Трамп: Пентагон ќе стане Министерство за војна


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека администрацијата во Вашингтон во следните денови ќе го промени името на Министерството за одбрана во Министерство за војна со цел на Пентагон да му се врати „воинствениот етос“. Политико потсетува дека официјалното име на Пентагон по Втората светска војна беше Министерство за војна, а Трамп и претходно ја критикуваше […]

Шукова: Нов стационар и комунална полиција наместо ад-хок мерки за бездомните животни


„Изградба на државно прифатилиште за миленици заедно со Град Скопје, општините и централната власт, кое ќе работи 24 часа во денот со зголемен капацитет и комунална полиција“, кандидатката за градоначалник на Град Скопје Каја Шукова ја претстави програмата и решенијата за проблемот со бездомните кучиња пред активистите  за заштита на животните.    Таа на вчерашната […]

Топлинските бранови оставаат трајни последици врз здравјето


Изложеноста на високи температури и повторувачки топлотни бранови може да го забрза стареењето кај луѓето, со последици споредливи со штетата предизвикана од пушење, алкохол или лоша исхрана, покажа нова студија. Научниците предупредуваат дека екстремните температури, се сè почести поради климатската криза, а би можеле да предизвикаат долгорочна штета на здравјето на милијарди луѓе низ целиот […]

Поп Ацев е петтиот Македонец што го преплива Ла Манш


Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев стана петтиот Македонец што го преплива каналот Ла Манш. – Огромни честитки до Евгениј Поп Ацев од Македонија, кој денес го заврши своето пливање во Каналот за неверојатно време од 9 часа и 43 минути. Евгениј е 3-кратен светски шампион и е примен во Меѓународната сала на славните за маратонско […]

Ерупција на вулканот Етна


Вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија повторно еруптираше, соопшти Италијанскиот институт за геофизика и вулканологија (INGV). Институтот пријави големи емисии на пепел од кратерот на врвот на вулканот, иако висината на облаците не можеше да се процени синоќа. Властите прогласија највисоко ниво на тревога за воздушниот сообраќај. Меѓународниот аеродром Катанија засега останува отворен. Етна, која […]

Три хороскопски знаци очекуваат позитивни промени од 26 август 2025 година: Сè што ќе допрат се претвора во успех и злато


Ѕвездите ќе се усогласат така што три хороскопски знаци очекуваат позитивни промени од 26 август. Според хороскопот, ѕвездите ќе се порамнат поволно за 3-те знаци на Зодијакот помеѓу 26 и 31 август 2025 година, нудејќи им можности за личен и професионален развој. Оваа значајна недела им носи нов импулс на овие лица, подобрувајќи ги нивните […]

Трамп ѝ се закани на Европа заради даноците на Гугл, Епл и Aмазон


Претседателот на САД, Доналд Трамп, им се закани на земјите што имаат дигитални даноци со „дополнителни царини ex-post“ на нивните стоки доколку не ги укинат регулативите. Извори претходно изјавија дека администрацијата на Трамп размислува за воведување санкции врз службениците на Европската Унија или земјите-членки одговорни за спроведување на Законот за дигитални услуги што Унијата го […]

Сто и петнаесет години од раѓањето на Мајка Тереза – светицата на бедните


Мајка Тереза, еден од најзначајните ликови на XX век додека беше жива ја почитуваа многу луѓе ширум светот, од обични луѓе до лидери на водечките светски сили, државници, славни личности, хуманитарци, а најмногу оние кои веруваа дека може да се помогне да се победи бедата, гладта, сиромаштијата и болеста. Особено се цени нејзината идеја за […]

Австралиска премиера за „Јон Вардар против галаксијата“ во срцето на Сиднеј


Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“, во режија на Гоце Цветановски, ќе ја има својата австралиска премиера на Sydney Science Fiction Film Festival – најголемиот филмски фестивал во Австралија посветен на научната фантастика. Шестото издание на фестивалот ќе се одржи од 3 до 5 октомври во центарот на Сиднеј во престижниот комплекс […]

