Доделени 17 грантови за помош на стари лица и лица со попреченост


Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денес официјално врачи седумнаесет (17) нови договори за грантови за развој на социјални услуги, во рамки на Третиот јавен повик, дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги. Министерот во своето обраќање до присутните се осврна на заложбите на министерството – да се одговори реално и […]

Обвинителството се откажа од обвинение против Максим Димитриевски


Основниот суд Куманово донесе пресуда со која обвинението против кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски се одбива, бидејќи јавниот обвинител се откажал од обвинението, соопшти кумановскиот суд. -Основниот суд Куманово заради интерес на јавноста за постапката по предметот на Основен суд Куманово К-115/24 против обвинетиот М.Д. од Куманово за кривично дело-злоупотреба на службената положба и овластување од […]

Мицкоски: Дочекавме на талибански начин да ни се избрише македонскиот јазик и идентитет


  „На талибански начин се брише македонскиот идентитет и македонскиот јазик од извештајот за земјава во Европскиот парламент. Тоа дочекавме како народ во 21 век“, изјави денеска на прес-конференција премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како ги коментира најавите од Бугарија дека трите најголеми политички сили во Европскиот парламент се согласиле да ги отстранат […]

„Гентерм“ отвора уште еден капацитет – се отвораат уште 300 работни места


  Нова инвестиција вредна над 30 милиони евра на компанијата од автомобилската индустрија „Гентерм“, која ќе овозможи нови до 300 вработувања, најави македонскиот премиер Христијан Мицкоски.   „Денеска испишуваме уште една важна страница во современата економска приказна на државата. Ја објавувам новата инвестиција на ‘Гентерм’ – глобален лидер во автомобилската индустрија, кој покрај веќе постоечката […]

Поради големиот интерес, Герасимовски го проширува повикот за субвенции за возачка дозвола


Општина Центар донесе одлука да го прошири опфатот за доделување субвенции за обука и полагање возачка дозвола за Б-категорија, со цел да се задоволи зголемениот интерес на младите за овој јавен повик. Со новата одлука, право на аплицирање ќе имаат и младите кои годинава ќе наполнат 19 години, односно сите оние родени во 2006 и […]

Без кацига, пребучни, без возачка – за шест часа санкционирани 429 моторџии


МВР информира дека во текот на вчерашниот ден од 16.00 до 22.00 часот е спроведена акциска контрола на територијата на државата при што се санкционирани 429 возачи на мотоцикли. Од нив 267 не користеле заштитна кацига за време на возење, а 83 возеле без возачка дозвола. Одземени се и 12 мотоцикли поради истечена сообраќајна дозвола […]

Тинејџери од Тетово извршиле обљуба врз две малолетнички


МВР информира дека вчера во 15.30 и во 22.55 часот полициски службеници од СВР Тетово и ПО Камењане во село Горно Седларце и во Тетово ги лишиле од слобода А.Е.(18) и малолетник, двајцата од Тетово, постапувајќи по пријава од 37-годишна жена од Тетово дека во неколку наврати извршиле обљуба врз неговите две малолетни ќерки. Насилниците […]

Од јануари 2026 година во основните училишта влегува вештачката интелигенција


Градење дигитална писменост, вештачка интелигенција, кодирање и логичко размислување како дел од редовната настава во основните училишта во Македонија, ќе почне да се спроведува од јануари 2026 година . Како што најави министерот за дигитално општество Стефан Андоновски, во партнерство со Бритиш кансил и Министерството за образование, започнува нова фаза на програмата 24 сенчри скулс […]

Концерт на „БитФест“ со Марко Виденовиќ и трио „Мевлем“


Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“ продолжува со концерт на Марко Виденовиќ и трио „Мевлем“, уникатен спој на авторска музика и поезија од композиторот и поет Виденовиќ, кој наиде на извонреден прием и сериозен одек меѓу публиката и културната јавност, како во земјава така и надвор од неа. Музичкиот состав „Мевлем“ е составен од музичарите Памела […]

Македонија во група со БиХ, Турција и Романија на одбојкарската кадетска Балканијада


Машката одбојкарска репрезентација на Македонија до 19 години ќе се соочи со селекциите на домаќинот Босна и Херцеговина, Турција и Романија во групната фаза на Балканскиот шампионат што од 9 до 13 јули ќе се одржи во Бања Лука. Македонските одбојкари се дел од групата А, додека во групата Б се репрезентациите на Бугарија, Грција, […]

Високите температури неповолни за земјоделството, неопходно наводнување и заштита на посевите


Топлотниот бран што ја зафати земјава влијае негативно врз земјоделските култури. Поради високите температури доаѓа до интензивна транспирација, а и почвата брзо се суши и поизразено ја губи влагата. Според агрометеоролозите, ваквите временски услови ќе се одразат и врз повеќегодишните растенија зашто резервите на вода и во подлабоките слоеви на почвата постојано се намалуваат.  Се […]

ЦЕНОВНИК: Колку пари ви се потребни за одмор во Грција?


