Се очекува претседателката на ДКСК денес да даде оставка


Само неколку денови откако обвинителството поднесе обвинение против претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, очекувањата се дека таа денеска ќе поднесе оставка од оваа позиција, потврдиле за ТВ Сител извори блиски до ДКСК. Според првичните информации, се очекува нејзината оставка да биде официјализирана во текот на денот, а потоа се очекува Собранието да […]

Вашингтон ја осуди најавата на Макрон за признавање на Палестина


Вашингтон остро реагираше на најавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека Франција ќе ја признае Државата Палестина за време на Генералното собрание на Обединетите нации во септември. Американскиот државен секретар Марко Рубио во објава на социјалната мрежа X оцени дека овој потег е „невнимателна одлука што ѝ служи само на пропагандата на Хамас и го […]

Две службенички му префрлиле 150.000 денари за градежни работи на човек кој не бил ангажиран во болницата Отешево


СВР Битола поднесе кривична пријава против А.П.(68) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против М.Д.(60) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.   Првопријавената, како директор на Јавна здравствена установа-Специјализирана болница Отешево, во текот на […]

Украинските напади со беспилотни летала парализираа осум аеродроми во Русија


Поради напад од непознати беспилотни летала, во Русија истовремено беше воведена оперативна безбедносна постапка (план Ковјор, н.з.) на осум аеродроми, според руски јавни извори. Летовите се суспендирани на аеродромите Владикавказ, Грозни, Магаш, Минераљне Воде, Налчик, Ставропол, Сочи и Тамбов, објавува РБЦ-Украина. Воздушниот простор над овие аеродроми е привремено затворен. Како резултат на нападот со беспилотни […]

САД одобрија продажба на опрема за ПВО за Украина во вредност од 180 милиони долари


Американскиот Стејт департмент соопшти дека ја одобрил продажбата на опрема и услуги за Украина за поддршка и одржување на системи за противвоздушна одбрана (ПВО) од американско производство, во вредност до 180 милиони долари. – Владата на Украина побара купување опрема и услуги за обука, одржување и модернизација на постоечките системи за противвоздушна одбрана од американско […]

Трамп и Пауел се судрија околу трошоците за реновирањето на ФЕД


Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна да го разгледа градилиштето на американската централна банка, зграда чие реновирање предизвика негодување во неговите редови и која самиот тој постојано јавно ја исмеваше поради нејзината цена. Појавувањето на Трамп во бел шлем и костум доаѓа во време кога тој продолжува да лобира кај претседателот на ФЕД, Џером Пауел, драстично […]

Скопје одбележува 62 години од катастрофалниот земјотрес


Скопје денеска ја одбележува 62. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го загубија 1 070 лица, а 3 000 беа повредени. Во Музејот на град Скопје вечер во 20 часот, во чест и сеќавање на жртвите во катастрофалниот земјотрес, што пред 62 години го остави градот во […]

Глобален прекин на системот Старлинк


Старлинк, сателитската интернет услуга управувана од СпејсИкс на технолошкиот милијардер Илон Маск, вчера се соочи со прекин што ги погоди корисниците ширум светот. Мрежата сега е претежно обновена, а прекинот траеше приближно два и пол часа, изјави Мајкл Николс, потпретседател на Старлинк Инженеринг во СпејсИкс, во објава што подоцна Старлинк ја преобјави на X. – […]

Американските регулатори ја одобрија продажбата на Парамаунт за осум милијарди долари


Американските регулатори ја одобрија продажбата на холивудското студио Парамаунт на продукциската компанија на милијардерот Дејвид Елисон, Скајденс, за осум милијарди долари, приближно една година откако зделката беше првично објавена. Федералната комисија за комуникации (ФЦЦ), која мораше да ја одобри зделката поради тоа што Парамаунт го поседува радиодифузерот СИ-Би-ЕС (CBS), го одобри преземањето и покрај претходните […]

Битолскиот театар премиерно ќе ја изведе претставата „Рибарски караници“


Ансамблот на НУ Народен театар-Битола, вечер под отворено, ѕвездено небо, кај Ротинско Езеро, премиерно ќе ја изведе претставата „Рибарски караници“ од Карло Голдони, во режија на Јован Ристовски. -Магијата која ја нуди ова езеро, самиот национален парк Пелистер, за нас беше предизвик да направиме претстава која ќе биде малку поразлична од се она што досега […]

