Бангладеш: Воен авион падна врз училишен кампус – најмалку 19 загинати


  Најмалку 19 лица загинаа откако авион на воздухопловните сили на Бангладеш се урна во училишен кампус во Дака. Службениците изјавија дека повеќе од 50 други, вклучувајќи деца, се однесени во болница, претежно со изгореници. Авионот се урна во училиштето и колеџот „Мајлстоун“ во северната област Утара на Дака во понеделникот. „Авионот за обука Ф-7 […]

Мицкоски сака пет, а не една потрошувачка кошница


Премиерот Христијан Мицкоски денеска предложи да има пет потрошувачки кошница, за разни категории население, а не една како што сега. Тој смета дека треба да има одделни потрошувачки кошница за самци, за млади брачни парови, за тричлено  и четиричлено семејство и за пензионер.  “Мислам дека во иднина треба да опфатиме анализа на пет потрошувачки кошница […]

Разрешувањето на претседателката на Антикорупциска во Собранието ќе биде естрада, вели Мицкоски


  ВМРО-ДПМНЕ се дистанцираше од одговорноста да преземе чекори во Собранието за разрешување на претседатлката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, откако против неа обвинтелството за гонење организиран криминал поднесе две обвиненија. ВМРО-ДПМНЕ нема да иницира постапка за нејзино разрешување, рече денеска лидерот на партијата Христијан Мицкоски. Тој беше прашан дали неговата партија ќе поднесе барање […]

Со донација од 800.000 евра, почна реконструкција на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово


 Со донација од околу 800 илјади евра, почна реконструкција на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.  Претседателот на Владата Христијан Мицкоски изјави дека се работи за донација од општествено одговорна компанија која, рече, донирала објект во оваа сума и во општина Теарце за реализација на канализациски проект што треба да заврши со пречистителна станица. -Ова е […]

„Саботажата“ во РЕК „Битола“ се заборава – по еден месец ништо ново од истрагата


  БИТОЛА – И по еден месец од пожарот во РЕК „Битола“ и сомнежите за саботажа во комбинатот, нема нова информација од истражните органи која била причината за пожарот, дали сомнежите за саботажа се основани, дали има осомничени. Нема ниту одрекување од првичните сомнежи за евентуално противзаконско дејствување врз стожерот на електроенергетскиот систем во државата. […]

Македонија меѓу земјите со висока стапка на затвореници, Турција „шампион“


На 31 јануари 2024 година, во 51-те затворски управи на земјите-членки на Советот на Европа имало 1.021.431 затвореници, што претставува средна стапка на затворска популација од 105 затвореници на 100.000 жители низ целиот континент. Земајќи ги предвид затворските управи од земји со население над еден милион жители кои доставиле податоци и за 2023 и за […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги турна граѓаните во сиромаштија


Опозициската СДСМ денеска ја обвини власта дека ги осиромашува граѓаните, откако ССМ ги објави најновите податоци за синдикалната минимална кошница.  Животот станува уште поскап, инфлацијата притиска а куповната моќ на граѓаните е срушена”, вела од СДСМ. Синдикалната минимална кошничка за јули е повторно зголемена и достигна 65.328 денари, што е  нов удар по џебот на […]

Муцунски за „српскиот свет“: Ние сме македонски свет, Пендаровски за пет години имал девет средби со Вучиќ


  Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска со забелешките дека Владата води надворешна политика со која ја турка земјава кон „српски свет“ нагласи дека ние сме македонски свет и оти како Влада работат на ширење на интересите на нашата надворешна политика. За критиките, истакна дека […]

Дополнетиот ребаланс на Буџетот утре на пленарна седница


Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2025 година е на дневен ред како прва точка на утрешната пленарна 62. седница на Собранието, информира на денешниот брифинг со новинарите претседателот на законодавниот дом Африм Гаши. Расправата по дополнетиот ребаланс може да трае пет дена. Седницата, како што се наведува на собраниската веб страница, […]

Гори паркот Езерани во Преспа, ќе настрада живиот свет


„Ер-трактор“ е вклучен во гаснењето на пожарот во Паркот на природата Езерани во Преспа, но огнот сѐ уште не е ставен под контрола. Гори веќе четири дена, огнот има зафатено околу 300 хектари трска од заштитеното подрачје. Нема опасност по домовите на околните население места, но загрозен е животинскиот свет во Паркот. На терен се […]

