Алиу oчекува објективни резултати од анализата на кардиолошките и кардиоваскуларните интервенции


Министерот за здравство, Азир Алиу утрово одржа состанок со интерната комисија задолжена за изготвување прелиминарна анализа на кардиолошките и кардиоваскуларните интервенции во здравствените установи во државата. На состанокот присуствуваа и заменик министерот, Јовица Андовски и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Комисијата е формирана со цел собирање, обработка и анализа на податоци, со […]

И самитот на ОБСЕ во кампањата за Чаир: ДКСК и Обвинителството утврдија дека бил организиран согласно законите


  Една од работите која сигурно ќе биде дел од кампањата за изборите во скопската општина Чаир е организацијата на министерскиот самит на ОБСЕ во Скопје и парите што беа потрошени за овој голем настан. Уште тогаш имаше обвинувања кон тогашниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, дека сумите за организацијата биле преголеми. Коалицијата „Вреди“ […]

Европските акции во пад по новата криза на француската влада


Европските акции завршија со пад, бидејќи инвеститорите на берзите ги оценуваа корпоративните вести и политичките вести од Франција. Така, паневропскиот Stoxx 600 го заврши тргувањето со пад од 0,45 проценти, а германскиот DAX изгуби 0,42 проценти, објави CNBC. Францускиот CAC 40 падна за околу 1,64 проценти, откако премиерот на таа земја, Франсоа Бајру, објави дека […]

Трамп си закачи џиновски портрет на Министерството за правда


Светски познатиот дисидент Гари Каспаров го прокоментира поставувањето на портретот на американскиот претседател Доналд Трамп на зградата на Министерството за труд вчера. „Верувам дека Набоков беше тој што рече дека претпочита јавните портрети на лидерите на една нација да не бидат поголеми од поштенска марка“. Трамп очигледно не слуѓнал за тој цитат и во манирот […]

САД ѝ нудат на Русија енергетски зделки за да го убедат Путин да ја запре војната


  Американски и руски владини претставници разговараа за неколку енергетски договори на маргините на разговорите за ставање крај на војната во Украина во август, објави Ројтерс, повикувајќи се на пет лица запознаени со ова прашање. Тие рекоа дека договорот имал за цел да ја охрабри Москва да се согласи на мир во замена за ублажување […]

Германија ќе продолжи да прима бегалци од Авганистан


 Германија наскоро ќе ја укине повеќемесечната суспензија на приемот на ранливи авганистански граѓани, што вети дека ќе ја прими, објави денеска весникот „Велт“ (Welt) повикувајќи се на неименувани владини извори. Околу 2.000 Авганистанци, на кои им беше одобрено преселување во Германија во рамките на програмата за луѓе во ризик под власта на талибанците, со месеци […]

Оружје и муниција откриени во контејнер за отпад во атинска населба


 Рачна бомба; оксидирани делови од минофрлачки гранати, од огнено оружје и митралез; различни делови од оружја од Втората светска војна, но и 14 икони, биле пронајдени во контејнер за отпад во атинската населба Кесариани, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од грчката полиција, рано утрово биле информирани за оружјето и муницијата, а […]

Руските цивилни аеродроми ги редуцираат летовите поради нападите на украинските дронови


Неколку цивилни аеродроми во Русија синоќа привремено ги редуцираа летови поради украинските напади со беспилотни летала во рускиот воздушен простор, соопшти Федералната воздухопловна управа „Росавијација“. И аеродромот Пулково, во Санкт Петербург беше засегнат откако десетина украински дронови биле пресретнати на периферијата на градот. Поради заканата од украинските дронови се редуцира и работата на аеродромите во […]

Трамп: Кина мора да ги снабдува САД со магнети или ќе се соочи со царини од 200 отсто


Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царини до 200 отсто на кинескиот увоз доколку Пекинг не успее да обезбеди сигурно снабдување за САД со магнети направени од ретки земјени елементим јави ДПА. Зборувајќи синоќа во Белата куќа за време на состанокот со јужнокорејскиот претседател Ли Џе Мјунг, Трамп рече дека „тие мора […]

Револуција во енергијата доаѓа од Јапонија. Еве како функционира технологијата на иднината


Јапонците отворија осмотска електрана во југозападниот град Фукуока, втора од ваков вид во светот. Се предвидува дека ќе произведува 880 илјади киловат-часови електрична енергија годишно, што е доволно за напојување на централите што снабдуваат вода за пиење во градот и околните области, пишува Гардијан. Ова е нова технологија која, според истиот извор, се користи во […]

