Албанскиот министер за Европа и надворешни работи Игли Хасани во посета на Македонија


Албанскиот министер за Европа и надворешни работи Игли Хасани денеска ќе престојува во посета на Македонија. Домаќин му е министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, а, како што е најавено, посетата ќе се реализира во Охрид и Струга. Пристигнувањето и пречекот се предвидени за рано утрово во вила „Охрид“, по што е […]

Грант од ЕУ од 5,5 милиони евра за енергетска ефикасност на студентски домови


Министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорот на Германската развојна банка за Југоисточна Европа, Клаус Милер денеска во Владата ќе потпишат договор за неповратен грант од ЕУ во износ од 5,5 милиони евра, кои ќе се искористат за енергетски ефикасна рехабилитација на државните студентски домови во државава.  – Средствата се обезбедени преку Инвестициска […]

Бројот на загинати во поплавите во Тексас надмина 100 лица


Бројот на загинати од разорните поплави во американската сојузна држава Тексас на 4 јули достигна 104 лица, додека спасувачките тимови продолжуваат со потрага по исчезнатите во надојдените реки и расчистување на паднатите дрвја. Властите најавија дека ќе почекаат со одговорите на прашањата околу метеоролошките предупредувања и зошто некои летни кампови не биле евакуирани навреме, иако […]

Изложба „Beauty spot III“ на Иван Аџиевски


 Во Мобилна/Монтажна галерија во Паркот на франкофонија вечер ќе биде отворена самостојната изложба на Иван Аџиевски „Beauty spot III“. Како што информира Центарот за современи уметности Скопје, „Beauty Spot III“ опфаќа 12 слики работени во комбинирана техника со микс на медиуми на кои е претставен женски лик и акт во експресионистички манир со делумна апстракција […]

Војската учествува во гаснењето пожари низ цела Србија


На барање на Министерството за внатрешни работи и локалните самоуправи, Армијата на Србија итно ангажираше хеликоптер, противпожарни возила, цистерни за вода и потребен персонал за помош при гаснење на пожарите што избувнаа на неколку локации во државата. Како што наведува Министерството за одбрана, пожари излегле од контрола поради неповолните временски услови во близина на Крагуевац, […]

Нетанјаху го предложи Трамп за Нобелова награда за мир


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека го номинирал американскиот претседател Доналд Трамп за Нобелова награда за мир, предавајќи му копија од писмото испратено до Нобеловиот комитет. – Додека зборуваме, тој носи мир од земја во земја, од регион во регион, рече Нетанјаху на почетокот на официјалната вечера со Трамп во Белата куќа. Тој додаде дека […]

Уапсен скопјанец, подметнал пожар во Ѓорче Петров


                              Вечерва (07.07.2025) полициски службеници од СВР Скопје на територија на Ѓорче Петров го лишија од слобода Д. Н. (57) од Скопје поради основи на сомнение дека околу 21.40 часот подметнал пожар односно запалил сува трева во тревникот на ул. “Стево […]

За Србија царини од 35 отсто: Еве што пишува во писмото на Трамп до Вучиќ


Американскиот претседател Доналд Трамп во писмо го информираше српскиот претседател Александар Вучиќ дека почнувајќи од 1 август, САД ќе воведат дополнителни царински давачки за увоз на стоки од Србија во износ од 35 проценти. Трамп го објави писмото што му го упати на Вучиќ и лидерите на другите земји на својата социјална мрежа Truth Social. […]

Нормализиран сообраќајот од и кон Граничниот премин Блаце


Министерството за внатрешни работи соопшти дека вечерва е нормализиран сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце и граѓаните можат непречено да се движат во двата правци.  Нормално функционира и граничниот премин Блаце. Како што  информира АМСМ, сообраќајот на ГП Блаце, во двата правца се одвива нормално за автомобили, а наизменично движење за тешки товарни возила со […]

Вимблдон: Димитров доминираше над Синер, но поради повреда го предаде мечот


Најголем губитник на годинашниов Вимблдон е Григор Димитров од Бугарија, кој во осминафиналето против најдобриот играч на светот Јаник Синер од Италија при водство од 2:0 во сетови (6:3 и 7:5) во третиот сет при резултат 2:2 во гемови поради повреда мораше да го предаде мечот. Последниот поен во мечот го освои Димитров со ас […]

