За 15 проценти помалку ученици и студенти сместени во домовите и интернатите


Бројот на ученици и студенти сместени во домовите за основното, средното образование и во студентските домови во учебната 2024/2025 година е 4 889, што претставува намалување за 15 проценти во однос на претходната 2023/2024 година, објави Државниот завод за статистика. Во 2024/2025 година имало вкупно 10 студентски и 19 домови за ученици во основните, средните […]

Најмалку 19 повредени за време на огномет на фестивал во Диселдорф


Најмалку 19 лица се повредени синоќа, вклучувајќи и едно дете за време на огномет на фестивалот „Рајнкирмес“ во Диселдорф. Несреќата се случи кога пиротехничко средство експлодира во публиката, соопштија локалните власти. Според полицијата и противпожарните служби, меѓу повредените имало најмалку едно дете, а четворица од повредените се здобиле со тешки повреди, пишува „Билд“. Сведоци тврдат […]

Почина познатиот босанско-херцеговски уметник Јосип Пејаковиќ


Познатиот босанско-херцеговски уметник Јосип Пејаковиќ почина синоќа на 78-годишна возраст. Информацијата за неговата смрт ја објави неговиот син Дејан Пејаковиќ, а бројни уметници и културни работници се збогуваат со овој голем човек со емотивни пораки на социјалните мрежи. Во последните десет години од својот живот, тој водеше тешка битка со бројни здравствени проблеми и помина […]

ЦУК: Четири активни пожари, изгаснати 27


 Во изминатото деноноќие изгаснати се 27 пожари на отворен простор, а четири се ставени под контрола. Активни пожари има во село Нивичино, општина Василево, во село Грешница, општина Македонски Брод, меѓу прилепските села Царевиќ и Смолани и во село Виштица, општина Липково. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), под контрола е ставен […]

На „Охридско лето“ целовечерен концерт со турскиот ансамбл „Реј“


Програмата на годинешното издание на „Охридско лето“ продолжува вечерва со содржина од музичкиот дел, со концертот на ансамблот „Реј“ од Турција и уметниците Ирем Бурша Бајир – мецосопран, Шениз Ердинч – сопран, Артур Багдасароглу – баритон, Берк Озбек – тенор во пијано придружба на Алпер Акгул. Турскиот ансамбл „Реј“ го сочинуваат етаблирани музичари докажани на […]

Трамп го тужи Волстрит журнал


Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба за клевета против издавачот на Волстрит журнал и новинар кој напиша статија за збирка писма дадени на Џефри Епштајн за неговиот 50-ти роденден во 2003 година, вклучувајќи белешка со потпис на Трамп и скица од гола жена. Тужбата е поднесена против Дау Џонс, Њуз Корп, Руперт Мардок и двајца […]

Во насилствата во јужна Сирија досега 718 жртви, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права


Бројот на жртви во насилствата во јужна Сирија, каде има борби меѓу борците од заедницата Друзи од една страна и бедуинските племиња и сириските владини сили од друга страна, се искачи на 718, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права. Невладината организација соопшти дека меѓу загинатите има 391 Друзи, вклучувајќи 146 борци и 245 цивили. Од […]

Русија во текот на ноќта ја нападна Украина со повеќе од 30 ракети и 300 дронови, вели Зеленски


Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави денеска дека Русија ја нападнала Украина во текот на ноќта со повеќе од 30 ракети и 300 дронови. Во нападот е оштетена стратешката инфраструктура во градот Суми, каде неколку илјади домаќинства останале без електрична енергија, објави Зеленски на мрежата Телеграм.

СДСМ бара поништување на огласот во М-НАВ


Опозициската СДСМ бара поништување на огласот во М-НАВ, со кои беа примени на работа три лица. Според СДСМ, последен е скандалот во М-НАВ – клучната институција задолжена за безбедноста во воздухопловниот сообраќај, која станува уште една партиска испостава на власта. „Без било какви квалификации, мажот на директорка на Централен регистар, сопругата на Игор Југ — […]

Дали Владата ќе заштеди со линеарното зголемување на пензиите од 1.000 денари?


