Французите не ги напуштаат Украинците: Макрон вети дека ќе обучи повеќе украински пилоти на француски авиони


  Во телефонски разговор меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и украинскиот претседател Володимир Зеленски, Франција вети дека ќе го зголеми бројот на украински пилоти кои ќе бидат обучени на авионите Мираж 2000. Според украинските медиуми, украинските воздухопловни сили добиле најмалку пет повеќенаменски ловци Мираж 2000-5 како воена помош од Франција. Обуката за пилоти и техничари […]

Македонија во фокусот на европскиот спорт: Започнува ЕМОФ Скопје 2025


Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025 ќе започне вечер со почеток во 20:30 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“. Фестивалот официјално ќе го отвори претседателката Гордана Сиљановска Давкова, а ќе се обрати и претседателот на Европските олимписки комитети, Спирос Капралос. Свечената церемонија ќе го означи почетокот на седумдневен спортски и културен спектакл кој ќе […]

Во Кочани вечер последна проекција од Патувачкото кино на МакеДокс


 На летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани вечер ќе биде прикажан последниот филм од програмата на Патувачкото кино на МакеДокс, фестивал на креативниот документарен филм. Од 15 – ти до денеска кочанската публика имаше можност да проследи четири филма и со своето присуство покажа дека кино проекциите на градот му недостасуваат. […]

Сончево и топло, со температура до 39 степени


Сончево и топло време со температура до 39 степени Целзиусови се очекува денеска, а под влијание на топла воздушна маса од југ, високите температури ќе продолжат и во наредните денови. Поради зголемениот УВ индекс и ризикот од топлотни бранови, надлежните институции препорачуваат престој во разладени простории, внесување доволно течности, избегнување физички активности во најтоплите часови, […]

Бербок за три месеци потрошила 20 000 евра за шминкање


Поранешниот германски канцелар Олаф Шолц издвоил речиси 590.000 евра јавно пари за шминкери и стилисти кои работле на изгледот на владините службеници помеѓу 2022 и март 2025 година, пишува Билд повикувајќи се на владини податоци. Најголеми трошоци направила екс министерката за надворешен работни места Аналена Бербок, чија сметка за шминка во првите три месеци од […]

Аренсман победник на 14-та етапа на Тур де Франс


Велосипедистот Тиемен Аренсман од тимот Инеос Гренадиерс ја освои 14-та етапа од Тур де Франс. Холанѓанецот ја помина дистанцата од 182,2 км за 4 часа 53 минути и 35 секунди. Второто место го освои словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар од тимот на ОАЕ Емирати XRG, со заостанување од 1 минута и 8 секунди.  Третото место го […]

Во израелските напади низ Газа загинаа најмалку 104 Палестинци


Најмалку 104 Палестинци, вклучувајќи 37 во близина на точките за дистрибуција на помош во Рафа, беа убиени во израелските напади низ Газа денеска, објави Ал Џезира. Израелските одбранбени сили (ИДФ) претходно денеска соопштија дека „испукале предупредувачки истрели“ кога Палестинците се приближиле до центарот за дистрибуција на помош во Газа „на начин што им се заканувал […]

Нов протестен марш во Кочани: Болката на родителите да не се користи за политички маркетинг


Родителите на децата кои трагично загинаа во старшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на денешниот „Марш за ангелите“ упатија неколку пораки до надлежните во државата но и до оние кои им забележуваат дека ги пуштиле децата во диското, да се преиспитаат, бидејќи нивните најмили не се виновни поради тоа што државата непостапувајќи, овозможила објектот […]

Зеленски предложи нови преговори со Русија следната недела


Украинскиот претседател Володимир Зеленски предложи нови преговори со Русија што би се одржале следната недела, објавија светските агенции. Зеленски го даде овој предлог на својот канал на апликацијата Телеграм. Украина и Русија одржаа две рунди преговори во Истанбул оваа година, што доведоа само до размена на воени заробеници, но не и до пробив во позициите […]

Активни четири пожари, гори кај Василево, Нивичиново, Македонски Брод …


Активни се четири од вкупно 25 пожари на отворен простор заклучно со 19:30 часот. Три пожари се под контрола, а 18 се изгаснати, информира Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Според информацијата на ЦУК, активни се пожарите во Василево, с.Нивичино, каде гори нискостеблеста шума, во Македонски Брод,  во с.Грешница, со зафатена мешана шума и ниска […]