Зa целосно уживање на плажа, често се купуваат палачинки, кои оваа година чинат од 2,5 до пет евра, крофни од две евра, а топка сладолед од едно евро па нагоре. Четиричлено семејство кое планира 10-дневен одмор во Грција оваа година треба да подготви од 700 до 1.200 евра само за храна, пијалоци и лежалки на […]

Астрономите следат објект што може да биде од друг ѕвезден систем


Астрономите следат објект што се движи кон нас, а кој може да биде од друг ѕвезден систем, објавува АП. Научниците открија што би можел да биде само третиот познат меѓуѕвезден објект што поминува низ нашиот Сончев систем, објави доцна во вторникот Европската вселенска агенција (ЕСА). Моментално е во близина на Јупитер Безопасниот објект моментално е […]

Трагедијата на Диого Жота: Се ожени пред 11 дена со мајката на неговите три деца


  Светот на фудбалот се разбуди овој четврток со трагичната вест за смртта на играчот на Ливерпул, Диого Жота (28 години), заедно со неговиот брат Андре, исто така фудбалер. Сообраќајна несреќа на 65-тиот километар од автопатот А-52, во покраината Замора, ги одзеде животите на двајцата браќа откако автомобилот во кој патуваа се запали. Тие патувале […]

По пожарот во Лос Анџелес луѓето мора да живеат во токсични куќи: Осигурителните компании нè измамија


Луис Касарес беше меѓу ретките чиј дом остана недопрен по разорните пожари што ја опустошија населбата Алтадина, североисточно од центарот на Лос Анџелес, во јануари. Но, кога се вратил, го пречекало отровно изненадување: куќата била покриена со оловен пепел, сосем нездраво за живеење. Неговото осигурување одбило да ги покрие трошоците за чистење. „Кога ја видовме […]

„Џејмс Веб“ откри планета потенцијално погодна за појава на живот


Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација – НАСА, преку вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ откри нова планета којашто ја нарече ТВА 7б (TWA 7b). Телото е оддалечено 34 светлосни години од Земјата, има маса околу 100 пати поголема од Земјата и сместена е во област што е потенцијално погодна за појава и развој на живот. Инаку, планетата е […]

Спортско-рекреативно планинарење за лица со и без попреченост на Кожуф


Во организација на Фондацијата „Ице Бегов” и Здружението Планинарски спортски клуб „Кожуф“ – Гевгелија, изминатиот викенд се одржа третото инклузивно искачување и пешачење на планината Кожуф. Настанот што овозможува спортување, рекреација и социјализација за лица со и без попреченост, полека станува традиција на југот на Македонија, за којашто, сите се согласија – мора да продолжи. […]

Топлотен бран во регионот, издадени црвени метео-аларми


Бањалука – Во земјите од регионот денеска е најавено многу топло време. Во Република Српска и делови од Хрватска во сила е црвен метео-аларм, додека во Федерацијата БиХ е портокалов аларм, со температури кои ќе достигнат и до 40 степени Целзиусови. Српскиот републички хидрометеоролошки завод (РХМЗ) денеска соопшти дека во првата декада од јули на […]

Рајанер откажа 170 летови поради штрајк на француските контролори на летање


Лондон– Повеќе од 30.000 патници се погодени откако нискобуџетната авиокомпанија Рајанер соопшти дека е принудена да откаже повеќе од 170 летови поради штрајк на француските контролори на летање. Ирскиот превозник соопшти дека откажувањата денеска и утре ќе влијаат на летовите до и од Франција, како и на летовите над земјата до дестинации како што се […]

„Човек против јато“: Тамара Котевска во Македонија го снима првиот игран филм


Тамара Котевска, корежисерката на „Медена земја“ што доби историски две номинации за Оскар во 2020, за најдобар странски филм и за најдобар документарец,  и со награди на фестивалот „Санденс“, очна да го снима дебитантскиот игран филм „„Човек против јато“. Играното деби на Котевска со 325.000 евра го поддржа и македонската Агенција за филм на конкурсот […]