Кичевчанец нападнал адвокат во судница во Дебар


Дебарското Одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на Кичево поради напад врз адвокат во судница во Дебар. Според охридската полиција, кривична пријава е поднесена против И.Ф.(49) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Тој, на 9 овој месец во 10:38 часот, за време на рочиште во судница […]

Елен Деџенерис потврди дека се преселила во Англија поради Трамп: „Сè тука е едноставно подобро“


Елен Деџенерис потврди дека таа и нејзината сопруга Порша де Роси се преселиле во Велика Британија поради Доналд Трамп. За време на настанот во театарот „Евримен“ во Челтнам, Англија, во неделата, Деџенерис му рече на водителот Ричард Бејкон дека изборот на Трамп во јануари го поттикнал нивното трајно преселување во Котсволдс. „Дојдовме тука денот пред […]

Гаши чека пресуда за да и го одземе мандатот на претседателката на ДКСК


Претседателот на Собранието, Африм Гаши Гаши чека пресуда за да и го одземе мандатот на претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска. На денешниот брифинг со новинарите тој рече дека треба да има правосилна судска пресуда за да се почне постапка во законодавниот дом за одземање на мандатот на претседателката Димитровска, која е обвинета за оддавање службена […]

Зајкова: ЛДП по трет пат ќе ги поднесе измените на Законот за платежни услуги и платни системи


Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, денеска најави дека повторно, по трет пат ќе ги поднесе измените на Законот за платежни услуги и платни системи, со кој се намалуваат и укинуваат неоснованите банкарски трошоци кои банките им ги наплаќаат на граѓаните. – Конечно после две години постојано говорење и […]

СДСМ: Мицкоски и половина влада имаат „бугарска самосвест“, а бараат други „предавници“


СДСМ реагира на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека лидерот Венко Филипче и партијата одработуваат за Бугарија заради лични интереси – тези што се крајно несериозни за сериозна владеечка паертија. Според нив, сите овие обвинувања имаат за цел да се сврти вниманието од информацијата дека премиерот Христијан Мицкоски аплицирал за бугарски пасош – нешто што тој не […]

Пијана охриѓанка паднала од мотор, па им се силела на полицајците


Денеска во 01.45 часот, на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ја лишија од слобода 44-годишната М.М. од Охрид, која претходно управувајќи мопед на истата улица, паднала и се здобила со телесни повреди. Таа се однесувала агресивно кон полициските службеници кои пристигнале на местото на настанот, а било утврдено и дека […]

Ќе се обнови патот Волково – Кучково


Градоначалникот на Ѓорче Петров најави дека ќе се прави реконструкција на патот Волково – Кучково како еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Ѓорче! – Со оваа инвестиција ја унапредуваме безбедноста во сообраќајот и овозможуваме побрз и посигурен пристап до Кучково – место што станува сè попривлечно за семејства, љубители на природата и планинарење. Средствата се обезбедени […]

„Папа Џејк“ Ларсон, ветеран од Денот Д и ѕвезда на ТикТок, почина на 102 години


  Ветеранот од Денот Д, „Папа Џејк“ Ларсон, кој преживеа германски оган на плажите во Нормандија во 1944 година, а потоа собра 1,2 милиони следбеници на ТикТок доцна во животот споделувајќи приказни за да ја одбележи Втората светска војна и неговите паднати другари, почина на 102 години. Анимиран говорник кој ги шармираше странците, млади и […]

Синдикалната кошница “изгор”, за еден месец поскапе 630 денари, сега е 65.328 денари


Вредноста на синдикалната минимална кошница за домаќинство за јули 2025 година изнесува 65.328 денари и е зголемена за 630 денари во однос за претходниот месец (јуни 2025) кога изнесуваше 64.698 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија.  Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец март, додава ССМ, кошницата изнесува 80 703 денари. Вредноста на […]

Левица обвинува: „Енергетичарот“ Мицкоски договара грабеж на природните ресурси на Македонија


Левица тврди дека Владата и премиерот Христијан Мицкоски уште еднаш свесно ги доведеле граѓаните во заблуда.   -Инвестицијата на странскиот фонд „Алказар енерџи“, која беше промовирана како проект што ќе снабдува 100.000 македонски домаќинства со струја и ќе ја зајакне енергетската независност на државата, всушност е класична комерцијална зделка. Македонија од оваа инвестиција нема да […]