Нови 15 милиони евра задолжување од Светска банка за основното образование, опозицијата вели за една година сме се задолжиле 1,8 милијарди евра


Собранието на денешната 67. седница на на понатамошно второ читање проследи неколку предлог-закони, меѓу кои и Предлог на законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за унапредување на основното образование. Заменик-министерот за финансии, Николчо […]

Ѓоковиќ – Фриц и Алкараз – Лехечка во четврт-финалето на УС Опен


На последниот тениски гранслем-турнир во годината, Отвореното првенство на САД, познати се првите две четвртфинални двојки во машка и во женска конкуренција. Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе ги одмери силите против Американецот Тејлор Фриц, додека Шпанецот Карлос Алкараз ќе игра со Чехот Јиржи Лехечка. Победниците ќе обезбедат место во полуфиналето. Најтрофејниот светски тенисер Ѓоковиќ во […]

Забраната за движење во шумите и шумското земјиште се продолжува до 30 септември 2025 година


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека забраната за движење во шумите и шумското земјиште се продолжува до 30 септември 2025 година и ги повикува граѓаните на посебна претпазливост со цел спречување на појава на пожари на отворен простор. Министерството ја потсетува пошироката јавност дека и во периодот кој следи не е […]

Божиновска: Министерството за енергетика ги објавува сите договори – концесии и јавно приватни партнерства достапни на граѓаните


Отворена власт во пракса – Министерството за енергетика ги објавува сите договори – концесии и ЈПП, достапни на граѓаните, истакнала министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на денешниот владин тематски состанок за Партнерство за отворена власт, на кој се зборувало за напредокот и заложбите на институциите. Како што се наведува во соопштението […]

Над 1.000 даночни обврзници во Грција нелегално добиле 22,67 милиони евра од европските земјоделски субвенции


 Вкупно 1.036 даночни броеви во Грција добиле нелегални субвенции во вкупен износ од 22,67 милиони евра, соопшти министерот за заштита на граѓаните Михалис Хрисохоидис, презентирајќи ги резултатите од полициската истрага за скандалот со Агенцијата за управување со субвенциите од ЕУ, меѓу кои и земјоделска помош во Грција (ОПЕКЕПЕ), јави дописничката на МИА од Атина. Министерот […]

Втор независен кандидат во Кочани: Зоран Тодоров ќе трча за градоначалник


Кочани доби втор независен кандидат за градоначалник. По најавата на актуелниот в.д. градоначалник Венко Крстевски дека ќе настапи како независен, вчера своја кандидатура поднесе и економистот и граѓански активист Зоран Тодоров. Со тоа, локалната трка во Кочани добива јасен „граѓански“ фронт, независен од партиските листи. Тодоров ја официјализираше кандидатурата по пат на јавна објава и […]

Нема спојување на постапките во „Адитив“, судењето продолжува одвоено


Судечкиот совет во Кривичниот суд денеска го одби предлогот на обвинителството за спојување на постапките во случајот „Адитив“, кој се однесува на злоупотреби во државната компанија ЕСМ и фиктивни тендери вредни милиони евра. Според судот, спојувањето би довело до непотребно одолговлекување и би ги ставило обвинетите во потешка положба. Согласно одлуката, Случајот „Адитив“ сега ќе […]

2 септември во историјата – Октавијан ги порази Марк Антониј и Клеопатра во битката кај Актиум


  Во битката кај Актиум, во близина на западниот брег на Грција, римскиот водач Октавијан извојува решавачка победа против силите на Римjaнинот Марк Антониј и Клеопатра, кралицата на Египет. Пред нивните сили да претрпат конечен пораз, Антониј и Клеопатра ги пробиле непријателските линии и побегнале во Египет, каде што ќе извршат самоубиство следната година. Со […]

Пенов или Пановски – и ЛДП избира кандидат за градоначалник


Поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов и актуелниот советник во Град Скопје, епидемиологот Никола Пановски се главни фаворити за кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на ЛДП, пишува А1он. Според извори на медиумиот, оваа одлука била донесена на вчерашната седницата на Централниот одбор на партијата, каде мнозинството гласови одлучиле во трката да се приклучи […]

Најавена е изградба на голем гасовод што ќе ги поврзува Русија и Кина


Договор меѓу лидерите на Русија, Кина и Монголија резултираше со потпишување на правно обврзувачки меморандум за изградба на гасоводот „Моќта на Сибир 2“ што ќе испорачува руски гас во Кина и изградба на транзитниот гасовод „Сојуз-Восток“ за негова испорака низ Монголија, изјави Алексеј Милер, извршен директор на рускиот „Гаспром“. Шефот на „Гаспром“ ја објави изградбата […]

