Србија: Преминот Прешево ќе се проширува, ќе има 23 ленти


Капацитетот на граничниот премин Прешево кон С. Македонија, еден од најпрометните гранични премини во Србија, наскоро би можел значително да се прошири, што ќе ги намали  и метежот и времето на чекање. Тоа е предвидено во Просторниот план на Зоната за посебна намена на граничниот премин Прешево,  даден на јавен увид. Проширувањето вклучува реконструкција и […]

Гаши пуштен од болница, продолжува со работните обврски


Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денес е отпуштен од Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, по дводневен престој и извршени медицински прегледи. Од неговиот Кабинет информираат дека здравствената состојба на Гаши е добра и стабилна и дека ќе продолжи со институционалните активности согласно препораките од лекарите. Во соопштението се изразува благодарност до директорот на клиниката, проф. […]

Тренчевска: Власта спроведува историска измама на пензионерите


Власта спроведува историска измама на пензионерите. Со последната одлука за зголемување од само за 1.000 денари, пензионерите се оштетени не еднаш, туку двапати – во септември 2025, и уште еднаш во март 2026. Зошто?, се посочува во соопштението од СДСМ од прес-конференцијата на пратеничката Јована Тренчевска. Како што наведе Тренчевска, со ваково линеарно зголемување од […]

Стопанската комора на Србија презентираше нов водич за водење бизнис во Македонија


Стопанската комора на Србија (ПКС) го претстави најновиот бизнис водич за пазарот на Северна Македонија, наменет за сите домашни компании што сакаат да почнат или прошират бизнис, да воспостават нови партнерства или да истражат можности за извоз и инвестиции. Публикацијата е достапна бесплатно на веб-страницата на Комората и е дел од пошироката иницијатива на ПКС […]

Филков: Правдата не смее да биде заложник на неспособни или компромитирани


Законот за судски совет, кој е во владина процедура и за кој Венецијанската комисија даде позитивно мислење, е коренита реформа на системот кој мора да функционира во служба на граѓаните, а не на интересите на малкумина, вели министерот за правда Игор Филков во интервју за порталот Курир. – Јавноста е со право згрозена од скандалите и […]

Продолжува претрагата по 16-годишното девојче кое исчезна во водите на Вардар кај Градско


 Припадници на МВР и на специјалната единица на Армијата „Волци“, од разно изутрината ја продолжија потрагата по 16-годишното девојче кое вчера исчезна во реката Вардар во близина на село Уланци, општина Градско, соопшти Центарот за управување со кризи. Потрагата, како што посочуваат од ЦУК, се одвива во координација и со зголемено присуство на терен. Случајот […]

ВМРО-Народна партија контра ВМРО-ДПМНЕ – ќе „трча“ со свој кандидат за градоначалник во Тетово


ВМРО-Народна партија, предводена од поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, најави самостоен настап на локалните избори во Општина Тетово што ќе се одржат во октомври. Од партијата информираат дека ќе учествуваат со своја советничка листа и ќе настапат со кандидат за градоначалник. Во официјалното соопштение се наведува дека ВМРО-НП ќе промовира кандидат со „обединувачки капацитет и визија […]

За Коцевски интерпелацијата на Левица е упад во самостојноста на Јавното обвинителство


 Јавниот обвинител на Македонија, Љупчо Коцевски, достави писмен одговор на интерпелацијата поднесена од пратениците Димитар Апасиев, Борислав Крмов, Реџеп Исмаил, Јована Мојсоска, Амар Мециновиќ и Сашко Јанчев. Во неа тој порача дека функцијата ја врши чесно и одговорно, со максимално почитување на начелата на транспарентност и отчетност, дека интерпелацијата е законски недозволена и дека институцијата […]

Волстрит: СиП 500 и Насдак достигнаа нови максимуми по солидните резултати на Алфабет


Берзанските индекси СиП 500 (S&P 500) и композитниот Насдак затворија на рекордно високи нивоа откако најновите квартални резултати на Алфабет беа подобри од очекуваните, објавува Сеебиз.еу. Индексот на широкиот пазар порасна за 0,07 отсто и заврши на 6.363,35 поени, додека технолошкиот Насдак порасна за 0,18 отсто и затвори на 21.057,96 поени. И двата индекси на […]

СДСМ: Мицкоски му слугува на ВЛЕН, нема ни еден кандидат за изборите во Западна Македонија


СДСМ порача дека е смешен  Мицкоски кога ги обвинува дека слугуваат на ДУИ и на тој начин  да го прикрие сопствениот срам. -Мицкоски кој како опозициониер тврдеше дека ќе кога ќе дојде на власт ќе расчистел со криминалот на ДУИ, прва работа што направи е да го пушти Артан Груби да избега. За една година […]

