Организаторите на концертот на Ганс ен роузес ќе им ги вратат парите на посетителите заробени во токени


Додека музичкиот дел од концертот на американските рок легенди Ган ен роузес во Белград на 19 јули протече на големо задоволство на публиката, логистичките проблеми на многумина им го поматија добриот впечаток. Концертот првобитно беше најавен како „безготовински“ (cashless), односно како место каде што организаторот има монопол врз сите финансиски трансакции. За посетителите да може […]

Вработени во подрачна единица на АХВ привремено се селат од зградата на МТВ


Вработени во подрачната единица Скопје на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), од денеска привремено се иселени од зградата на Македонската радио телевизија (МРТВ) каде до скоро имаше проблем со снабдувањето со вода во горните спратови, потврдуваат во АХВ. „Агенцијата за храна и ветеринарство ги известува граѓаните и компаниите дека инспекциската служба и архивата на АХВ, […]

Израелскиот премиер на инфузија и одмор поради труење со храна


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се опоравува од труење со храна, соопшти неговиот кабинет вчера, додавајќи дека тој ќе ги продолжи своите должности од дома во наредните три дена. „Премиерот се разболе во текот на ноќта и беше дијагностициран со воспаление на цревата и дехидрација. Прима инфузиона терапија,“ се наведува во соопштението. Лекарите препорачале Нетанјаху да […]

ИЈЗ: Не чекајте да ожеднете за да пиете вода


Во летно време, пиењето на вода треба да е континуиран процес, не треба да се чека ожеднување или момент на влошување на здравствена состојба за да се внесе вода. Соодветен внес на вода во телото за возрасни со просечна тежина од околу 70 килограми е околу 2 литри, препорачуваат лекарите во Институтот за јавно здравје […]

Општина Карпош ќе го мери загадувањето од вентилациските канали на угостителските објекти


Општина Карпош започна акција за мерење на загадувачки супстанци на отпадни гасови, кои се концентрирани во вентилациските канали на угостителските објекти. – Овие мерења ги врши акредитирана фирма по налог на општинскиот инспектор за животна средина. Во таа насока, согласно законските надлежности за одржување квалитетот на амбиенталниот воздух, веднаш по добиените резултати доколку бидат констатирани […]

Од 11 до 17 часот не излегувајте надвор!


  Иако изложувањето на сонце има значителни здравствени придобивки, за жал, со климатските промени, топлотните бранови се сѐ почеста појава и сè подолги и потопли, а ризикот на човековото здравје рамномерно се зголемува, алармираат од Институтот за јавно здравје, од каде ги споделија препораките за справување со топлината.  Избегнување на изложување на сонце Најважниот чекор е […]

Од денеска во Охрид заеднички патроли на македонските и српските полициски службеници


Денеска во Охрид отпочнаа со функционирање заедничките полициски патроли составени од полициски службеници од македонското и српското Министерство за внатрешни работи. Патролите се реализираат врз основа на потпишаниот Протокол за соработка во текот на летната и зимската туристичка сезона на двете Министерства според кој, предвидено е заеднички патроли да патролираат низ Охрид секојдневно во текот […]

Затворањето на традиционалните медиуми отвора врата за репресија на Балканот


Во регион каде што слободата на печатот е веќе под притисок, Ал Џезира Балканс – која објави дека ќе престане со работа овој месец – е едноставно најновата жртва. Досега, во 2025 година се случија низа затворања на стари медиуми, кои беа важни за мирот и демократијата во Западен Балкан повеќе од три децении. И […]

Алиу: Во Клиничката болница во Тетово 155 медицински сестри ќе потпишат договори за вработување на неопределено време


Во Клиничката болница во Тетово 155 медицински сестри, лекари и друг персонал ќе добијат договори  за вработување на неопределено време, најави на денешната прес-конференција, министерот за здравство, Азир Алиу. Со ова, како што кажа ќе заврши агонијата на 155 лица од кои некои од нив со години работат во институцијата без решен статус. Тој ја […]

Откажан концертот во Италија на диригентот со блиски врски со Путин


  Концерт во Италија на врвен руски диригент со блиски врски со Владимир Путин е откажан по широко распространетата реакција. Валери Гергиев, кој постојано изразуваше поддршка за рускиот претседател, требаше да води локален оркестар на музички фестивал на 27 јули во Реџа ди Казерта, поранешен Бурбонски дворец во близина на Неапол. Но, раководството на локацијата […]

