АЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија преку јавно наддавање


 Агенцијата за електронски комуникации донесе Одлука за распишување на јавен тендер со јавно наддавање за доделување на одобренија за користење на радиофреквенции од радиофреквенциските опсези 700 MHz, 1800 MHz и 3.x GHz.  Одлуката следува по јавната расправа за таа намена која резултираше со Писмa за искажување на интерес од ОНЕ Македонија Телекомуникации ДООЕЛ Скопје, Битстрим […]

Сончево и топло, со температури до 37 степени


 Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северoзападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).  Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. […]

Дали знаете како талогот од кафе може да помогне во вашата градина?


Како и повеќето органски кујнски отпад, талогот од кафе е одличен за рециклирање во градината, а многумина го користат за одвраќање на други инсекти. Талогот од кафе се препорачува за широк спектар на употреба – за одвраќање на полжави, како и за контрола на штетници, па дури и на некои животни. Сепак, поради големата варијабилност […]

Жена од Калифорнија се породила четири пати на ист ден: Нереално е што сите го слават својот роденден заедно


Жена од Калифорнија неодамна го роди своето четврто дете, кое случајно го дели истиот датум на раѓање како и нејзините три постари браќа и сестри. Според американските медиуми, Наужа Дрејк (26) го родила својот син Кајлоу на 7 јули, а ги има и Кјуан, кого го родила во 2019 година, ќерка На’Заиле, која ја добила […]

Германскиот амбасадор во Софија: Бугарија и Македонија не се во билатерален спор


  „Францускиот предлог“ за Северна Македонија, кој предвидува вклучување на Бугарите во уставот на земјата, нема да биде репреговаран, изјави денеска германската амбасадорка во Софија, Ирене Марија Планк. Во поткастот на телевизијата БНТ, таа коментираше дека „овој договор е резултат на унифициран консензус на сите земји од ЕУ и тој е основа Северна Македонија да […]

САД го отфрлија договорот на СЗО за пандемии


САД го отфрлија договорот усвоен од земјите-членки на Светската здравствена организација (СЗО), чија цел е да ја зголеми подготвеноста за идни пандемии по нееднаквите реакции на коронавирусот, соопшти денеска американската влада. Министерствата за надворешни работи и за здравство соопштија дека денеска официјално ја известиле СЗО дека САД го отфрлаат правно обврзувачкиот акт усвоен во мај […]

Словенија легализираше потпомогнато самоубиство


Словенија денеска легализираше потпомогнато самоубиство, што беше поддржано од граѓаните на минатогодишниот референдум. Законот им дава право на пациенти кои боледуваат од неизлечиви болести и чие страдање или здравствена состојба се неподносливи, да си го завршат животот, освен во случај на ментални болести, пренесе Хина. Ова право ќе може да се примени и во случаи […]

Активни осум пожари, под контрола пет и 12 изгаснати


Активни се осум пожари на отворен простор заклучно со 18:30 часот, од вкупно 25 во текот на денешниот ден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Изгаснати се 15, а под контрола се пет пожари на отворено. ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Василево кај с. Нивичино каде гори нискостеблеста шума, во Македонски Брод […]

Кинеската сонда Тианвен 2 испрати прекрасни фотографии од Земјата и од Месечината


Кинеската сонда Тианвен 2 ги фотографираше Земјата и Месечината на пат кон астероидот во мисија за собирање примероци. Сондата беше лансирана од Сичанг на 28 мај со помош на ракетата Long March 3B и се упати кон мистериозен астероид наречен Камо’оалева. Недолго по заминувањето на патувањето, таа ја искористи можноста да ги тестира своите камери. […]

Основците ќе ги добијат учебниците по сите странски јазици по 1 септември


Основците по 1 септември ќе ги добијат учебниците по сите странски јазици кои им се потребни за наставата, најави вчера министерката за образование, Весна Јаневска. На вчерашната конференција за печат посветена на воведување на вештачката интелигенција во средното образование, таа рече дека долгогодишниот проблем на недостигот на овие учебници ќе биде решен. – Учебници по […]

Долната облека на Сидни Свини ги скара Безос и Санчез? 


