„Росатом“ сака да продаде 49 проценти од акциите во турската нуклеарна централа „Акују“


Москва – Руската државна нуклеарна корпорација „Росатом“ е во преговори за продажба на 49 проценти од акциите во нуклеарната централа „Акују“, вредна 25 милијарди долари, што ја гради во Турција. Во тек се преговори со турски и странски инвеститори. – Колку се приближуваме до завршувањето на првата единица, толку повеќе инвеститори почнуваат да доаѓаат, изјави […]

Почнува собраниската расправа за ребалансот на Буџетот


Расправата во Собранието по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2025 година, во второ читање, почнува денеска на седницата на Комисијата за финансирање и буџет.  Десет дена трае општиот претрес и амандманската расправа во Комисијата за финансирање и буџет. Според информациите објавени на собранистака страница, за Предлог-буџетот се поднесени над 200 амандмани од […]

Сончево и топло до 38 степени


Времето денеска се очекува да биде сончево со мала до умерена локална облачност. Според синоптичарите, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени Целзиусови. Во Скопје, слично време – сончево со мала до умерена облачност. […]

Западен Балкан се надева на бесплатен роаминг од 2026


  Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, на вчерашната прес-конференциа во Скоје ја најави и можноста за промена на законите, со цел да се спроведат повеќе реформи, при што ќе се овозможи бесплатен роаминг за земјите од Западен Балкан од 1 јануари 2026 година. „Сфатив дека сите сме многу сакаме да се натпреваруваме и сигурна сум […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 2 јули 2025 година, 183-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 182 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 3 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денов трае 15 часа и 10 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина, нема да изгрее, […]

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос


Лондон – Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја совлада втората светска тенисерка.  Во првиот сет двете тенисерки имаа по еден брејк. Јастремска поведе со 5:2 во гемови, но Гоф изедначи […]

Рубио: Заврши ерата на владина неефикасност, УСАИД укината


Вашингтон – Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска официјално го објави укинувањето на Агенцијата на САД за меѓународна развојна помош (УСАИД), по брзата одлука за затворање на оваа владина агенција откако претседателот Доналд Трамп се врати во Белата куќа. Затворањето на УСАИД доаѓа по студија објавена вчера во медицинското списание Лансет, која предвидува дека укинувањето на […]

Како Том Круз ги спаси очилата Ray-Ban: Дали знаевте дека беа на работ на исчезнување во 80-тите?


Кога размислуваат за Том Круз, многу луѓе ќе го замислат познатиот актер во иконските авијатичарски очила за сонце Ray-Ban од филмот „Топ Ган“, но многумина не знаат дека тој беше одговорен за спасувањето на брендот кој беше на работ на истребување во 80-тите. Приказната за Ray-Ban започна во 1937 година кога Bausch & Lomb развија […]

Телефонски разговор Макрон-Путин по речиси три години


Париз– Францускиот претседател Емануел Макрон го повика рускиот претседател Владимир Путин на „итен“ прекин на огнот во Украина за време на нивниот прв телефонски разговор од септември 2022 година, соопшти денеска Елисејската палата. За време на двочасовниот разговор, Макрон инсистирал на започнување суштински преговори за ставање крај на конфликтот, соопшти француското претседателство. Макрон ја нагласил […]

Попладнево избувна голем пожар кај валандовско Грчиште, изгорени неколку штали


Пожарот кој избувна попладнево околу 14 часот во непосредна близина на валандовско Грчиште и се закануваше да ги зафати првите куќи во селото, е ставен под контрола, но пламените јазици досега проголтаа неколку штали, а пожарот заради силниот ветар се шири кон Богданци. Според информацијата од градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, нема повредени и изгорени […]

Вимблдон: Елиминиран третиот носител Зверев


Лондон – Третиот носител на годинашниов Грен слем турнир Вимблдон Александар Зеверев од Германија е елиминиран во првото коло по поразот од Французинот Артур Риндеркнеш со 3:2 во сетови. Меч денеска го имаше своето продолжение откако синоќа поради доцниот почеток беше префрлен за денешната програма и заврши со изненадување,  а траеше вкупно 4 часа и 40 […]