Жерар Депардје ќе се соочи со судење за силување пред Кривичен суд


Француски судија нареди француската актерска легенда  Жерар Депардје да се соочи со судење на кривичен суд по обвинение за силување поврзано со обвинувањата од актерката Шарлот Арно, објавија француските медиуми во вторник. Одлуката доаѓа околу седум години откако Арно официјално поднесе обвиненија за силување против актерот во 2018 година. Актерката, чиј татко бил стар пријател […]

Зголемување на субвенциите за студентски оброк од 140 на 150 денари, бараат од Студентското тело


Да се зголеми сумата на субвенционираниот студентски оброк бараат од Националното студентско тело, а за тоа во прилог имаат и пресметка во склад со стапката на инфлација по секоја буџетска година, а пред донесувањето на државниот Буџет за наредната година. Последната промена на висината на надоместокот за субвенционираниот оброк беше во 2023 година, кога се […]

Кривична за полицаецот кој ја нападна советничката Витина


Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје – Специјализирано одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против Б.М., полициски службеник во Одделението за криминалистички […]

ВЛЕН го прашува Османи: Од кога средбите со лице на црна листа се класифицирани?


ДУИ не е реформирана партија, туку групација што манипулира со националните чувства и европските стремежи на албанскиот народ за свои лични и теснопартиски интереси, истакна на прес-конференција пратеничката на ВЛЕН, Мерита Колчи-Коџаџику. „Бујар Османи призна дека имал средби со Никола Груевски во Будимпешта. Деновиве сме сведоци на едно скандалозно признание од страна на Бујар Османи, […]

И Белгија ќе ја признае палестинската држава, најави санкции за Израел


  Белгискиот министер за надворешни работи, Максим Прево, изјави дека неговата земја ќе признае палестинска држава на Генералното собрание на ОН подоцна овој месец, зголемувајќи го меѓународниот притисок врз Израел по сличните потези на Австралија, Велика Британија, Канада и Франција. Одлуката доаѓа „во светлината на хуманитарната трагедија што се одвива во Палестина, особено во Газа, […]

Инфлацијата во еврозоната во август 2,1 отсто, над очекувањата


  Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,1 отсто во август, покажаа најновите податоци од статистичката агенција Евростат во вторник. Економистите анкетирани од Ројтерс очекуваа стапката да остане непроменета од јули на 2%. Основната инфлација, која ги исклучува понестабилните цени на храната, енергијата, алкохолот и тутунот, беше непроменета од 2,3% во јули. Во меѓувреме, внимателно […]

Цената на златото надмина 3.500 долари, достигна нов рекорд


Цената на златото скокна на рекордно високо ниво во вторник, надминувајќи го претходниот рекорд поставен во април откако претседателот Доналд Трамп воведе тарифи на „Денот на ослободувањето“, во услови на слаб долар и очекувања за намалување на каматните стапки во САД овој месец. Спот златото порасна за 0,9 проценти на 3.508,70 долари за унца во […]

ДУИ: Сопругата на шефот на кабинет на Меџити добила 18.000 евра од Агенцијата за филм


Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска алармираше за, како што го нарекоа, невиден скандал и пример за непотизам, обвинувајќи дека Агенцијата за филм ѝ доделила 18.000 евра на Јехона Ајдини, сопруга на Халил Лумјани, шефот на кабинетот на вицепремиерот Изет Меџити. Според ДУИ, станува збор за млада режисерка без професионално искуство, чиј единствен проект е […]

Венеција ќе го види филмот на Софија Копола за дизајнерот Марк Џејкобс, вели дека е интимен портрет


Венеција – Интимниот портрет на модниот дизајнер  и долгогодшниот пријател Марк Џејкобс на Софија Копола премиерно се прикажува во Венеција во вторник, а двајцата се полни со пофалби еден за друг. Копола и Џејкобс беа присутни на прес-конференцијата за „Марк од Софија“ на Лидо, одговарајќи на прашања за филмот од печатот. „Кога ме замолија да […]

Бројот на жртвите од земјотресот во Авганистан надмина 1.400, талибанците молат за помош


  Талибанците побараа меѓународна помош додека Авганистан се мачи од земјотрес во кој загинаа повеќе од 1.400 луѓе, а илјадници други беа повредени. Спасувачите во понеделникот во текот на ноќта бараа преживеани откако земјотресот со јачина од 6,0 степени по Рихтеровата скала удри во неделата, уништувајќи цели села низ источната покраина Кунар во земјата, која […]