Лорен Санчез наводно не била свесна дека Џеф Безос го поддржува претстојниот бизнис со долна облека на Сидни Свини. Претходно објавените извештаи открија дека актерката се подготвува да го лансира својот нов потфат со помош на основачот на Амазон. Сепак, се чини дека неговата сопруга не е сосема смирена со тоа и го смета за […]

Погачар победи на 13 етапа на Тур Де Франс


Париз – Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар ја освои денешната 13. етапа од велосипедската трка Тур де Франс и со тоа ја зголеми својата предност во генералниот пласман. Погачар, кој настапува за тимот „Емирејтс“, ја заврши етапата на индивидуален хронометар од 10,9 километри, која се возеше од Луданвел до Перагид, за 23 минути. Второто место го освои […]

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје


Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата, којшто заседавал денеска. За кандидат за градоначалник на Скопје ја најави потпретседателката на СДСМ Каја Шукова. Ексминистерката за животна средина, значи, ќе биде противкандидатка на градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, […]

Трамп сака Кока-Кола да го врати вистинскиот шеќер од трска во САД. Но, дали е навистина подобар од сирупот од пченка со висока содржина на фруктоза?


Во среда, претседателот Трамп се огласи на својата платформа за социјални медиуми Truth Social за да изнесе смело тврдење: дека компанијата Кока-Кола се согласила да користи само „ВИСТИНСКИ шеќер од трска во Кока-Кола во САД“. Други земји, како што е Мексико, веќе користат шеќер од трска во нивната верзија на содата – но американската верзија […]

Србија мора да им исплати на семејствата на жртвите во Нови Сад по 43.000 евра


Високиот суд во Нови Сад пресуди дека Република Србија и Српската железничка инфраструктура им должат на семејствата на жртвите од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад минатата година околу 166.000 евра, објавија медиумите во Нови Сад во петокот. Четири семејства тужеа две државни институции, од кои судот бара секоја да плати речиси […]

ЕП започна постапка за усвојување резолуција за Србија: Ќе разговараат за насилството врз демонстрантите


Европскиот парламент ја започна постапката за усвојување резолуција за Србија под наслов „Бранови на насилство и континуирана употреба на сила врз демонстрантите во Србија“, по иницијатива на повеќе политички групи од таа институција, пишува српскиот Н1. Темата на резолуцијата ќе биде разгледана на првата есенска седница на Европскиот парламент, закажана за 8 септември, се наведува на […]

Пет години и шест месеци затвор за првообвинетата Марлиене која посредувала Бразилки за проституција во Скопје


Основниот кривичен суд – Скопје денеска донесе пресуда за тројца од вкупно четворицата обвинети во случајот со посредување на девојки од Бразил за проституција во Скопје. На првообвинетата Де Јесус Невес Марлиене, државјанин на Бразил, Судот ѝ изрече казна затвор во времетраење од пет години и шест месеци, додека на третообвинетиот Сабедин Демири и четвртоосомничениот […]

Македонија со „умерена пренатрупаност“ во затворите, еве кој е лидерот во Европа


Пренатрупаноста на затворите останува главен предизвик за една третина од европските земји, при што бројот на затвореници на 100 расположливи места за една година се зголемил од 93,5 на 94,9, се наведува во извештајот „Годишна казнена статистика на Советот на Европа“ (СПАЦЕ) објавен денеска.  Во него се посочува дека во однос на состојбата во затворите, […]

Скопјанец возел на патот Охрид-Кичево со 3,15 промили алкохол во крва


На патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево денеска околу 14 часот  го лишиле од слобода Б.К.(48) од Скопје кој со 3,15 промили алкохол во крвта управувал патничко моторно возило „тојота” со скопски регистарски ознаки, информира Министерството за внатрешни работи.  По претходно добиена пријава на телефонскиот број 112 дека едно возило се движи неконтролирано по […]

Без вода улиците „Караџица“, „Кара Трифун“, „Пандо Кљашев“ и „Пеју Јаворови“


 Поради дефект на водоводна цевка „Ф 2“ на улица „Караџица“ 7, попладне од 17.40 часот без вода се корисниците од улиците „Караџица“, „Кара Трифун“, „Пандо Кљашев“ и  „Пеју Јаворови“ во општина Кисела Вода.  ЈП „Водовод и канализација“ соопшти дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.