Климатските промени ја направија Албанија „рајска градина“ за егзотично овошје


Маракуја, гуава, питаја или кивано – климатските промени ги охрабрија албанските земјоделци да почнат да одгледуваат егзотично овошје што планираат да го продадат или веќе го продаваат на европскиот пазар. Малата фарма на искусниот агроном Иракли Шкоза, сместена недалеку од морето во централна Албанија, е еден вид рајска градина што цвета на јадранското сонце. Со […]

Стефановски: Цените на становите излегуваат од рамките на реалното и објективното


Цените на становите излегуваат од рамките на реалното и објективното. Наш приоритет е преку системско делување да придонесеме за рамнотежа на пазарот и создавање услови за реални, а не шпекулативни цени, вели во интервју за МИА, Марјан Стефановски, директор на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен прстор од значење за државата […]

Вардар ја пречекува Лозана, Седлоски најави максимална борбеност против фаворизираниот противник


 Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, вечер ја пречекува Лозана во 2. квалификациско коло во Конференциската лига. Тренерот Гоце Седлоски фаворитската улога ја препушта на швајцарскиот тим, но најави максимално залагање на неговите избраници во обид да остварат добар резултат пред реваншот на гостински терен.  -Нѐ очекува тежок натпревар. Швајцарскиот фудбал е во подем. Ја респектираме […]

Ким Џонг-ун ги повика севернокорејските војници да се подготват за „вистинска војна“


Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ги повика своите војници да се подготват за „вистинска војна“, објави денеска државната новинска агенција на Северна Кореја, КЦНА. Ким ја даде наредбата за време на артилериска вежба на која лично присуствуваше. Фотографиите објавени од КЦНА го покажуваат Ким како разговара со војниците. Други фотографии го покажуваат како внимателно го набљудува […]

Истражувачите се поблиску до „универзална“ вакцина против рак


Експериментална mRNA вакцина што ги подобрува ефектите на постојните третмани во борбата против ракот ги доближува истражувачите чекор поблиску до нивната цел да развијат „универзална вакцина“ за „будење“ на имунолошкиот систем во справувањето со канцерогените клетки. Според студијата на истражувачкиот тим од Универзитетот во Флорида објавена Nature Biomedical Engineering, тестирањето на новата вакцина во комбинација со […]

Трамп потврди дека САД го финализираат трговскиот договор со Кина


Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека САД се во завршна фаза од процесот на постигнување трговски договор со Кина. Сепак, според американскиот претседател, САД ќе воведат директни царини за повеќето други земји во светот. Зборувајќи на настан посветен на вештачката интелигенција во Вашингтон, Трамп потврди дека американската администрација е во сериозни трговски преговори со […]

ЕМОФ 2025: Македонија ја победи Германија во Баскет 3х3


На третиот натпреварувачки ден на Европскиот младински олимписки фестивал, Македонија ја забележа втората победа во Баскет 3х3 совладувајќи ја Германија со 14:10. По победата над Литванија 14:11, женската македонска репрезентација вчера загуби од Германија 4:21. Во останатите екипни спортови, македонските репрезентации повторно останаа без триумф. Најблиску до победа беше машката кошаркарска репрезентација, која по продолжение […]

Русија вели дека двајца цивили се убиени во напади со украински дронови


Една жена е убиена, а друга е сериозно повредена за време на ноќен напад со дронови во рускиот црноморски туристички град Сочи, соопштија денеска руските власти. Жената починала откако била погодена од паднати остатоци, според регионалниот кризен центар. Еден цивил е убиен во руско-окупираниот регион Донецк во источна Украина за време на украински напад врз […]

Тајланд и Камбоџа започнаа вооружен судир на спорната граница, повредени двајца војници


Вооружени судири избувнаа денеска меѓу Тајланд и Камбоџа на спорниот дел од нивната заедничка граница, соопштија двете страни, обвинувајќи се меѓусебно дека први нападнале по неколку недели тензии и дипломатски престрелки. Судирите се случија откако Тајланд го повлече својот амбасадор од Камбоџа доцна синоќа и рече дека ќе го протера камбоџанскиот амбасадор во Бангкок откако […]