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Скопје – Тетово, на ГП „Табановце“ се чека половина час


Сообраќајот на регионалниот пат Скопје – Тетово и обратно од 18:45 часот е нормализиран, информира АМСМ.  Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу […]

Полицијата во Лос Анџелес го пронајде застрелан мажот што со автомобил удри во толпа во Холивуд


Полицијата во Лос Анџелес соопшти дека го пронашла застрелан мажот за кој се верува дека е возачот на автомобилот што се заби во толпата пред ноќен клуб на булеварот Санта Моника утрово. Спроведувањето на законот соопшти дека најмалку 30 лица се повредени во инцидентот, од кои тројца се во критична состојба. Откако автомобилот се удри […]

Пожарот кај Желино под контрола, биле најдени запалени гуми од возила


Пожарот што избувна денеска попладне во општина Желино е ставен под контрола, соопшти попладнево Центарот за управување со кризи. Со пожарот се зафатени десетици хектари нискостеблеста шума и сува вегетација. – Благодарение на брзиот и координиран ангажман на сите екипи и ресурси на терен, пожарот кој избувна на територија на општина Желино и се движеше […]

„Полска на Полјаците“: Илјадници луѓе протестираа во Варшава и 80 други градови против приемот на мигранти


Илјадници луѓе се собраа денеска во Варшава и 80 други градови во Полска за да протестираат против приемот на мигранти, објави ДПА. Митинзите беа организирани од крајно десничарската коалиција „Конфедерација“. Демонстрантите скандираа „Стоп на имиграцијата!“ и „Стоп на имиграциската инвазија“ и држеа транспаренти на кои пишуваше: „Ова е Полска“ и „Полска за Полјаците“. Антимуслимански и […]

Се трага по 20 деца: 34 жртви по превртувањето на туристички брод во Виетнам


Триесет и четири лица загинаа откако туристички брод се преврте за време на бура во Виетнам, објавија светските агенции. На бродот имало 53 лица – пет членови на екипажот и 48 патници. Трагедијата се случила во заливот Ха Лонг. Дванаесет лица се спасени. Меѓу нив било и 14-годишно момче кое останало во водата четири часа. […]

Во Лимож 100 луѓе фрлаа рачни бомби и молотови коктели врз возила и полиција


Околу 100 лица со качулки фрлаа рачни бомби и молотови коктели врз возила во Лимож, централна Франција, синоќа за време на ноќните судири со органите за спроведување на законот, во кои беа повредени 10 полицајци, објавија денеска локалните власти. -Тоа е урбана герилска војна, рече градоначалникот на Лимож, Емил Роже Ломберти, додавајќи дека насилството е […]

Орбан: Помислата за пораз на Русија во украинскиот конфликт е „заблуда“


Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера изјави дека помислата за пораз на Русија во украинскиот конфликт е „заблуда“, предупредувајќи дека Украина нема предност ниту во човечка сила, ниту во оружје во конфликт со нуклеарна суперсила. -Помислата дека Украина може да ја победи Русија и да предизвика нејзина дестабилизација отсекогаш била заблуда напиша Орбан на платформата „X“. […]

Трамп вели дека шефот на ФЕД ги чини САД богатство со тоа што не ги намалува каматите


Како дел од неговата кампања да се ослободи од Џером Пауел, претседателот Доналд Трамп го обвини претседателот на Федералните резерви дека ја чинел земјата „стотици милијарди долари“ со тоа што не ги намалил каматните стапки. „Ги чиневте САД богатство и продолжувате да го правите тоа“, напиша Трамп во рачно напишана белешка до Пауел што ја […]

Трамп: Три нуклеарни локалитети во Иран се уништени, ќе уништиме и нови ако ги изградат


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека три нуклеарни локалитети во Иран се целосно уништени и дека обновата на овие локалитети ќе трае со години. -Сите три нуклеарни локалитети во Иран се целосно уништени и/или збришани. Ќе бидат потребни години за да се вратат во функција и, ако Иран сака, би било многу подобро за […]

Има ли воз за Кочани?


Некогаш само еден ден може да донесе голема разлика во политиката. Некогаш тоа се десетина дена (видете го само бунтот во изборната база на Доналд Трамп поради досието на сексуалниот злоставувач Џефри Епштајн). Таква разлика му се случи на македонскиот премиер Христијан Мицкоски од денот пред гласањето на Извештајот за напредокот на Mакедонија во Европскиот […]