(Видео) По силниот земјотрес, еруптира вулкан на Камчатка


Вулканот Клјучевска Сопка на Русија на полуостровот Камчатка започна да еруптира откако силниот земјотрес го погоди Тихиот Океан во средата, објави геолошкиот надзор, пренесува Ројтерс. Во изјавата објавена на Телеграм, геофизичката служба на Руската академија на науките рече: „Течење на црвена, жешка лава е забележано на западниот наклон. Над вулканот има силен сјај, експлозии”. Клјучевска […]

Ганиу: Дивоградбите во Чаир ги наследивме, Арсовска е мегафон на ДУИ


Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу ѝ возврати на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која преку фејсбук-статус неодамна побара негово апсење поради, како што наведе, „злосторничко здружување, фалсификување јавни исправи, перење пари, злоупотреба на службена должност и загрозување на безбедноста на граѓаните на Чаир“. Ганиу не само што ги негираше овие обвинувања, туку и ја обвини […]

Иницијатива „Нула“: Политичка парада околу спомен обележјето за Модуларната болница


Неколку недели пред да се наполнат четири години по трагедијата во Тетово во која животот го загубија 14 лица, пратеници од ВЛЕН и од ВМРО-ДПМНЕ, како и министри, се собраа денеска во Тетово за да го означат почетокот на активностите за изградба на спомен-паркот за 14 жртви од пожарот во модуларната болница. Од „Иницијативата Нула, […]

Нема изгледи за зголемување на минималната плата, ССМ многу барал


Разочарувачки вести за работниците по денешната седница на Економско социјалниот совет, каде што не поминал предлогот на Сојузот на синдикати на македонија за зголемување на минималната плата. Како што изјави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, по средбата на синдикатите, работодавачите и Владата во рамки на ЕСС, тие дури биле искарани затоа што бараел многу. „За […]

Тешка сообраќајка на автопатот Марибор-Љубљана, пет лица загинаа, сите се странски државјани


Автопатот Штаерска (Марибор – Љубљана) е целосно затворен во правец кон Љубљана, пред одморалиштето Тепање, поради тешка сообраќајна несреќа во која загинаа пет лица, а едно лице е повредено. Сите се странски државјани. Според првичните информации од полицијата, возач на комбе удрил во камион кој стоел во колона, објавува 24ur.com. Несреќата предизвикува сообраќаен метеж во […]

СДСМ ги отфрли обвинувањата на Лефков како флагрантна лага и политичка монтажа


СДСМ ги отфрли обвинувањата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, за наводна улога на екс премиерот Зоран заев во нарачување на пожари во Македонија  како – флагрантна лага и политичка монтажа. -Нема дно до кое ВМРО-ДПМНЕ и Миле Лефков нема да паднат во своите очајнички обиди за дефокус од нивната неспособност да се справат со […]

Доцниме две години, правиме сѐ Скопје да не ја изгуби титулата за Град на културата во Европа за 2028, вели Љутков


На програмата со која Скопје ја доби титулата за европска престолнина на културата во 2028, која ја дели заедно со Ческе Будјејовице во Чешка и Бурж во Франција, Град Скопје, како носител на проектот, работи, а формирано е и Координативно тело од 13 членови кои одржаа веќе неколку состаноци, брифираше денес, министерот за култура и […]

Продолжен притворот за возачот кој го усмрти пешакот на патеката на скопскиот кеј и избега


По целосно спроведена истражна постапка и обезбедени докази, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторени – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик, како и – Неукажување помош на лице повредено во […]

Осум јавни научни установи две години ќе работат на истражувања од национален интерес за Македонија


Осум јавни научни установи две години ќе работат на истражувања од висок стратешки и национален интерес за Македонија, со поддршка на Министерството за образование и наука од 23,7 милиони денари. Меѓу одобрените проекти се Етимолошкиот речник на македонскиот јазик, истражувањата на Охридското Eзеро, Лексиконот на македонскиот фолклор како и истражувањето на културното наследство на Албанците […]

Од 4 август онколошките пациенти ќе можат таблетарната терапија да ја подигнуваат од аптеките