Град со повеќекатни згради и храм откриен во Египет – стар повеќе од 2.400 години


Археолозите открија поранешен прометен град со згради кои имале неколку ката, а пронајден е и храм на божицата кобра.“ Ова е град изграден пред 2.400 години. Градот датира од 4 век п.н.е., и според истражувачите, имал просперитетна локална економија и религиозни традиции. Закопан под денешниот Тел ел Фараин во Египет, градот Имет е откриен со […]

Се вжешува кавгата на Трамп со Маск: Можеби ќе го депортирам, можеби ќе му го пуштам „DOGE“


Вашингтон – Американскиот Сенат денеска е изгласан големиот буџетски закон, протежиран од претседателот Доналд Трамп што повторно ја разгоре кавгата со неговиот доскарешен соработник,  милијардерот Илон Маск. На прашање од Дејли Меил за тоа дали ќе го депортира Маск, Трамп одговори: Не знам. Ќе видиме. Можеби ќе треба да му го пуштиме DOGE. Знаете што […]

Ѓоковиќ стартуваше со победа на Вимблдон


Лондон – Седумкратниот победник на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ со победа го започна годинашниот свој настап. За најтрофејниот светски тенисер ова е 20-ти настап на неофицијалното светско првенство, на кое ќе го брка 25-от трофеј на Гренд слем турнирите. Во мечот од 1.коло што траеше 3 часа и 20 минути, Ѓоковиќ го совлада Французинот, Муле во […]

По 2.500 денари утре ќе легнат на сметките на 1.388 пензионери од Кисела Вода


Започнува исплатата за пензионерите – 1388 пензионери утре на своите сметки ќе добијат финансиска помош од 2500 денари! Нашите највозрасни сограѓани се столбот на државата и нашето општество. Со почит кон нивниот труд и животен придонес, продолжуваме да градиме заедница во која секој е вреднуван и поддржан, сподели денеска градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце […]

„Сонуваме за свет со повеќе музички инструменти, а со помалку оружје“: Овации за „Кармина Бурана“ со три филхармонии во Солун 


„Сонуваме за свет со повеќе музички инструменти, а со помалку оружје – со овие зборови директорот на Државниот оркестар на Солун, Симос Папанас, синоќа, во концертната сала во овој град во Грција, испрати силна порака пред почетокот на изведбата на кантатата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, во чија изведба учествуваа и Македонската и Софиската филхармонија. […]

На паркинг во Центар најден починат 40-годишен маж


Вчера во скопската полиција било пријавено дека на паркинг на подрачјето на Центар бил пронајден починат 40-годишен маж, со потекло од струмичко Банско. Медицинскиот тим констатирал смрт без видливи траги на насилство. На 30.06.2025 во 10.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг на подрачјето на Центар пронајден е починат С.А.(40) од с.Банско, струмичко. […]

Онколошки лекови ќе се земаат од аптека


Наместо да патуваат до Клиниката за онкологија во Скопје пациентите со рак на дојка ќе може да ја подигнуваат таблетарната терапија од аптеките во своето место на живеење. Станува збор за лековите летрозол и анастразол кои ги употребуваат околу 2.500 пациенти.  Од фондот за здравство велат дека лековите ќе бидат достапни во аптеките за околу три […]

МЗ: Потполно нова болница на нова локација ќе се гради во Кичево


На предлог на Министерството за здравство, Владата на денешната седница ја усвои информацијата за потребата од обемна реконструкција и доизградба на болничките капацитети во Штип и Тетово, изградба на нов здравствен објект во Кичево, како и инвестиции во опрема и дигитална трансформација на здравството на национално ниво, информираат попладнево од МЗ. – Поради сериозни конструктивни […]

Починати двајца мажи во Тетовско, првичниот увид покажува природна смрт


Двајца мажи на возраст од 42 и 46 години биле најдени починати денеска во Тетовско, а по првичниот увид е утврдено дека починале по природен пат. Во 11.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Илинденска“ во угостителски објект бил пронајден починат Б.И.(46) од Тетово. -Смрт без траги на насилство констатирал лекар од […]