Нови борби долж спорната граница меѓу Тајланд и Камбоџа


 Утрово повторно имаше борби долж границата меѓу Тајланд и Камбоџа, каде што долгогодишните тензии ескалираа во едни од најлошите насилства во последните години, принудувајќи над 100.000 луѓе да побегнат. Тајландската војска предупреди на Фејсбук за тековните судири во повеќе гранични области и ги повика жителите во североисточните провинции да ја избегнуваат областа, пренесе ДПА. Ова […]

Работилница „Географски ознаки за вино: Придобивки и визија за Македонија“


Работилница насловена „Географски ознаки за вино: Придобивки и визија за Македонија“ ќе се одржи денеска во М6 – едукативниот центар во Скопје посветен на придобивките од процесот на воспоставување географски ознаки и неговата важност за иднината на македонската винска индустрија. На работилницата свои излагања ќе имаат проф. Ален Делоар, вински експерт и професор на Институтот […]

САД ја осудија објавата на Макрон за признавање на палестинска држава


 Соединетите Американски Држави остро го критикуваа соопштението на францускиот претседател Емануел Макрон дека ќе ја признае палестинската држава, нарекувајќи го овој потег невнимателен и штетен за мировните напори, пренесе ДПА. – Оваа невнимателна одлука служи само за пропагандата на Хамас и го кочи мирот, напиша американскиот државен секретар Марко Рубио на X. – Овој потег […]

Макрон потврди дека Франција ќе ја признае Палестина како држава, Израел и Хамас веднаш реагираа


Франција ќе ја признае Палестина како држава, објави синоќа претседателот Емануел Макрон на X. – Во согласност со нејзината историска посветеност на праведен и траен мир на Блискиот Исток, одлучив дека Франција ќе ја признае државата Палестина, напиша Макрон. – Ова свечено ќе го објавам на Генералното собрание на Обединетите нации во септември оваа година […]

Грчка вечер на „Охридско лето“ со пијанистката Данае Доркен


Музичката програма на Фестивалот „Охридско лето“ оваа вечер ја има резервирано за солистичкиот концерт на германската пијанистка со грчко потекло Данае Доркен. Доркен е една од најбараните уметници на нејзината генерација, позната по нејзината неверојатна техника, фантастична сценичност и длабочина на музичката мисла. На само седумгодишна возраст, Данае Доркен веќе била поддржувана од познатиот Јехуди […]

Поради технички зафати без струја неколку улици во Гази Баба и Кисела Вода


Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без струја во одредени временски периоди ќе бидат неколку улици во општините Гази Баба и Кисела Вода, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје по ЕВН Македонија АД. Во периодот од 06:30 до 12:00 часот, струја нема да имаат дел од ул. Перо Наков фирмите, […]

Уште еден пеколен ден: Многу топло со температура до 43 степени


Времето денеска во државата ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец. Како што соопшти УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 37 до 43 степени Целзиусови. Во Скопје, сончево и многу топло со […]

ЕМОФ 2025: Бреслиева остана без медал во таеквондо, Смилев осми во финалето на К1-слалом


Македонската натпреварувачка во таеквондо, Душица Бреслиева остана без медал на четвртиот натпреварувачки ден на Европскиот Младински Олимписки Фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, откако загуби во четвртфиналето од Карла Сесар од Шпанија со 0:2.  Во Баскет 3х3, двете македонските репрезентации доживеаја порази од Словенија Девојките беа совладани со 6:16, додека момчињата загубија од словенечките врсници со […]

Вардар ја победи фаворизираната Лозана


 Голем успех постигнаа фудбалерите на Вардар кои вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, ја совладаа Лозана со 2:1. Иако гостите од Швајцарија важеа за голем фаворит, избраниците на тренерот Гоце Седлоски одиграа извонредно борбено, пожртвувано и сосема заслужено остварија предност. Головите за македонскиот тим ги постигнаа Мато (45+2.минута) и Омерагиќ (78), Диаките погоди […]