Еве, зошто Ева Лонгорија не дојде на свадбата на пријателката Лорен Санчез


На венчавката на Лорен Санчез и Џеф Безос, на која беа поканети ѕвезди, минатата недела, се очекуваше да присуствуваат неколку познати личности. Додека милијардери како Бил Гејтс и Опра Винфри сигурно добија покани, се очекуваше и некои од пријателите на Санчез од А-листата, вклучувајќи ја и актерката Ева Лонгорија, да присуствуваат на луксузната прослава. Сепак, […]

Маск најави формирање на нова партија доколку биде изгласан предлог-законот на Трамп


Најголемиот донатор на Републиканската партија во САД, Илон Маск, повика на формирање на нова политичка партија и најави поддршка за противкандидати на речиси сите републиканци во Конгресот, доколку тие го изгласаат обемниот закон за трошење предложен од претседателот Доналд Трамп, или т.н. Big Beautiful Bill, пишува Њујорк тајмс. Тоа беше директната, воинствена најава на Маск, дека […]

Поранешниот руски заменик-министер Иванов осуден на 13 години затвор поради проневера на околу 48 милиони долари


Поранешниот руски заменик-министер за одбрана Тимур Иванов денеска е осуден на 13 години затвор поради корупција. Тој беше уапсен во април 2024 година под сомнение дека примал мито. Повеќе од десет лица, меѓу кои и двајца поранешни заменици-министри се уапсени во серија истраги. На Иванов, кој се изјасни за невин, му беа одземени и сите […]

СДСМ и ЗНАМ во жесток клинч: Дали Максим Димитриевски е најголемата измама?


  Едните тврдат дека градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски е најголемото политичко разочарување и најголема измама. Другите велат дека ваквите изјави биле очајнички обиди за дефокус. Опозициската СДСМ и владејачката ЗНАМ (која произлезе од незадоволните социјалдемократи) денеска уште еднаш влегоа во жесток политички клинч разменувајќи си политички обвинувања. Орагизацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски, на […]

Еди Рама прошета низ Старата чаршија, ја враќа ДУИ од „мртвите“


  Албанскиот премиер Еди Рама, кој учествува на самитот за Планот за раст за Западен Балкан, денес заедно со Бујар Османи и други преставници на ДУИ прошета низ Старата чаршија во Скопје. Тој беше пречекан со интузијазам од граѓаните, кои правеа со него селфи.  Индиректно рама им направи пи-ар кампања на ДУИ, а наедно и […]

Данска манистерка: Србија заостанува на патот кон ЕУ, Црна Гора и Албанија водат


  Данската министерка за европски прашања Мари Бјере, чија земја денес го презеде ротирачкото претседателство со Советот на Европската унија, изјави дека Србија заостанува зад другите кандидати за членство во ЕУ во спроведувањето на реформите и усогласувањето со надворешната политика на Унијата кон Русија. Бјере изјави за Радио и телевизија на Србија (РТС) дека напредокот […]

Првите американски „научни бегалци“ пристигнуваат во Франција


  Пристигнаа првите американски академици кои бегаат од Америка на Доналд Трамп за Франција. Универзитетот Екс-Марсеј (АМУ) минатата недела претстави осум истражувачи со седиште во САД кои беа во последната фаза од приклучувањето кон програмата „Безбедно место за наука“ на институцијата, која има за цел да ги привлече истражувачите кои доживеале или се плашат од […]

Турција продолжува да ја зголемува транзитната такса за Босфор и Дарданели


Турските власти повторно ја зголемија таксата за бродовите што минуваат низ Босфор и Дарданели за 15 проценти, наведувајќи го погустиот сообраќај и зголеменото оптоварување на инфраструктурата во образложението на одлуката, објавија руските медиуми. Министерот за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу повтори дека „таксите собрани од бродовите што минуваат низ Босфор и Дарданели се пресметуваат врз […]

Лага заради рејтинг: Водата во Струмица била исправна кога АХВ тврдеше дека е опасна за пиење


Судот денеска донесе правосилна пресуда со која го потврди она што го зборувавме цела година во врска со водата за пиење во Струмица. Агенцијата за храна и ветеринарство лажела цела година, предизвикувајќи страв и паника кај населението од општина Струмица за наводна неисправност на водата, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на својот Фејсбук-профил, додавајќи […]

Еди Рама и Најџел Фараж во војна на интернет: Лекции за Албанците, криминалот и статистиката


  Албанскиот премиер Еди Рама и британскиот политичар и жесток поборник за „Брегзит“, Најџел Фараж, влегоа во жестока дебата на социјалната мрежа Икс во врска со стапката на криминал кај албанското население во Велика Британија. Критиките на Рама кон Велика Британија по излегувањето на земјата од Европската унија го налутија еден од најгласните поборници за […]