Рекорден број урнати домови и убиени Палестинци на Западниот Брег


Ли Авад е уморен. 27-годишниот жител на Туба, едно од десетината села што го сочинуваат Масафер Јата во сушните јужни ридови Хеброн на окупираниот Западен Брег, бил буден цела ноќ гледајќи како маскиран израелски доселеник на коњ кружи околу неговата семејна куќа. „Кога го видовме маскираниот доселеник, знаевме дека сака насилство“, рече Авад, со крвави […]

Земјотрес од 5,2 степени го погоди Крит


Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 19:46 часот на грчкиот остров Крит. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 18 километри под површината на земјата. Засега нема информации за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата. 

Пожарот во Чучер Сандево надвор од контрола


Пожарот на територијата на Чучер Сандево и покрај интервенциите од воздух, се уште е надвор од контрола, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според ЦУК, чадот се проширува низ целата општина и селата Чучер, Мирковци, Глуво, Бразда, се до Бутел, а регистриран е и нов пожар во атарот на село Кучевиште, кој зафаќа голема […]

Тренчевска: Не може цела помош за Кочани да бидат донациите од граѓаните


Зарем државата треба да дозволи само на донациите од граѓаните да се сведе целата поддршка на настраданите од Кочани, тоа е срам за власта, срам за владата, а тоа што денес го направи пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ е срам за Собранието, истакна пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, во дебатната емисија „Топ тема“ […]

Над 20 лица настрадале во напад на пчели во француски град


Невообичаен напад од пчели во францускиот град Оријак повреди 24 лица, вклучувајќи тројца кои беа во критична состојба, но оттогаш состојбата им се подобри, според локалните власти. Минувачите беа каснати во период од околу 30 минути во неделата наутро, според префектурата Кантал, во јужно-централна Франција. Пожарникарите и медицинските екипи ги лекуваа жртвите, додека полицијата постави […]

Тежок пад и откажување на победникот на првата етапа на Тур Де Франс


Јаспер Филипсен од Белгија, кој победи на првата етапа на годинашново издание на Тур Де Франс доживеа лош пад и се откажа од трката во третата етапа. Спринтерот Филипсен имаше одличен почетокот на трката и триумф во саботната стартна етапа, но денеска доживеа шок по падот и за него трката е завршена. Филипсен возеше во […]

Овие знаци укажуваат дека не внесувате доволно протеини


Иако протеините се неопходни за многу функции во телото, нивниот недостаток често останува незабележан. Многу луѓе не се свесни дека не внесуваат доволно од оваа важна хранлива материја, а симптомите што се јавуваат честопати се погрешно протолкувани или целосно игнорирани. Недоволниот внес на оваа важна хранлива материја може да доведе до различни симптоми што честопати […]

Во регуларниот дел осум, а во плеј офот и плеј аутот по девет странски играчи


Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија донесе одлука по предлог на конференцијата на клубовите од машката Супер лига за зглемување на бројот на странски ракоемтари. Во текот на сезоната 2025/2026 бројот на странски ракометари на еден натпревар ќе биде девет ракометари за време на завршниот дел односно Плеј офот или Плеј аутот, додека бројот […]

Сè уште наизменично движење на автомобили во двата правца кај „Блаце“ и забрана за камиони


 Сè уште трае наизменичното движење на патнички моторни возила во двата правца кај граничниот премин „Блаце“, соопшти АМСМ. За тешките товарни моторни возила важи целосна забрана за сообраќај. МВР веќе информира дека поради пожарот над селото Чучер, целосно е прекинат сообраќајот кон граничниот премин „Блаце“, а преминот е воедно и затворен. Според последните информации на […]

БРИКС го осуди негирањето на климатската криза и донесувањето закони против уништувањето на шумите


Лидерите на земјите во развој, членки на БРИКС, денеска разговараа за заедничките предизвици на глобалното затоплување, за време на кои тие презентираа барање богатите земји да го финансираат ублажувањето на емисиите на стакленички гасови во посиромашните земји, а исто така беа осудени и воведувањето данок на јаглерод и донесувањето закони против уништувањето на шумите, објавија […]