Османи смета дека Владата влече неразумни потези


Поранешниот министер за надворешни работи и пратеник од редовите на ДУИ, Бујар Османи, остро реагираше на изјавите на актуелниот министер за надворешни работи, Тимчо Муцунски, поврзани со улогата на Охридскиот рамковен договор во современото уредување на државата. Во својата реакција објавена на социјалните мрежи, Османи порача дека „функционалноста на мултиетничката демократија не може да се […]

САД прераспределија 1.700 војници за поддршка на имиграциските политики


Американската администрација распореди околу 1.700 воени лица за поддршка на имплементацијата на имиграциското законодавство, при што тие се ставени под надлежност на гувернерите на сојузните држави, соопшти Пентагон. Портпаролот на Министерството за одбрана, Шон Парнел, изјави дека за 1.200 војници е променет опсегот на работни обврски, додека 500 од нив ќе имаат директен контакт со […]

Беровскиот кризен штаб бара помош од населението да гаснење на пожарот на Готен


Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски синоќа по одржаниот кризен штаб го повикува месното население и општествено одговорните компании да се вклучат во гаснење на пожарот на планината Готен. Тој во изјава за МИА вели дека три дена во планината се пожарникарите и вработени во ЈП „Национални шуми“, кои веќе се истоштени од битката со […]

Почна бегањето од одговорноста, министерот за спорт се прогласи ненадлежен за спортскиот настан


Министерството за спорт не е организатор на Европскиот младински олимписки фестивал ЕМОФ 2025. Организатори на овој спортски фестивал што се одржува деновиве во Македонија се Македонскиот олимписки комитет (МОК) и Град Скопје. Сѐ што беше побарано од нас како Влада и како Министерство за спорт во однос на логистика и финансиска поддршка, го исполнивме во […]

ЕМОФ 2025: Македонските репрезентации поразени во разигрувањето од 5. до 8. место


На претпоследниот натпреварувачки ден на Европскиот младински олимписки фестивал во Скопје, македонските репрезентации претрпеа порази во разигрувањето од 5. до 8. место. Кошаркарите загубија од Словенија со 57:87, додека кошаркарките беа поразени исто  така од словенечката репрезентација со 32:103. Кошаркарите денес ќе играат со Летонија за 7. место, додека девојките во борба за седмата позиција […]

Камбоџа, пред СБ на ОН, побара итно примирје во конфликтот со Тајланд


Камбоџа повика на итен и безусловен прекин на огнот во вооружениот судир со Тајланд, изјави нејзиниот постојан претставник во ОН, Кео Чеа, по синоќешната седница на Советот за безбедност во Њујорк, јави ДПА. – Бараме веднаш и без никакви услови да запре огнот. Повикуваме на мирно решавање на спорот, истакна дипломатот. Кео Чеа ги отфрли […]

Грчка вечер на „Охридско лето“ – импресивен настап на пијанистката Данае Доркен


Младата грчко-германска пијанистка Данае Доркен  со своето вдахновено музицирање синоќа ја почести публиката на „Охридско лето“ со прекрасен концерт кој се одржа во рамки на Грчката вечер на фестивалот, поддржана од Амбасадата на Грција во нашата земја. Со својот возвишен пијанистички артизам,  Доркен вечерта ја започна  со една од нејзините омилени композиции, „Фантастична пиеса“  од […]

Трамп пристигна во Шкотска, најави средби со Стармер и Фон дер Лајен


Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Шкотска, каде што престојува во својот голф-имот во Торнбери. Посетата е од приватен карактер, но според најавите ќе вклучи и дипломатски активности. – Ќе се сретнам со многу луѓе, вклучително и со лидер од Европската Унија, изјави Трамп по пристигнувањето на аеродромот Прествик. Тој најави дека доколку се постигне […]

Скопје одбележува 62 години од катастрофалниот земјотрес


Скопје денеска ја одбележува 62. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го загубија 1.070 лица, а 3.000 беа повредени. Во знак на почит и сеќавање на жртвите во катастрофалниот земјотрес, денеска во 10 часот делегации од Собранието и од Градот Скопје ќе положат цвеќе пред Споменикот на […]

Муцунски во Истанбул ќе учествува на првиот состанок на Балканската платформа за мир


