настанот е пријавен на 29 август, кога 40-годишна државјанка на Македонија, патувајќи со автомобил, пристигнала на граничниот премин „Ѓуешево“ за излез од Бугарија. Граничната полиција […]

Уџум: Турција за да постигне мир со Курдите мора да го смени Уставот


 Главниот правен советник на турскиот претседател, Мехмет Уџум изјави дека за Турција да тргне на патот кон мирот со Курдската работничка партија (ПКК) ќе мора да го смени Уставот. Но, тој исклучи каков било посебен статус за Курдите. – Држава на курдскиот народ е Република Турција, Турција е татковина на курдскиот народ … Факт е […]

Кого прислушувале АНБ и АР? Мицкоски: Не сум изненаден


Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, неколку новинари и најмалку еден јавен обвинител биле незаконски следени и прислушувани од страна на лица од македонската тајна полиција (Агенцијата за национална безбедност – АНБ), во периодот од 2019 до 2024 година, јавуваат некои медиуми, но од Обвинителството ниту ги потврдуваат, ниту ги демантираат одвие тврдења. Се истражуваат […]

Смртниот биланс од катастрофалниот земјотрес во Авганистан се искачи на над 800 лица


Најмалку 800 лица загинаа, а повеќе од 2.500 се повредени во земјотресот што ја погоди североисточната авганистанска провинција Кунар – соопштија властите. – Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала го погоди источен Авганистан во близина на границата со Пакистан, при што загинаа над 800 лица, а околу 2.500 се повредени – соопшти […]

Ким Новак со „Златен лав“ за животно дело во Венеција: „Таа беше способна да проектира слабост, моќ, мистерија“


Венеција – Ѕвездата од „Вртоглавица“, Ким Новак, беше наградена со „Златен лав“ за животно дело во понеделник на Филмскиот фестивал во Венеција, каде што осамената холивудска дива го имаше своето прво јавно појавување по децении откако го напушти центарот на вниманието во средината на 1960-тите. Беше пречекана со топли, долготрајни овации пред Гилермо дел Торо […]

ШОС е против преиспитување на резолуцијата на ОН за нуклеарната програма на Иран


Шангајската организација за соработка (ШОС) составена од десет земји, вклучувајќи ги Кина, Русија и Иран, денес предупреди дека е против какво било „преиспитување“ на резолуцијата на ОН за нуклеарната програма на Иран, поради што Европејците се подготвуваат повторно да воведат санкции против Техеран. Земјите-членки на ШОС, во заедничка изјава објавена од Ксинхуа, потврдија дека „секој […]

Холивудската икона, 92, се спротивставува на биографскиот филм за романсата со Семи Дејвис помладиот


Ким Новак се спротивстави на претстојниот биографски филм за нејзиниот живот и романсата со Семи Дејвис помладиот, во кој глуми Сидни Свини. Скандалозно! во режисерското деби на Колман Доминго, а во кој глуми 27-годишната Свини, ќе се врти околу врската на Новак со Дејвис, многу контроверзна меѓурасна љубовна врска за своето време. Ќе се фокусира […]

Тројца градоначалници пак се сликаа на Вардариште – Аеродромци секојдневно го дишат


Депонијата Вардариште по октомври ќе замине во историјата! – ветува и денеска градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефановски, откако по вчерашниот пожар и утрово Аеродром, особено Ново Лисиче се разбуди во магла од чад.    Тој денеска заедно со градоначалникот на Кислеа Вода, претседател на ЗЕЛС и кандидат за градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски и […]