Протекоа детали од телефонскиот разговор кој го натера Трамп да му сврти грб на Путин


  Беше рано утрото на 4 јули кога генералот Кит Келог, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, доби повик од Полска. На другата страна од линијата, објавува лондонски „Телеграф“, беше Радослав Сикорски, полскиот министер за надворешни работи, со она што може да биде една од најважните интервенции по руската инвазија на Украина. […]

Србија би вовела санкции за Русија во замена за членство во ЕУ


  Србија може да воведе санкции против Русија ако перспективата за приклучување на земјата кон Европската Унија стане „очигледна“, изјави министерот за европски прашања Немања Старовиќ во интервју за австриската агенција АПА. Според Старовиќ, Белград сè уште не се приклучил на антируските санкции на ЕУ, бидејќи таквите мерки практично нема да имаат никаков ефект врз […]

60-годишник украл безмалку 800 евра од онколошки пациент додека чекал ред да прими терапија


Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 60-годишник осомничен за кривично дело Тешка кражба од член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик, информираат во Обвинителството. Крадецот кражбата ја извршил на Клиниката за радиотерапија и онкологија, каде искористил невнимание на еден пациент од велешко, ја протнал раката во неговиот џеб и одзел 300 евра […]

Повредени учеснички на Младинските олимписки игри во Куманово: Две велосипедистки паднале на целта


Две учеснички на Европскиот младински олимписки фестивал се повредиле при пристигнување на целта од велосипедската трка што се одржа во Куманово, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Куманово. Станува збор за малолетна учесничка од Полска и 21-годишна натпреварувачка од Норвешка. Тие паднале при пристигнување на целта и се здобиле со лесни телесни повреди. Натпреварите […]

Трамп вели дека договорот со ЕУ има 50 посто шанси, а договорот со Канада можеби нема да се случи


Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека има 50 посто шанси САД да постигнат трговски договор со Европската Унија, според неговата изјава за медиумите кога замина за Шкотска. -САД можеби нема да постигнат договор за трговски договор со Канада, додаде Трамп. „Немавме многу среќа со Канада. Мислам дека Канада би можела да биде земја каде […]

Условна казна за напад на новинарска екипа добија сопствениците на депонијата во Визбегово


Основниот кривичен суд Скопје изрече условни затворски казни за А.Н. и М.К., двете лица кои на 9 јули годинава ја нападнаа новинарската екипа на телевизијата Алсат додека известуваше за големиот пожар на дивата депонија во скопската населба Визбегово, пренесе Радио Слободна Европа. Новинарите биле нападнати додека информирале од терен за сериозното загадување на воздухот предизвикано од […]

Претставници на Министерството за правда на САД се сретнаа со Гилејн Максвел, соработничката на Џефри Епштајн


Висок функционер на Министерството за правда на САД вели дека ќе го продолжи испрашувањето на долгогодишната соработничка на Џефри Епштајн, Гилејн Максвел, во петок – по првата средба во четврток, која адвокатот на Максвел ја опиша како „многу продуктивна“, пренесува Би-Би-Си. Расте притисокот врз претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп да објават досиеја поврзани со […]

Исландските велосипедисти тренирале на своја рака па затоа биле повредени во сообраќајка, велат од Велосипедската федерација


Двајца малолетни членови на исландската велосипедска репрезентација, кои учествуваат на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025, и кои се здобија со телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила завчера се во добра здравствена состојба. Од Велосипедската федерација на Македонија велат дека учесниците тренирале на „на своја рака” на патека која не била „означена […]

Креативни работилници за реконструкција на римски социјални игри на Стоби


На археолошкиот локалитет Стоби овие денови повторно оживува духот на античкиот свет. Под водство на м-р Василка Димитровска, археолог и сертифициран тренер за интерпретација на наследство, се реализираат креативни работилници за реконструкција на римски социјални игри и оружје. Како што информираат во „Хаемус“, центарот за научни истражувања и промоција на културата, работилниците се дел од […]

Федералната комисија за комуникации го одобри спојувањето на „Скајденс“ со „Парамаунт“, што значи тоа


Федералната комисија за комуникации (ФКЦ) изјави дека ќе му дозволи на „Парамаунт“ да се спои со холивудското студио „Скајденс“, отворајќи го патот за еден од најконтролираните медиумски договори во последната деценија, пренесува Њујорк Тајмс. Брендан Кар, претседателот на ФКЦ, во соопштението изјави дека агенцијата го одобрила договорот откако добила уверувања од „Скајденс“ дека новата компанија е […]

