Дончиќ ќе ја предводи Словенија на Еуробаскет 2025


Селектрот на словенечката кошаркарска репрезентација Александар Секулиќ го соопшти списокот од 19 играчи, за подготовките за претстојното Европско првенство 2025. Предводник на репрезентацијата ќе биде НБА ѕвездата во словенечкиот тим Лука Доничиќ. Словенија во првата фаза ќе игра во групата Д во Катовице, а противници им се Исланд, Франција, Полска, Белгија и Израел.  Играчот на […]

Федерер се врати во Кралската ложа на Вимблдон за мечот на Ѓоковиќ


Лондон— Роџер Федерер се врати на Вимблдон. Осумкратниот шампион на Ол Ингланд Клубот седеше во Кралската ложа за да ги гледа натпреварите од четвртото коло во понеделник на Централниот терен, почнувајќи со неговиот поранешен ривал Новак Ѓоковиќ кој играше против Алекс де Минаур. Федерер беше пречекан со силен аплауз кога влезе во ложата заедно со […]

Ѓоковиќ обезбеди четвртфинале на Вимблдон


Лондон – Најтрофејниот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја оствари и четвртата победа на годинашното издание на Гренд-слемот Вимблдон. Шесто рангираниот во Лондон, во осминафиналто по по 3 часа и 20 минути игра, во четири  сета го победи Алекс де Минаур. Австралиецот го доби првиот сет многу лесно со 6-1. Иако се чинеше во тој момент […]

Бура го затвори аеродромот во Будимпешта, како и осум од 11 железнички линии во Унгарија


Поради бура на меѓународниот аеродром „Лист Ференц“ во Будимпешта попладнево е во прекин воздушниот сообраќај над Унгарија. Холот за заминување на Терминалот 2А беше делумно поплавен, па зградата беше евакуирана. Нема повредени, а проценката на штетите е во тек, објави унгарскиот портал Индекс. Според неименуван извор кој работи на аеродромот во Будимпешта, бурата не го […]

Поради пожар целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце


 Поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце, информираат од МВР. Оттаму додават дека во координација со другите надлежни институции Министерството презема мерки за гаснење на пожарот. Апелираат до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце […]

Јавниот долг на Србија на крајот на мај бил 38,77 милијарди евра, што е 44 проценти од БДП


Јавниот долг на Србија на крајот на мај годинава изнесуваше 38,77 милијарди евра и тоа е 44 отсто од бруто-домашниот производ (БДП), соопшти Министерството за финансии. Во април, јавниот долг изнесуваше околу 38,70 милијарди евра, или 43,9 проценти од БДП. На крајот на 2024 година, јавниот долг на Србија изнесуваше околу 38,9 милијарди евра, или […]

Според Дафина, рано е да се оценува дали владата помага за Кочани


Дафина Стојаноска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната Комисија за финансирање и буџет во Собранието повика на воздржаност. Таа нагласи дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ спроведува координирана акција за помош и има јасен план за долгорочна поддршка на повредените и семејствата на загинатите. ,,Денес, а и многу пати наназад после несреќата, премиерот соопшти дека Кочани е […]

Унгарија се врти против Орбан


Помалку од една година пред најзначајните избори во Унгарија во една генерација, неговата политичка империја се урива на секое ниво – во Парламентот, во градските собранија и низ целата европска сцена. Некогаш највкоренетиот автократ во ЕУ, Виктор Орбан сега се соочува не само со пораз, туку и со понижување. Бројките се непоправливи. Нова анкета од […]

Пак гори кај Самоков – кај фабриката за оружје


По повторното активирање на пожарот во кругот на фабриката за оружје и муниција АТС АММО во населба Самоков во моментот гори ниска вегетација и површина со трева и дрвја, и во кругот и надвор од кругот на фабриката. Пожарот засега нема зафатено производни хали или други магацински капацитети, но итно се преземаат мерки за негово […]

Мизо: Глобалните случувања ќе влијаат врз инвеститорите во земјава и нивните одлуки


Глобалните случувања ќе влијаат врз компаниите што се во земјава, но и врз нивните одлуки каде и како да ги пласираат своите производи, оцени денеска претседателот на Советот на странски инвеститори Виктор Мизо. Како што истакна Мизо на прес-конференција во Владата, царините што ги воведе Трамп имаат делумно влијание и тоа главно врз фирмите што […]