Последниот партнер на Џеки О. Кенеди почина на 95 години


Морис Темпелсман, долгогодишен партнер на Жаклин Кенеди Оназис до нејзината смрт, почина на 95 години по компликации од пад, според неговиот син, Леон. Темпелсман беше белгиско-американски магнат за накит кој се збогати продавајќи дијаманти од Златниот Брег на Африка. Сепак, тој можеби беше најпознат по својата врска со Кенеди Оназис, која жестоко ја заштитуваше и […]

Ги отстрани филерите? Донатела Версаче со новиот, природен изглед, изненади 


Славната италијанска дизајнерка Донатела Версаче ги изненади обожавателите со својата најнова објава на социјалните мрежи. 70-годишната дизајнерка со години ги поттикнува шпекулациите за својот изглед, иако јавно призна дека користи само ботокс. На фотографијата направена на зајдисонце, Донатела позира во бел фустан со светки, истакнувајќи ја нејзината витка фигура и свеж тен. Многумина веднаш забележаа […]

Трамп тестира до каде оди неговата моќ, ја отпушти гувернерката Кук бидејќи земала два станбени кредити


Вашингтон   -Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ја отпушта гувернерката на Федералните резерви, Лиза Кук, поради наводни неправилности при добивање хипотекарни кредити. Во јавноста, потегот на Трамп се оценува како чекор без преседан што би можел да ги тестира границите на претседателската моќ над независното тело за монетарна политика, доколку биде оспорено на суд. Трамп […]

Без струја делови од Центар и Карпош


Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска од 08:00 до 15:00 часот, ќе бидат корисниците на бул. Партизански одреди бр.15, односно станбените објекти околу објектот – Луна бизнис центар во Општина Центар, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Без струја од 11.00 до 15.00 часот, ќе останат и […]

Нема да се уриваат 30-годишните столбови на пругата до Крива Паланка, решението е во еврокодовите


Надминат е конструкторскиот проблем со столбовите на мостовите на пругата во изградба Бељаковце – Крива Паланка, втората делница за желеничкото поврзување на Македонија и Бугарија на Коридорот 8. Веќе се врши препроектирање за столбовите изградени пред 30-ина години, а домашните експерти вклучени во работите очекуваат временските и финансиските импликации да бидат на најниско можно ниво. […]

Изложба „Гласот на минатото“ – скулптура што раскажува приказни


Скулпторот Озбек Ајваз вечер, во 20 часот, во Мобилна/Монтажна галерија, локација: Парк на франкофонија, ќе ја претстави својата втора самостојна изложба „Гласот на минатото“ – скулптурална инсталација поставена во јавен простор. -Делото претставува уметнички потсетник на едно време кога читањето весници беше секојдневен ритуал, а вестите се примаа со трпение, внимание и доверба во изворите. […]

Сончево со мала до умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во источните делови ќе има услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала […]

Астрономски календар


 Денеска е вторник, 26 август 2025 година, 238-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 127 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 53 минути, а ќе зајде во 19 часот и 17 минути. Денов трае 13 часа и 23 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина, ќе изгрее во […]

Белата куќа бесна на епизода од серијата „Јужен Парк“ во која се исмева Доналд Трамп


  Белата куќа ги нападна креаторите на „Јужен Парк“ откако во една епизода од сатиричната анимирана серија отворено го исмеваше Доналд Трамп. Во епизодата, Сатаната ги отфрла додворувањата на Трамп поради неговиот мал пенис. Портпаролката на Белата куќа изјави дека серијата долго време не е интересна за никого, а заплетите на нејзините креатори не се […]

Американската Keurig Dr Pepper го купува производителот на кафе Jacobs и Douwe Egberts за 18 милијарди долари


  Американскиот гигант за безалкохолни пијалоци Keurig Dr Pepper е на добар пат да стане глобален лидер за кафе, кој ќе му конкурира на лидерот на пазарот „Нестле“, со договор од 18 милијарди долари за преземање на „ JDE Peet’s“, најголемата компанија во Европа во последните од две години. Договорот, објавен во понеделник, нуди премија […]

Трамп имал уште еден „добар разговор“ со Путин за војната во Украина


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека повторно разговарал со рускиот претседател Владимир Путин по големиот состанок со европските лидери во Белата куќа. – Секој разговор што го имам со него е добар разговор, рече Трамп, пренесе ДПА. – А потоа, за жал, се лансира бомба кон Киев или некое друго место, и тогаш јас […]