Меган и Хари ќе останат без 100 милиони долари – нема да им биде обновен договорот со Нетфликс


Договорот од 100 милиони долари на принцот Хари и Меган Маркл со Netflix нема да биде обновен кога ќе истече подоцна оваа година, според неколку извештаи. Двојката го потпишала договорот во 2020 година, но нема да биде продолжен по 2025 година, изјавил холивудски инсајдер за сестринското издание на Entertainment Weekly за PEOPLE. Овој потег одразува […]

Линеарното покачување на пензиите ќе почека, седницата одложена за напладне


Собранието повторно пред почетокот на новата 63. седница замина на пауза од еден час на барање на Левица, на што реагираше координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски кој кажа дека намерно се одложува работата на пленумот поради тоа што опозициската партија не добива одговор на прашање од собраниската служба. Мицевски посочи дека денеска […]

Македонија „под вршник“, да се почитуваат препораките за заштита од високи температури


Под влијание на топлотниот бран што ја зафати земјава, дневните температури до сабота ќе бидат над јулскиот просек и ќе се движат од 34 до 38 степени во југозападниот, источниот и североисточниот регион, од 32 до 38 во Полошкиот регион, од 38 до 40 во Пелагонија и од 38 до 43 степени во Скопскиот, Вардарскиот […]

Полупразни плажи во Црна Гора – лежалките некаде чинат 200 евра


  Полупразни плажи, тераси од кафулиња и ресторани и повеќе од 50 проценти од достапните апартмани и соби во приватниот сместувачки капацитет потсетуваат на периодот за време на пандемијата, а мештаните на црногорското крајбрежје сè уште чекаат конечно да започне сезоната, иако јули веќе завршува. И покрај слабиот одѕив на гости оваа година, цените, сепак, […]

Контролорите на летање работат со опрема стара 25 години, се плашат да не им се случи „Кочани“


Во Македонската навигација (М-НАВ) и денес се работи со техничка опрема стара четвртина век, а состојбата во контролата на летање станува сè поалармантна. Претседателот на Синдикатот на контролори на летање, Александар Тасевски, во гостување на „24 Анализа“ предупреди дека ако надлежните не реагираат навреме, постои реален ризик од сериозен инцидент во воздушниот сообраќај, сличен на […]

Циципас објави крај на соработката со Иванишевиќ


Атина – Грчкиот тенисер Стефанос Циципас објави дека ја прекинал соработката со тренерот Горан Иванишевиќ. -Работата со Горан Иванишевиќ траеше кратко, но интензивно и навистина е вредно поглавје во мојот живот. Благодарен сум за времето, трудот и енергијата што ми ги посвети. Нашите патишта се разделуваат и немам ништо друго освен почит кон Горан. Не само […]

Саша Барон Коен шокираше со мускулестото тело што „го набилда“ за „Мефисто“ од Марвел


Лондон – Британскиот глумец Саша Барон Коен, можеби попознат како Борат или Али Џи, се пофали со своето ново мускулесто тело. Тој, инаку, се најде на новата насловна страница на британското издание на списанието „Мен’с фитнес“ (Men’s Fitness U.K.), каде што во претстојниот број има и фотоинтервју со актерот.  „Некои познати личности го користат ’Оземпик’, […]

Народна банка со помош на Светска банка ќе ја зајакнува функцијата за справување со проблематични банки


Финансиски експерти од Центарот за советување за финансискиот сектор (ФИНСАК) при Светската банка остварија средба со гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески и со надлежните тимови на Народната банка. На средбата се разговараше за досегашните и за идните активности во рамките на техничката поддршка којашто Центарот за советување за финансискиот сектор веќе подолг временски […]

СДСМ: Дури 318.000 пензионери ќе бидат оштетени со линеарното зголемување на пензиите


  Владата им подготвува историска измама на пензионерите кои со линеарното зголемување ќе бидат оштетени не еднаш туку двапати и ќе бидат погодени најголемиот дел од нив, односно над 318.000 пензионери, реагираат од опозициската СДСМ, кои денеска во соопштение ја презентираа својата пресметка за последиците од овој модел. „Пензионерите не само што се оштетени сега, […]

Десет пожарникари загинаа во шумски пожар во централна Турција кога ветрот го сменил правецот


Десет пожарникари загинаа, а 14 се повредени додека се бореа со шумски пожар во централна Турција „Додека реагиравме на шумски пожар што избувна во Ескишехир и стигна до границата на Афионкарахисар, 24 пожарникари беа заробени во пожарот кога ветерот одеднаш се промени и ги пренасочи пламените јазици кон нив“, изјави Џумакли за новинарите.   Пожарникарите […]