  Линеарното зголемување на пензиите од 1.000 денари во октомври годинава (за септемвриските пензии) и исто толку во април идната година (за пензиите за март 2026 година) би можело да ја чини Владата помалку во вкупен износ во однос на законскиот принцип за процентуално зголемувања на примањата на пензионерите. До крајот на годинава, за зголемувањето […]

Недостигаат 6.000 медицински сестри, тврди Унијата на здруженија, според МЗ во тек се вработувања на 240, ќе има и двојно повеќе


Подобри услови за работа, признавање на образованието, преквалификации од една специјалност во друга, доедукација, повисоки плати се меѓу причините поради кои медицински сестри заминуваат на работа во други земји. Со недостиг на медицински сестри се соочуваат земјите од регионот, меѓу кои и Македонија, но и дел од другите европски земји… Унијата на здруженијата на медицинските […]

Комитетот на регионите на ЕУ за Буџетската рамка 2028-2034: Чудовиште што ја проголта кохезијата


 Предложената Повеќегодишна финансиска рамка на ЕУ (МФФ) за периодот од 2028 до 2034 година не ги зема предвид интересите на локалните и регионалните заедници и „ги става на страна“ градовите и регионите во интерес на поголемата централизација, изјави претседателката на Европскиот комитет на регионите, Ката Тите во интервју за Европската новинска редакција (ЕНР) од која […]

Над седум илјади евакуирани во Јужна Кореја поради поплавите, уште едно лице се води како исчезнато


Повеќе од седум илјади луѓе се евакуирани во Јужна Кореја поради поплавите предизвикани од поројните дождови кои четврти ден по ред врнат во земјата. Цели стада добиток стојат во водата, пренесуваат светските агенции. Четири лица го загубија животот, а уште едно лице се води како исчезнато. До синоќа  2.816 лица од повеќе од 7.000 евакуирани […]

Австралија и испорача тенкови „Абрамс“ на Украина


Австралиската влада соопшти дека испорачала тенкови „М1А1 Абрамс“ на Украина како дел од пакетот од 245 милиони австралиски долари (над 137 милиони евра) за да ѝ помогне на земјата да се одбрани од Русија, пренесуваат светските агенции. Австралија, еден од најголемите донатори на Украина надвор од НАТО, испорачува помош, муниција и опрема откако Москва ја […]

Израел и Сирија се договорија за прекин на огнот, соопшти американскиот амбасадор во Анкара


Американскиот амбасадор во Анкара, Том Барак изјави дека Израел и Сирија се договорија за прекин на огнот предложен од Турција, Јордан и други земји во регионот. Израел на 16 јули го нападна Дамаск, како и сириските владини сили кои напредуваа на југ кон градот Свеида, барајќи од нив да се повлечат и дека тој ги […]

Изложба на дигитални мозаици „патека низ времето“ од Игор Поп Трајков


 Како дел од програмата на „Скопско лето“, во ЈУ Дом на култура Кочо Рацин- Скопје, во Галеријата Ко-Ра, вечер во 20.30 часот, ќе биде отворена изложбата на дигитални мозаици „Патека низ времето“  од Игор Поп Трајков, во рамки на која ќе бидат промовирани и неговите книги „3 пиеси“ и „Поеми“. Ќе има обраќање на рецензентките […]

Трамп изјави дека нова група заложници во Газа ќе биде ослободена


 Десет заложници во Газа наскоро ќе бидат ослободени, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, без да даде дополнителни детали. Трамп ја даде изјавата за време на вечера со конгресмени во Белата куќа, пофалувајќи ги напорите на неговиот специјален пратеник, Стив Виткоф. Претставници од Израел и палестинското движење Хамас учествуваат во последната рунда преговори за прекин на […]

Изложба „Патот на фреската“ во „Лапидариум“


Во Музејско–културниотцентар „Лапидариум“ вечер ќе се отвори изложбата „Патот на фреската“ од авторите Ангелина Спировска и Владо Мукоски. На изложбата, во организација на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, авторите ќе се претстават со 17 дела изработени во текот на оваа година. -Ангелина Спировска и Владо Муковски се академски […]

„Лов на дива свиња“ – македонско-црногорска премиера во МНТ


На малата сцена во Македонскиот народен театар вечер од 20.30 часот во рамки на фестивалот „Скопско лето“ премиерно ќе биде изведена претставата „Лов на дива свиња“ – македонско-црногорски проект што тематизира семејно насилство. Авторка на текстот е црногорската писателка Марија Сарап, а режисер е Наташа Поплавска. Претставата е копродукција помеѓу МНТ, Градско позориште од Подгорица […]

Нематеријалното културно наследство впишано во УНЕСКО во фокусот на летната програма на македонскиот КИЦ во Загреб


 Македонскиот КИЦ во Загреб во соработка со „Меѓународна смотра на фолклорот” – најголемиот хрватски фестивал за традиционална музика и танц, во рамки на официјалната програма од неговото 59. издание денеска со трибина и концерти ќе одбележи десет години од впишувањетo на „Гласоечкото пеење Долни Полог” на Ургентната листа на УНЕСКО. Македонскиот КИЦ во Загреб соопшти […]