НБС планира да ги префрли сите златни резерви во Србија


Народната банка на Србија планира да ги префрли сите свои златни резерви што се наоѓаат надвор од земјата, со вкупна вредност од околу шест милијарди долари, на своја територија, со цел да се обезбеди безбедноста на златото во време на криза, пишува „Блумберг“. Њујоршката агенција наведува дека Централната банка на Србија објавила дека со враќањето […]

Во недела, освежување со дожд


Времето во следните денови ќе биде посвежи, затоа што ветрот го менува правецот и ќе дува од север. Тоа ќе придонесе за благо опаѓање на температурата. Имено, како што прогнозира УХМР, во недела и во првата половина од следната седмица ќе има промена на временската состојба. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава […]

Денеска и утре – пик на топлотниот бран во Србија


Во Србија на сила е црвен метео аларм што означува дека се прогнозирани особено опасни временски појави, што се со таков интензитет што можат да предизвикаат голема материјална штета и да бидат многу опасни за безбедноста на луѓето и животите, соопшти српскиот РХМЗ. УВ индексот во Србија денеска е многу висок, а на некои места […]

Околу 3.000 даночни обврзници немаат платено данок по ДПД-ГДП за 2024


Околу 3.000 даночни обврзници ја немаат подмирено разликата за доплата на данокот на личен доход утврдена во Годишната даночна пријава. Управата за јавни приходи денеска соопшти дека законскиот рок за достава бил до 30 јуни и ги повикува даночните обврзници да платат бидејќи во следниот период ќе почне со опомена и присилна наплата.  – Согласно […]

ТАВ Македонија: Бројот на патници на двата македонски аеродрома зголемен за пет отсто во првите шест месеци


Вкупно 1,5 милиони патника (1.529.451) опслужиле двата македонски аеродрома, Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот Свети апостол Павле Охрид во првите шест месеци годинава, при што порастот во однос на истиот период лани е 5 отсто, соопшти ТАВ Македонија.  Во истиот временски период, бројот на летови е зголемен за три проценти, или македонските аеродроми опслужиле вкупно […]

ЕК започнува постапката против Бугарија во врска со санкциите против Русија


Европската комисија покрена нови кривични постапки против голем број земји-членки, вклучувајќи ја и Бугарија, за непочитување на обврските за транспонирање на клучните европски директиви и прописи во националното законодавство. Земјата е засегната во три одделни области: примена на санкции против Русија, безбедност на транспортот на опасни материи и промоција на обновлива енергија. Првата постапка е […]

Грижата за вработените носи долгорочен успех – „Макпетрол“ исплати регрес од 48,000 денари


„Макпетрол“ и оваа година ја реализира исплатата на регрес за годишен одмор, обезбедувајќи нето износ од 48,000 денари за своите вработени. Со оваа практика, која прераснува во континуирана поддршка, компанијата уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон создавање стабилна, мотивирана и продуктивна работна средина. Дополнително, „Макпетрол“ исплати средства по основ на учество во добивката за […]

Тајланд предупреди дека судирите со Камбоџа би можеле да прераснат во отворена војна


 Вршителот на должноста премиер на Тајланд, Пумтам Вечачаи, денеска изјави дека вооружените борби меѓу неговата земја и Камбоџа, во кои досега загинаа најмалку 16 луѓе, а стотици илјади се раселени, би можеле „да прераснат во отворена војна“, јави Би-Би-Си. Предупредувањето на Вечачаи доаѓа во момент кога вооружените борби на спорната граница влегуваат во втор ден, […]

Ново партнерство за едукација, еднаквост и инклузија – GEA и M6 Едукативниот Центар ги здружуваат силите


Во насока на унапредување на родовата еднаквост во професионалниот и едукативниот свет, Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA и M6 Едукативниот Центар официјално го започнаа своето партнерство преку потпишување на Меморандум за соработка. Ова партнерство беше формализирано со цел заедничко креирање и имплементација на образовни активности, работилници, програми за менторство, заедничко аплицирање […]

Калето „страдало“ за 8 милиони денари (130.000 евра)?


Скопското кале денеска е расчистено, со помош на ЗЕЛС, откако Министерството за култура и туризам, не добило никаков одговор од Град Скопје и „Паркови и зеленило“, тврди министерот за култура Зоран Љутков.  Тој денеска, на прес-конференција заедно со претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски и неколку скопски градоначалници од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, како и со […]