Анализа: Инфлацијата не се победува со популизам туку со структурни реформи и строга буџетска политика


Проекцијата од 2,7% инфлација за годинава станува се понеостварлива. Според последните податоци од Заводот за статистика во јуни годинава во споредба со истиот месец лани инфлацијата е зголемена за 4,8% а цените на мало се зголемиле за дури 5,3%, пишува Порталб.мк. Премиерот Мицкоски најави “непопуларни “ мерки за намалување на ценовниот притисок на долг рок. […]

Поетите од СВП наздравуваа со врвни вина во Кавадарци: „Тиквеш“ и годинава инспирација за светска поезија 


Врвна поезија се наздравуваше со врвни вина и гастрономско мени, на врвна локација, вчера, во Винарската визба „Тиквеш“, во Кавадарци. Во чест на 140-годишниот јубилеј, најголемата и најнаградувана винарница од регионот во глобални рамки, традиционално беше домаќин на најреномираните светски и домашни поети кои учествуваа на годинешното 64-то издание на Струшките вечери на поезијата (СВП) […]

Деканот на Градежниот факултет Горан Марковски ќе биде кандидат за градоначалник на Скопје


И Граѓанската платформа „Независни заедно“ ќе има свој кандидат за градоначалник на Скопје, професор доктор Горан Марковски – Декан на Градежниот факултет, како што го најавуваат „истакнат интелектуалец и борец за безбедно и убаво Скопје“. „Заедно да му дадеме шанса на градот, шанса да го водат стручни лица со храбро лидерство и визија за поубав […]

Мециновиќ ќе го прави Скопје град во кој автомобилите ќе станат непотребни


Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на Левица, Амар Мециновиќ, на социјалните мрежи упати критика кон досегашните власти и повика на мобилизација на сите слободоумни луѓе кои го сакаат својот град. „Скопјани, кои го изградија градот, не можат да обезбедат домови во него, поради лудите цени од нехуманата урбанизација!Не можат да се движат […]

Разочарани и незадоволни – пелагониските земјоделци во загуба со пиперката-ајварка


  БИТОЛА – Почна откупот на пиперката ајварка од првата берба во Пелагонија и земјоделците од самиот почеток се разочарани од откупната цена. Наместо 35 денари за прва-втора класа, како што се договорија земјоделските асоцијации со откупувачите, на терен друга слика. Разочарувачка, велат земјоделците. Килограм ајварки оди од 25 до 27 денари. Пред нецел месец […]

Герасимовски: Поставени шест куќи засолништа за бездомни животни во Паркот на Франкофонијата


Општина Центар доби шест куќички-засолништа за бездомни животни како донација од Амбасадата на САД. Куќичките, изработени од локални архитекти, се поставени во Паркот на Франкофонијата во рамки на проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерство“. Проектот има за цел подобрување на условите за бездомните животни и поттикнување на инклузивноста во јавните простори. Донацијата, првично […]

Трамп: Пентагон ќе стане Министерство за војна


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека администрацијата во Вашингтон во следните денови ќе го промени името на Министерството за одбрана во Министерство за војна со цел на Пентагон да му се врати „воинствениот етос“.Политико потсетува дека официјалното име на Пентагон по Втората светска војна беше Министерство за војна, а Трамп и претходно ја критикуваше промената […]

ВЛЕН бара истрага за работењето на Бујар Османи како министер


Еден месец по објавувањето на негативниот извештај на Државниот завод за ревизија за трошењата во Министерството за надворешни работи во времето кога министер беше Бујар Османи, Обвинителството и судството сѐ уште не презеле никакви мерки, реагираат од ВЛЕН. Оттаму велат дека тоа отвора сериозни сомнежи за нетранспарентност и злоупотреби на јавни средства. „Ревизорите утврдија дека […]

Значителен раст на интересот за студирање машинство – на Машинскиот факултет при УКИМ запишани 233 студенти


Машинскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во академската 2025/26 година, бележи извонреден успех на првиот уписен рок за прв циклус студии. На овој рок се запишаа вкупно 233 студенти, што претставува зголемување од дури 43% во однос на минатата академска година. Овој значителен пораст претставува јасен показател за зголемениот […]

Бесплатни униформи, ранци и прибор за учениците во Центар


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска одржа работен состанок со директорите на сите општински основни училишта по повод започнувањето на новата учебна година. На состанокот се разгледуваа финалните подготовки за првиот училишен ден. Во сите училишта во тек се активности за темелно чистење, а во наредните денови ќе се спроведе и задолжителна дезинфекција, дезинсекција […]