Паника меѓу московската елита дека Путин ќе им ги национализира имотите


Владата на Владимир Путин започна агресивна кампања за национализација на средствата на Константин Струков, еден од најбогатите луѓе во Русија и сопственик на најголемата компанија за рударство на злато во земјата. Овој потег означува остра ескалацијана напорите на Кремљ да извлече богатство од сопствената елита, додека финансиските последици од војната во Украина се продлабочуваат. Струков, […]

Потврдена смртта на 27 девојчиња и воспитувачи во кампот „Мистик“ по поплавите во Тексас


Кампот „Мистик“ објави дека 27 ученици и воспитувачи ги загубиле животите во поплавите во Тексас. -Нашите срца се скршени за семејствата кои ја доживуваат оваа незамислива трагедија. Нашите молитви се со нив, се вели во соопштението на официјалната веб-страница на кампот. Во соопштението се додава: „Во контакт сме со локалните и државните власти кои неуморно […]

Младинската ракометната репрезентација на Македонија замина на ЕП во Црна Гора


Младинската женска ракометна селекција денеска отпатува за Црна Гора, каде што ќе настапи на Европското првенство. Пред почетокот на првенството, нашите младинки вечерва ќе одиграат пријателски натпревар со Косово со почеток во 19 часот и 30 минути. а утре националниот тим продолжува кон Црна Гора. Македонија е во групата А, заедно со селекциите на Унгарија, […]

М-НАВ: Преземаме чекори за доекипирање со кадри


АД во државна сопственост за услуги во воздухопловна навигација М-НАВ  денеска соопшти дека презема чекори за доекипирање со кадри, имплементација на нови технологии, замена на старата опрема и реорганизација, како и дека во првата половина од годината остварени се позитивни резултати со зголемување на бројот на прелети над македонското небо за над 12 проценти. Според […]

Земјотрес во Валандовско


Земјотрес со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала бил почуваствуван денеска во 13.35 минути во Валандовско, соопшти Сеизмолошката опсерваторија. Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 13 часот и 35 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува […]

Левица: Хермелините не издржаа ни 24 часа, се расипаа пред да „видат“ пожар


Левица тврди дека еден од хермелините со кои требаше да се гасат пожари во Македонија, а кои покренаа лавина реакции, веќе се расипал и пред да „види“ пожар. -Не поминаа ни 24 часа од како премиерот Христијан Мицкоски и неговиот верен партнер во ПР-експедиции, Стојанче Ангелов, гордо позираа покрај „новите“ хермелини за гаснење пожари, а […]

Муцунски во Холандија, се заблагодарил за поддршката


  Унапредувањето на билатералните односи, поддршката од Холандија за европската интеграција на државата и актуелните регионални и глобални предизвици биле во фокусот на разговорот помеѓу министерот за надворешни работи и надворешна трговија  Тимчо Муцунски и  министерот за надворешни работи на Холандија, Каспер Велдкамп денеска во Хаг.  На средбата, Муцунски изразил благодарност „за принципиелната и континуирана […]

Доделени ВАР сертификатите за македонските судии


По неколку месечна обука со многу предавања, практична работа, симулации и тест натпревари со реална примена на ВАР системот, во присуство на судиите, ВАР проектниот тим, операторите и едукаторите од ФИФА, свечено беа доделени сертификатите за првата генерација ВАР судии во Македонија пред „куќата на фудбалот“. Со тоа е завршен еден процес на имплементирање на […]

АЦВ со зголемен капитал и ликвидност, извештајот за 2024 усвоен од собраниската комисија


Собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање денеска без дискусија и едногласно со шест гласа „за“ го усвои Извештајот за реализација на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2024 година. Претходно, претседателот на Комисијата ги извести членовите на Комисијата, дека Владата на Република Северна Македонија […]

Рускиот министер за транспорт беше разрешен, а тој потоа се самоуби


  Поранешниот руски министер за транспорт, Роман Старовоит, е пронајден мртов откако беше сменет, објавија каналите на Телеграм „112“ и „База“, кои се блиски до безбедносните сили. Според нив, функционерот се застрелал во својот дом во селото Мјакинино. Извори велат дека причината може да биде кривично дело – сведоштво против Старовоит дал поранешниот началник на […]