 Oд 4 август онколошките пациенти ќе можат да ја подигнуваат таблетарната терапија (анастрозол и летрозол) во аптеките, изјавија за МИА директорите на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски и Бранко Аџигогов. – Денеска ќе биде објавен шифрарникот со важност од 4 август, од кога ќе можат пациентите на рецепт да подигнат терапијата од аптека. […]

Бебе донесено починато на скопската Детска клиника


Бебе вчера било донесено починато на скопската Детска клиника.  – На 29.07.2025 во 07.30 часот во СВР Скопје, од Детска клиника Скопје било пријавено дека кај нив во 06.40 часот било донесено едноиполмесечно машко бебе од Скопје без знаци на живот, информираа од полицијата.  Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на […]

Муртезани контра политиката на Собранието за Палестина


Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, се дистанцираше на некој начин од политиката на македонското Собрание за Палестина, каде што не помина резолуцијата со која се бараше да се отвори пат за хуманитарната помош во Газа. На заедничката прес конференција со ирскиот министер за европски прашања, Томас Бирн, Муртезани изјави дека, без оглед колку сме […]

Љутков очекува Универзална сала да биде реновирана до крајот на 2027


Запрашан до каде е постапката за Универзалната сала во Скопје и кога можеме да очекуваме таа да биде целосно санирана и пуштена во употреба, министерот за култура, Зоран Љутков денес ги брифираше медиумите дека пред две недели поднел информација на седница на Влада за постапките. Вели дека се завршени сите заклучоци и сите процеси кои […]

Згаснува Агенцијата за поддршка на туризмот, вработените преминуваат во Министерството за култура и туризам


Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот престанува да постои како самостојна институција и ќе биде во состав на Министерството за култура и туризам, што е официјализирано со измените на  Законот за туристичката дејност што вчера беа усвоени во Собранието. Триесетина вработени во Агенцијата ќе бидат префрлени во секторот за туризам на Министерството кој ќе […]

Вештачката интелигенција вели дека ова е најатрактивната и најшарена дестинација во светот! Кои други градови и области се најдоа на листата?


Ново истражување направено со помош на вештачка интелигенција покажа кои места во светот се најшарени. Креативното студио Berlew – користејќи вештачка интелигенција за обработка на фотографии од улиците на 125 градови – анализираше колку се шарени најпознатите дестинации во светот. На секоја слика беа идентификувани пет доминантни бои, а потоа беа креирани палети и рангирања […]

Мицкоски им порача на синдикатите и на работодавачите да зборуваат бројките, а не празната реторика


Премиерот Христијан Мицкоски во обраќање на денешната седница на Економско-социјалниот совет, кој заседава по подолго време, порача дека може да се донесат добри решенија ако интересот на граѓаните е поважен од личните или политички разлики. Разликите помеѓу Владата и дел од синдикатите како и со другите чинители во рамки на Советот, според него, се дополнителна […]

Кога детската уметност добива сцена – Комерцијална банка и оваа година со „Битолино“


Во август Битола традиционално станува сцена на детската уметност, љубопитност и бескрајна креативност. Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“ и оваа година ќе ги донесе најдобрите детски претстави од целиот свет пред домашната публика. Под мотото „Театарот го менува светот“ од 3 до 7 август во НУ Центар за култура во Битола ќе се одржи 14. […]

ССМ бара да се разговара за растот на платите, работодавачите велат да се биде внимателен


На седницата на Економско-социјалниот совет, којашто е во тек, ќе се разговара за програмата за работа и за потрошувачките кошнички. Од Сојузот на синдикати пред почетокот на седницата најавија дека ќе го покренат прашањето за зголемувањето на минималната плата на 500 евра и за усогласување на останатите плати, односно нивно зголемување за 6.000 денари. Од […]

Состојбата на водоводните претпријатија може да се подобри, ако РКЕ ја определува крајната цена, вели Бислимоски


Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Марко Бислимоски е оптимист дека може да се подобри состојбата на јавните водоводни претпријатија во државата доколку РКЕ ја определува крајната цена за секоја водна услуга. Тоа, како што вели, ќе ги намали загубите на вода и ќе придонесе […]