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ќе учествува на првиот состанок на Балканската платформа за мир, што ќе се одржи во Истанбул, на покана на министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан. Муцунски, како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, ќе има обраќање на состанокот, во […]

Горештините продолжуваат, денеска со температура до 43 степени Целзиусови


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 36 до 43 степени Целзиусови. И во Скопје че биде сончево и многу топло, попладне со мала […]

САД ја обвинија Кина на седницата на СБ на ОН за поттикнување на руската агресија во Украина


Вршителката на должноста амбасадор на САД во ОН, Дороти Ши, денеска на седницата на Советот за безбедност на ОН ја обвини Кина за поттикнување на руската агресија во Украина, додека заменик-кинескиот амбасадор во ОН, Генг Шуанг, го обвини Вашингтон дека се обидува да ја префрли вината и да предизвика конфронтација. Ши ги повика сите земји, […]

Муцунски: Опасни наративи од Османи, унитарниот карактер на државата никој нема да го наруши


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека неговиот претходник Бујар Османи по неодамнешната кандидатура за градоначакник на Чаир упатил опасни наративи за нарушување на унитарниот карактер на државата кои се штетни и за регионалната стабилност. Муцунски вечерва во „Вести плус“ на ТВ Канал 5 најави дека ќе се преземат проактивни мерки […]

Хрватската влада поддржува решение за две држави по планот на Франција да ја признае Палестина


Единственото одржливо решение за израелско-палестинскиот конфликт е создавање две држави, соопшти денеска хрватската влада. Соопштението доаѓа откако Франција ја објави својата намера да ја признае државата Палестина. Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа објави дека Франција планира да ја признае државата Палестина на Генералното собрание на ОН во септември. Во соопштението на хрватската влада не е […]

Рамзан Кадиров хоспитализиран во Турција, за малку ќе се удавел во морето


Лидерот на Чеченската Република, Рамзан Кадиров, за малку ќе се удавел во четвртокот додека бил на одмор во турското одморалиште Бодрум, според турските медиуми. Инцидентот наводно се случил во луксузен хотел со пет ѕвездички во округот Кајнар во Бодрум, кој се наоѓа во покраината Мугла. Според медиумските извештаи, Кадиров влегол во водата за да плива […]

Хуманитарната катастрофа во Газа мора веднаш да престане, велат Париз, Лондон и Берлин


Хуманитарната катастрофа во Појасот Газа мора веднаш да престане, повикаа денеска во заедничко соопштение Париз, Лондон и Берлин. „Хуманитарната катастрофа на која сме сведоци во Газа мора веднаш да престане“, нагласија трите европски земји. Тие на овој начин одговорија на алармот објавен од ОН и невладините организации дека постои ризик од непосреден и широко распространет […]

Протоколот со Бугарија е еден од најштетните документи во нашата историја и тој нема никаква правна примена, вели Муцунски


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека развојот на состојбата со иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија, поднесена до Уставниот суд од поранешната пратеничка на ДОМ Лилјана Поповска, ќе потврди дали уставните измени се единствената пречка за Бугарија за […]

САД ќе обезбедат гаранција за кредит од 4 милијарди долари за Полска за купување американска воена опрема


 САД објавија дека даваат гаранција за кредит од 4 милијарди долари на Полска за купување американска воена опрема во контекст на зајакнување на нејзината одбрана и војната во Украина. „Полска останува еден од најцврстите и најсигурните сојузници на САД во Европа, земја на фронт линијата на источното крило на НАТО и лидер во инвестициите во […]

На Пелопонез измерени речиси 46 степени Целзиусови


Највисоката температура во Грција денеска достигна 45,8 степени Целзиусови измерени во Скала во општина Месиниа на Пелопонез, а околу 85 отсто од вкупното население на земјата искуси максимални температури над 39 степени Целзиусови, според податоците на Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, јави дописничката на МИА од Атина. Во текот на денешниот ден температурата […]

Татјана Димитровска ја прати оставката до Собрание


  Кабинетот на претседателот на Собранието информира дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денес поднесе оставка од нејзината функција.  Димитровска е обвинета во предметот „Адитив“ за одавање државна тајна.  Според обвинението, од мај до декември 2024 година на неповикано лице обвинето во предметот „Адитив“ на друг начин му сторила […]