Банките ги разгледуваат тарифите за намалување на провизиите, тоа е индивидуална одлука на раководствата, вели Штериева


Банките ги разгледуваат тарифите за можноста за намалување на провизите на одредени услуги, по барањето што го упати минатата недела гувернерот на Народната банка Трајко Славески во Македонската банкарска асоцијација (МБА).  Претседателката на  МБА Маја Стевкова Штериева денеска изјави дека тоа е индивидуална одука на органите на управување на банките, а упати и на ветувањето […]

Евакуирани повеќе од 40.000 луѓе од Измир поради големи пожари – 46 се во болница


Турските спасувачи евакуираа повеќе од 40.000 луѓе, претежно од западната провинција Измир, додека пожарникарите продолжуваат да гасат стотици пожари. Повеќе од 40.000 луѓе евакуирани од Измир поради големи пожари на стотици локации, некои луѓе се во болница. На ова му претходеше интензивна топлина низ целиот западен брег, а огнениот елемент зафати делови од провинциите Билеџик, […]

МВР поднесува кривични пријави за урбана опрема, а не реагира за 150 дивоградби


МВР поднесува кривични пријави за урбана опрема, а не реагира за 150 дивоградби во Општина Чаир, вели во гостување во Телевизија 24 градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски. – Јас ќе го споменам конкретно овој случај кога добивме кривична пријава од МВР со смешно, тенденциозно обвинение за поставување на урбана опрема на јавна површина, […]

Легендарниот германски актер и режисер Брајан Мајклс добитник на наградата за животно дело Актер на Европа 2025


Интернационалниот театарски фестивал – Актерот на Европа, кој што беше основан во 2003 година, кога Европскиот парламент го прогласи Препанското езеро за Меѓуграничен европски парк, меѓу Македонија, Грција и Албанија, оваа година ќе го има своето 23 издание, со почеток на 6 јули 2025, пред „Сарајот“ во Ресен. Фестивалот ќе започне со ретроспектива на легендарните […]

Грција од денеска воведува нови туристички такси за островите


Патниците што ќе одат на крстарења сега ќе мора да платат нов туристички данок за да ги посетат двата најпопуларни острови во Грција. Од вторник, 1 јули, патниците на крстарења ќе плаќаат 20 евра за да ги посетат Санторини и Миконос. Новиот данок ќе се применува за време на врвот на туристичката сезона, која трае […]

Преминот Богородица ќе се прошири, ќе добие две нови ленти


Македонија ќе отвори две нови ленти за излез и една дополнителна лента за влез на товарни возила на граничниот премин Богородица. Ова денеска го потврди министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на прес-конференција посветена на подобрување на протокот на сообраќајот преку најфреквентната гранична точка со Грција. Со отворањето на овие нови ленти се очекува значително […]

Уставниот суд се прогласи ненадлежен на предлог законот за независните кандидати


Во врска со барањeто на независните кандидати од десет општини Уставниот суд  да реагира на новиот Предлог-закон за измени на Изборниот законик, претседателот  Дарко Костадиновски испрати писмен допис во кој нагласи дека како институција можат да ја ценат уставноста на законите, но не и на предлог-законите.   -Со оглед дека вашето барање се однесува на оценување […]

Најдобриот трик за домати, ќе растат како „луди“: Важно е да се направи само една работа (ВИДЕО)


  Ако одгледувате зеленчук во градината, доматите сигурно се меѓу вашите растенија. Веројатно сте се запрашале како да добиете повеќе плодови од домати, а решението може да ве изненади – сè што треба да направите е нежно да ги протресете растенијата! Една корисничка на TikTok по име Киа Џејд предизвика големо внимание кога објави видео […]

Сопрена „локумадес мафијата“ во Грција – водачот доби 16 години затвор


Криминалната мрежа позната како „локумадес мафија“, која ја тероризирала Ситонија на вториот крак од Халкидики, доби правосуден епилог – нејзиниот водач е осуден на 16 години затвор. Грчките медиуми јавуваат дека 42-годишниот маж бил прогласен за виновен поради повеќе кривични дела, меѓу кои изнуда, закани, нанесување телесни повреди и употреба на огнено оружје. Сите овие […]

Филипче повика на внатрешен консензус по средбата со Марта Кос


  Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска повика на внатрешен консензус меѓу сите политички чинители во државата со цел да се дефинира начинот на кој ќе се соработува за земјава да го продолжи евроинтегративниот процес.  По средбата со еврокомесарката за проширување Марта Кос, лидерот на опозициската СДСМ рече дека како партија остануваат целосно посветени на […]