Француски компании ќе произведуваат дронови во Украина


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Киев се сретна со францускиот министер за Европа и надворешни работи, Жан-Ноел Баро со кого разговараа за продолжување на одбранбената поддршка за Украина, противвоздушната одбрана и обуката на украинските војници. – Подготвени сме да го прошириме заедничкото производство на одбранбена опрема. Одлуката на француските компании да почнат со производство […]

Вредноста на кинеската индустрија за вештачка интелигенција достигна речиси 100 милијарди долари


Вредноста на кинеската индустрија за вештачка интелигенција (ВИ) минатата година достигна 700 милијарди јуани (околу 97,5 милијарди долари), со стабилен годишен раст од 20 отсто, покажува денеска објавениот извештај на Кинескиот центар за информативни мрежи (ЦННИЦ). Кинеската ВИ алатка „Дип сик“ само 20 дена по објавувањето привлече повеќе од 30 милиони активни дневни корисници и […]

Гаши: Прашањето за учеството на независните кандидати на изборите ќе мора да се реши до или по одморите


Претседателот на Собранието, Африм Гаши на новинарско прашање денеска на брифинг истакна дека прашањето за учеството на независните кандидати на претстојните локлани избори ќе мора да се реши, но ни самиот не знае како и кога би се согласиле парламентарните партии да го донесат законот. Тој потенцира дека ова прашање ако не се реши до […]

Левица ќе иницира разрешување на антикорупционерката Димитровска


Пратеничката група на Левица ќе поднесе предлог за разрешување на претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска. -Недозволиво е Собранието да биде пасивно и да чека самата претседателка да поднесе оставка од морални причини, кога против Димитровска се водат две кривични истраги и истата повеќе од два месеци не доаѓа на работа! Дополнително, при постапката за избор […]

Ако ја „прескокне“ Лозана, Вардар ќе патува за Молдавија или Казахстан


Единствениот македонски претставник во Конференциската лига на УЕФА, по елиминацијата на Силекс и на Работнички, куп освојувачот Вардар го доби потенцијалниот противник за третата рунда од ова натпреварување. „Црвено-црните“ ако ја „прескокнат“ швајцарската екипа Лозана, (натпреварите се играат в четврток во Скопје и на 31.јули на гости) ќе играат во третата рунда против победникот од […]

 „Лајка“ со нова кампања: Секое куче заслужува дом, без разлика колку родендени прославило


ЈП ЛАЈКА започнува нова емотивна и општествено важна кампања посветена на една од најзапоставените групи животни во прифатилиштата – кучињата сениори. -Под мотото „Секое куче заслужува дом, без разлика колку родендени прославило”, ја отвораме вратата кон шансата за подобар крај на животниот пат за оние кои најдолго чекале љубов, а најмалку ја добивале. Кампањата има […]

И Јачева-Улчар против заедничката резолуција за јазикот со Бугарија


И професорката Елка Јачева-Улчар од Институт за македонски јазик „Крсте Мисрков“ гледа стапица во предлогот на премиерот Христијан Мицкоски за предлагање заедничка декларација за македонскиот јазик во Европскиот парламент.  „Иницијативата за усвојување заедничка резолуција во Европскиот парламент со цел потврдување на македонскиот идентитет и јазик – според мене, само на прв поглед изгледа како прагматичен […]

Се запалил автобус на ЈСП, возачот заврши на Токсикологија


Утрово во 07:16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје избувнал пожар во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), информираат од Министерството за внатрешни работи. Автобусот бил управуван од возачот С.Б., кој успеал да го изгасне огнот. Потоа, тој бил пренесен на Клиниката за токсикологија при комплексот клиники „Мајка […]

Премиерот го прошири барањето кон Софија: Освен заедничка резолуција да се спроведат и пресудите од Стразбур


  Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент, во која ќе се потврди посебноста на македонскиот идентитет и македонскиот јазик, би било пример двете држави да покажат што значи добри соседи и меѓусебна поддршка.  Тој не одговори дали од официјална Софија има одговор на неговиот предлог за заедничка резолуција, но […]

Мицкоски пак зборува за глодари за Кочани, a снимка од средбата со родителите немало


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска повторно се врати на вокабуларот за глодари и мршојадци околу трагедијата во Кочани, велејќи дека болката е преголема и сѐ уште сите ја чувствуваме. Тој денеска од Тетово замоли темата „да ја оставиме на политичките глодари и лешинари“. Мицкоски тоа го изјави по шокантното обраќање на родителите од Кочани за […]