Тепачка на летот од Загреб за Малме: Имаше крв насекаде, луѓето трчаа кон задниот дел од авионот за да се сокријат


Во авионот „Рајанер“, кој полета од Загреб за Малме, избувна расправија меѓу двајца мажи, а потоа и тепачка во која, на општо чудење на патниците, меѓу кои имаше жени и деца, имаше и крв. Шведскиот „Афтонбладет“ пишува дека инцидентот се случил синоќа, непосредно пред 22:30 часот кога авионот се подготвувал за слетување во Малме. Патникот […]

Албанија ќе го отвори последното поглавје од преговорите за членство во ЕУ


Албанскиот премиер Еди Рама потврди дека данското претседателство со ЕУ добило овластување да ја покани Албанија да ја презентира својата преговарачка позиција во врска со последните поглавја. „Албанија не запира“ – изјави албанскиот премиер по одлуката на амбасадорите на 27-те земји од Европската Унија да се отвори последното поглавјe од преговорите со Албанија, што ги […]

Холивудскиот продуцент Питер Рајс назначен за водител на церемонијата на ОИ 2028


Лос Анџелес – Ветеранот во филмската и медиумската индустрија, Питер Рајс (59), е именуван за раководител на церемониите и програмските содржини на Олимписките и Параолимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година, објавија денеска организаторите. Рајс извршуваше високи оперативни позиции во поранешните „21st Century Fox“ и „Walt Disney Co.“, а сега се сели во нова […]

Арсовска бара да се уапси Ганиу за дивоградбите


Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска напиша фејсбук статус со инструкции кои се чекорите за да се реши проблемот со дивоградбите во Чаир: –Таман работа господине Меџити јас да не давам решение за вие да си продолжите со криминалов. 1. Итно апсење на Висар Ганиу за зллосторничко здружување, фалсификување јавни исправи, перење пари, злоупотреба на службена […]

Алијансата за Албанците го обвини Азир Алиу дека не го почитува Преспанскиот договор


Во јасна демонстрација на кршење на Уставот и важечките закони, Министерството за здравство вчера го одбележа отворањето на Здравствениот дом во Илинден со две флагрантни прекршувања – отсуство на албанскиот јазик на официјалните табли и употреба на старото име на државата „Македонија“, наместо уставното име „Република Северна Македонија“, реагира Алијансата за Албанците на Арбен Таравари. […]

„Сè за одмор“ – тридневен летен базар во Скопје Сити мол


Од 25 до 27 јули, на приземјето на Скопје Сити Мол, ќе се одржи тридневен летен базар „Сè за одмор“, на кој ќе учествуваат 20 современи македонски занаетчии. Настанот е дел од сезонската програма посветена за поддршка на локалната креативна сцена и го означува почетокот на вториот дел од летото – период кога повеќето се подготвуваат за одмор и патувања. Во текот на овие три […]

Зелен хуман град: Принудени сме да формираме политичка партија, Собранието го урива Уставот!


ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД утре ќе најави дека ќе ја формира првата партија во Македонија составена од активисти кои со години волонтирале за општо добро во сферите заштита на животна средина и заштита на животните . Според нив, партијата ќе  претставува само техничко средство за нивно излегување на изборите, поради обидот на етаблираните политички партии во […]

Универзитетот Колумбија се согласи да плати 200 милиони долари за решавање на истрагите на Трамп


Универзитетот Колумбија соопшти во среда дека постигнал спогодба со администрацијата на Трамп за прекинување на федералните истраги за кршење на граѓанските права што произлегоа од раздорните протести на кампусот во Њујорк поради војната меѓу Израел и Хамас. Како дел од договорот, универзитетот соопшти дека се согласил да плати 200 милиони долари во текот на три […]

Никој не знае кој управува со спортските сали и базени во Македонија, а низ нив се вртат милиони (видео)


Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на Република Северна Македонија, за 2023 година. Со извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизијата на усогласеност кај Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на Република […]

Градината со ружи во Белата куќа сега е историја: Симболот на Кенедиеви се претвори во бетонска плоча


Вашингтон – Градината со ружи во Белата куќа е речиси непрепознатлива додека претседателот Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп продолжуваат со летните реновирања. Нови фотографии направени во вторник, 22 јули, ја покажува големата бетонска плоча што сега лежи таму каде што тревата некогаш го покривала историскиот простор, на кој му е даден централен тревник […]