Кинескиот претседател ја предупреди ЕУ: Донесете ги вистинските стратешки одлуки


Си Џинпинг денеска ги предупреди високите претставници на Европската Унија да „донесат правилни стратешки одлуки“ за време на самитот во Пекинг, додека врвните европски претставници ги истакнаа клучните позиции на ЕУ на самитот со кинеските лидери, нагласувајќи ја потребата од ребалансирање на билатералните односи и решавање на неколку спорни прашања. Самитот, кој започна денеска, а […]

Собранието ќе одржи продолженија на три седници


Собранието денеска ќе одржи продолженија на три седници. На дневен ред на продолжението на 60-та седница меѓу останатите точки е и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, по скратена постапка, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, по […]

Во Собранието ќе заседаваат три комисии


Во Собранието денеска ќе заседаваат три комисии – Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, Законодавно правната комисија и Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика. На дневен ред на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство е Предлог закон за изменување и дополнување на законот за рибарство и аквакултура во второ читање. Пред членовите на […]

Италијанска вечер на „Охридско лето“ со Филхармоника Болоња


Програмата на годинешното издание на „Охридско лето“ повторно се враќа на музиката, овојпат со италијанската вечер и концертот на Филхаромонискиот оркестар на театарот во Болоња. Филхармонискиот оркестар на театарот во Болоња е основан во 2008 година од дел од музичарите на оперскиот оркестар. Нивната мисија е да ја промовираат класичната музика во Болоња, притоа гарантирајќи […]

Сончево и многу топло, до 42 степена


 Времето и денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 36 до 42 степена. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се […]

Русија и Украина се договориле за размена на војници и цивили


Во Истанбул денеска се одржа третата рунда преговори меѓу делегациите на Русија и Украина, а главниот резултат од преговорите е договор за продолжување на размената на војници, но и цивили, пренесе Тас. Помошникот на рускиот претседател Владимир Путин и шеф на руската делегација на преговорите, Владимир Медински, по третата рунда изјави дека Русија ѝ понудила […]

Рашфорд во Барселона


Англискиот напаѓач Маркус Рашфорд (27) го напушти Манчестер Јунајтед и ќе ја продолжи кариерата во Барселона, објавија вечерва двата клуба. Рашфорд пристигна на „Камп Ноу“ на едногодишна позајмица со опција за откуп на неговиот договор за 32,5 милиони евра. „Многу сум возбуден. Мислам дека тоа е клуб каде што соништата се остваруваат. Тие освојуваат големи […]

Судија го одби барањето на Трамп да бидат објавени транскриптите на големата порота за Епштајн


  Американски судија во средата го отфрли барањето на Министерството за правда да ги открие транскриптите од големата порота поврзани со покојниот финансиер и сексуален престапник Џефри Епштајн во јужна Флорида. Овој потег е првата пресуда во серијата обиди за објавување повеќе информации за случајот од страна на администрацијата на Доналд Трамп, која е заглавена […]

ДПА: Руско-украинските преговори во Истанбул завршија по еден час


Преговарачите од Москва и Киев денеска се состанаа на разговори во Турција, во контекст на руската војна против Украина. Според руската државна новинска агенција Тас, состанокот во палатата Чираган во Истанбул заврши за помалку од еден час. Резултатите засега не се познати, пренесе ДПА. Очекувањата не беа високи, Двете завојувани страни опишаа дека е малку […]

Меѓународен суд на правда: Државите што ги кршат климатските обврски се правно одговорни


Земјите што ги прекршуваат обврските за заштита на климата според меѓународните договори би можеле, под одредени околности, да бидат правно одговорни, според денешната пресуда на највисокиот суд на ОН. Земјите што не преземаат или преземаат недоволни мерки за заштита на планетата од климатските промени го кршат меѓународното право, соопшти Меѓународниот суд на правдата (МСП) во […]

ЕУ го отвора патот за Албанија за последното поглавје од преговорите


Европската Унија ѝ даде на Албанија „зелено светло“ за отворање на последното преговарачко поглавје, кое ги вклучува земјоделството и кохезијата, објави премиерот Еди Рама. Владата ќе ја изготви својата преговарачка позиција и ќе ја достави до данското претседателство со ЕУ. „Албанија не запира – Денеска, на 23 јули 2025 година, по континуираниот и динамичен напредок […]