Интел ја откажува изградбата на фабрики за чипови во Германија и Полска


  Американскиот технолошки гигант Интел објави дека ја откажува изградбата на фабрики за чипови во Магдебург, Германија, и Вроцлав, Полска, по загубата во вториот квартал. Во септември минатата година, компанијата објави дека ја одложува изградбата на фабрики во Полска и Германија за две години поради очекуваната послаба побарувачка. Интел планираше две фабрики за чипови во […]

Номи Рапас го избра Никола Ристановски меѓу тројца кандидати за филмот „Мајка“, вели продуцентката Лабина Митевска


Како холивудска ѕвезда, беше тешко да се дојде до шведската актерка Номи Рапас, светски позната по улогата во „Девојката со тетоважа на змеј“ од 2011. Сепак, имавме среќа да стапиме во контакт, благодарение на нејзината агентка Стела, која била фан на мојот филм „ Господ постои, името ѝ е Петрунија“, сподели денес, на прес-конференцијата во […]

Велковски: Алкалоид секоја година го подигнува своето ниво


Десниот бек на Алкалоид Мартин Велковски, трета сезона ќе го носи дресот на екипата од Автокоманда. Подготвен ги дочека подготовките, а и самиот вели дека тренинзи треба максимално да се искористат за тимот да се подготви добро на тактички и технички план за настапите кои следат. – Имавме една тешка и долга сезона, повторно сме […]

Осум лица од Турција се степале на скопскиот аеродром


Осум лица од Турција се степале на скопскиот аеродром.  Вчера во 18.19 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници ги лишија од слобода Ј.А.(36), Д.Ј.Е.(27), Д.С.(36), Д.Х.А(44), Д.Б.(37), Д.Х.(40), Д.А.(66) и Д.М.(62), сите од Република Турција, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка поради претходно нерасчистени должничко-доверителски односи, информираа […]

Ќе се испитува статиката на „Влајко“, „Партизанска“ ќе се затвора дел по дел


Во вторник, на 29 јули, ќе започнат работните активности за статичко испитување на надземниот премин „Влајко“ во населбата Влае. Поради изведување на стручните мерења ќе биде воведена времена измена на сообраќајниот режим, која ќе се реализира во две фази, информираат од Општина Карпош. Во првата фаза се предвидува затворање на дел од сообраќајницата, односно булеварот […]

Грета Тунберг дојде во Тетово


Шведската еко-активистка Грета Тунберг во четвртокот престојуваше во Тетово, каде што го посети Општествено-културниот центар Тетово. Според објавата на организацијата, Тунберг имала можност да се запознае со нејзините локални активности и со заедничкиот волонтерски ангажман кој се реализира со поддршка од меѓународни партнери од Белгија, Косово, Црна Гора и од Босна и Херцеговина. Во рамки […]

Во албумот на Епштајн има 50 имиња. Покрај Трамп, тука е и Бил Клинтон


  „Волстрит џорнал“ објави дека во албумот за роденден на осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн од 2003 година се наведени околу 50 имиња, вклучувајќи ги поранешниот американски претседател Бил Клинтон и сегашниот претседател Доналд Трамп. Најголемото име во албумот за роденден во 2003 година, составен за Џефри Епштајн од неговата тогашна партнерка Гилејн Максвел, не […]

За градоначалникот на Крива Паланка кривичната пријава е заплашување пред изборите


Градоначалникот на Општина Крива Паланка, денеска одржа прес-конференција со цел, како што рече,  да ја разобличи најновата епизода од политичкиот притисок врз него и општинската администрација. Кривичната пријава поднесена од СВР Куманово против градоначалникот и двајца вработени во Општина Крива Паланка е оценета како правно неоснован и политички мотивиран напад, оркестриран од оние кои се […]

(Видео) Пожар во близина на Шибеник, почнал од градежни работи со употреба на механизација


Малку пред 13 часот, избувна пожар во близина на Шибеник, Хрватска, а пожарот се заканува на индустриската зона, во близина на градот.  Пријавата е примена околу 12:45 часот, а пожарникарите се на местото на настанот. Пожарот се проширил преку ридот кон економската зона Поди. Два канадери и четири ер трактори, се борат со огнената стихија, […]

Јокиќ во составот на Србија на Евробаскет 2025


На неколку дена пред почетокот на подготовките и објавувањето на списокот на кошаркарската репрезентација на Србија информациите се дека Никола Јокиќ ќе биде во составот. Според сцецијализираните медиуми за кошарка најавите се дека Никола Јокиќ, Лука Дончиќ и Јанис Адетокумбо ќе настапат за своите репрезентации на претстојниот Евробаскет.  Првата ѕвезда на српскиот тим Јокиќ, настапи […]