Левица поднесе иницијатива за разрешување на претседателката на ДКСК


Пратеникот на Левица Борислав Крмов поднесе иницијатива за разрешување на претседателката на Државна комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска, до Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Пратеничката Јована Мојсоска од Левица вчера појасни дека во Законот за спречување на корупција, во член 14, изричито се предвидува дека претседателката на Aнтикорупциска комисија може да […]

Покренато обвинение против Ване Цветановски за луксузните патувања и други злоупотреби


Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против Ване Цветанов, поранешен вршител на должност претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија (СУНРСМ). Според обвинението, тој со неизвршување и пречекорување на службените овластувања набавувал стоки и услуги за лични потреби, ангажирал блиски лица без […]

Одбиени сите амандмани на СДСМ на законите за полицијата и за внатрешни работи


На денешната седница на собраниската комисија, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги одбија сите амандмани поднесени од страна на СДСМ на измените на  Законoт за полиција и Законoт за внатрешни работи, што опозициската партија ги оцени како скандалозни. Пратеникот Миле Талески реагираше за тоа преку прес конференција . -Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не  само што гласаа за партизација […]

„Денови на независната продукција“ во Драмски театар, повик за пријавување претстави


Драмски театар Скопје (ДТС) ќе ја почне новата театарска сезона во септември со проектот „Денови на независната продукција“ за поддршка на уметниците од независната сцена. ДТС соопшти дека утре на нивната веб-страница и на социјалните мрежи ќе биде објавен Јавен повик за уметниците да аплицираат за термин за изведба на претстава во продукција на независната […]

ФИФА ја казни албанската фудбалска федерација за натпреварот Албанија – Србија


Тирана – Албанската фудбалска федерација објави дека официјално е известена од ФИФА за дисциплинска одлука во врска со натпреварот Албанија-Србија што се одржа на 7 јуни 2025 година на стадионот „Ер Албанија“ во Тирана. Според одлуката на ФИФА, албанската фудбалска федерација (FSHF) е казнета со парична казна од 161.500 швајцарски франци и со обврска следниот домашен […]

Лефков тврди: Цел сум на хибриден напад од Бугарија и од дома!


Пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ од Кочани, Миле Лефков ги демантира пишувањата на медиуми во Бугарија дека, наводно, повеќе членови од неговото семејство поседуваат бугарски пасоши. -Во изминатите денови, откако алармирав за сериозна хибридна закана која доаѓа од Бугарија, сведоци сме токму на она за што предупредував – координирани напади, клевети и обиди за лична […]

Трагедија на Раб – дете почина по пад од тобоган


  Дете со германско државјанство почина откако падна од воден тобоган во воден парк во вторник во Лопар на хрватскиот остров Раб, објави во средата полицијата. Според „24 сата“, детето паднало од рацете на татко му на бетонска површина додека заедно се спуштале по воден тобоган во водениот парк „Акваган“ во Лопар. Туристите ја виделе […]

Помалку од 500 лица се јавиле на јавниот повик за пожарникари


Јавниот повик со кој се бараше да се пријават лица кои ќе учествуваат во превенција, а дел од нив и во справувањето со пожарите, истекува денеска. Пријавените ќе бидат контактирани по што ќе треба да поминат дводневна обука во рамки на која ќе биде направена селекција. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов […]

Муртезани во работна посета на Берлин


Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани утре и задутре ќе престојува во работна посета на Берлин, во чии рамки предвидено е да се сретне со: државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Гинтер Крихбаум, шефот на Одделот за европска политика при Сојузната канцеларија, амбасадорот Михаел Клаус и со генералниот секретар на Фондацијата […]

Скопје полно со млади спортисти – се рушат и светски рекорди


Естонката Алика Инкери Мозер е првата олимпијка која, во Скопје, со прескокнати 4,52 метри постави нов светски рекорд, надминувајќи го претходниот од 4,51 метар во скок во височина со стап. Таа настапува на Европскиот младински олимписки фестивал – Скопје 2025, а да го сруши светскиот рекорд ѝ успеа на 40 степени Целзиусови, иако, вели во […]

Мицкоски и Алиу среде топлотен бран држат прес за медиумите на отворено – самите ги прекршуваат препораките


Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу, денес напладне, на отворено, на најжешкото, се обратија на отворањето на нов здравствен дом во Илинден, и ги прекршија препораките за топлото време што Владата ги донесе вчера.  И денеска над 40 степени, Владата донесе препораки за топлото време На Мицкоски, кој периодов, присуствува на секое […]

На Зеленски му сметало руското влијание во антикорупциската борба


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека борбата против корупцијата во земјата ќе продолжи и дека антикорупциските институции мора да бидат ослободени од руско влијание. „Разговарав со директорот на Националното антикорупциско биро на Украина (НАБУ), Семен Кривонос, со обвинителот на Специјалното антикорупциско обвинителство (САП), Олександр Клименко, со главниот државен обвинител Руслан Кравченко и со директорот на […]

Израелка со бомба сакала да го разнесе Нетанјаху


Постара жена од централен Израел е уапсена под сомнение дека планирала убиство на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, објави во среда израелската јавна телевизија КАН. Жената е осомничена за планирање напад врз премиерот со употреба на импровизирана експлозивна направа. Таа беше уапсена пред две недели и ослободена под услов да биде отстранета од владините институции и […]

Невладините ќе станат политички партии, прва најава стигна од Зелен хуман град


Принудени сме да формираме техничка партија и ни е потребна вашата поддршка. Го правиме ова не по наша драга волја, туку затоа што немаме друг избор, информиаат од Зелен Хуман Град преку својот фејсбук профил. „Го правиме овој голем чекор како одговор на препреките кои ни ги поставија партиите да ги оневозможат независните да одат на […]

Андоновски забрани нови 42 нелегални онлајн страници за игри на среќа


Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска го потпишал третиот налог за забрана на нови 42 нелегални онлајн игри на среќа, со што досега се затворени вкупно 268 нелегални страници за онлајн игри на среќа. -И не запираме, ќе продолжиме и понатаму. Ова е наше ветување кое станува реалност! Ова е борба против пандемија на […]

Бугарија ќе добие 22 милијарди евра од ЕУ за периодот 2028-2034


  Бугарија ќе добие 22 милијарди евра од буџетот на Европската унија за периодот 2028 – 2034 година. Овие пари ќе бидат наменети за спроведување на одредени реформи и почитување на владеењето на правото. Ова го објави Илијана Цанова, генерален директор за „Управување со ризици“ во Европската комисија, за бТВ. „Тие ќе бидат тесно поврзани […]

Кирил Џајковски е  „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ за 2025


Кирил Џајковски е добитник на годинашната награда „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, признание за неговиот исклучителен придонес кон македонската филмска музика и култура, соопшти денеска  на прес-конференција во Скопје, претседателот на ДФРМ, Игор Иванов-Изи, кој подвлече дека не е лесно да се најде лауреат за оваа награда, а да не се направи пропуст, бидејќи критериумот […]

Турскиот режисер Семих Капланоглу е добитник на Специјална камера 300 на 46.„Браќа Манаки“


Турскиот филмски режисер Семих Капланоглу е лауреат на Специјална камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност на 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ . -Капланоглу е еден од најуспешните и највлијателни режисери во турската кинематографија, кој има добиено 28 меѓународни награди и 10 номинации низ целиот свет. Дебитираше во 2001 година со „Далеку […]

Точеле алкохол на малолетници во Струга, кои завршиле на токсикологија


СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице-продавница за пијалоци од Струга, против П.С.(49)-сопственичка на правното лице и вработената М.М.(27), двете од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алхохолни пијалоци на дете“. На 26.05.2025, по претходна пријава од Медицински центар Струга дека кај нив биле донесени две малолетни деца затруени […]

Шест лица и тројца пожарникари пренесени во болница по пожарот во куќа во Кочани


Шест лица и тројца пожарникари завршиле во болница по пожар на куќа во Кочани. Вчера во 13.37 часот во СВР Штип било пријавено дека настанал пожар во куќа на ул.„Браќа Ставреви“ во Кочани, сопственост на Л.С.(62) од Кочани. На местото излегле полициски службеници од ОВР Кочани и екипи од Територијалната противпожарна единица Кочани. Пожарот бил […]