Стармер: Велика Британија ќе признае држава Палестина во септември ако Израел не се согласи на прекин на огнот


Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, изјави дека ќе ја признае државата Палестина во септември доколку Израел не се согласи на прекин на огнот и не се движи кон мир. Стармер итно ги повика денеска своите министри на состанок за да разговараат за план за траен мир во Газа, што би можело да доведе до […]

Од 1 септември нови мерки најавува Вучиќ „за луѓето, особено за средната класа и посиромашни“


Српскиот претседател Александар Вучиќ најави „голем пакет мерки“ од 1 септември за, како што нагласии, „луѓето кои припаѓаат на пониската, средна класа и кои се малку посиромашни“. „Ќе бидеме особено внимателни и ќе започнеме со иницијативата за измена на Уставот на Србија, што се однесува на неможноста извршителите во извршна постапка да им го одземат […]

Туск: Полска може да изгуби повеќе од две милијарди долари поради американските царини


Премиерот на Полска, Доналд Туск, денеска изјави дека земјата, според прелиминарните проценки, би можела да претрпи загуби од околу 2,16 милијарди долари поради новите американски царини на европските производи, но оцени дека договорот со Вашингтон е подобар од трговска војна. – Загубите ќе бидат значајни од двете страни на Атлантикот, но подобар е остар трговски […]

БиХ изгуби повеќе од 620.000 жители од последниот попис


Босна и Херцеговина изгуби повеќе од 620.000 жители од последниот попис во 2013 година, што е последица на масовната емиграција и намалениот природен прираст во земјата која има бројни политички и економски проблеми, беше објавено денес во Сараево. Збирката трудови „Демографски промени во Босна и Херцеговина од 2013 до 2024 година“ ја презентираше Академијата на […]

Visa го носи Apple Pay на корисниците во Македонија


Скопје, 29.07.2025 – Visa, светски лидер во платежните технологии, од денеска им овозможува на своите клиенти во Македонија пристап до Apple Pay – побезбеден, посигурен и поприватен начин на плаќање, кој им овозможува на корисниците да избегнат давање на својата картичка на други, допирање физички копчиња или размена на готовина — користејќи ја моќта на […]

ЕУ размислува за ограничување на научната соработка со Израел поради кризата во Газа


Европската комисија предложи делумна суспензија на учеството на Израел во научноистражувачката програма „Horizon Europe“, вредна 80 милијарди евра, поради како што се наведува – „тешката“ хуманитарна состојба во Појасот Газа. Овој потег е прв од ваков вид во историјата на програмата и доаѓа во време на зголемени меѓународни критики кон израелските акции во Газа, вклучително […]

УЈП повикува да се исполнат ДДВ обврските – загрижувачка состојба по истекот на рокот на 25 јули 2025


Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека заклучно со 25 јули 2025 година евидентирана е загрижувачка состојба во однос на исполнувањето на обврските поврзани со данокот на додадена вредност (ДДВ). Според последните податоци: • Не се поднесени ДДВ-пријави од 142 месечни и 2.134 тримесечни обврзници. • Пријавен, но неплатен ДДВ-долг е евидентиран кај 1.326 […]

Вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците не добиле плата за три месеци


Вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците, преку писмо кое денеска го испратија до медиумите, реагираат што за месеците април, мај и јуни, не им се исплатени плати. На прашање на Мета до Министерството за правда, под чија надлежност е Инспекторатот, одговорија дека наскоро проблемот ќе биде решен и дека вработените ќе ги добијат заостанатите […]

Каде треба да се градат двете хидроцентрали на река Дошница што ја посети и Грета Тунберг (фото)


„Баров Дол“ и „Папрад“ се локациите на реката Дошница на кои Владата одобрила да се градат две мали хидроцентрали на Кожуф планина. Овој регион, богат со ендемски видови и биолошка разновидност, веќе втор месец го штитат еко-активисти од целата земја, свесни дека изградбата ќе значи уништување на биодиверзитетот и исчезнување на уникатни животински и растителни […]

ММФ ја зголеми глобалната прогноза за раст поради пониски царини и фискални стимулации


Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја зголеми својата прогноза за глобалниот економски раст во 2025 година на 3 проценти, што е нагорна ревизија од 0,2 процентни поени. За 2026 година, фондот сега очекува глобален раст од 3,1 отсто што е благо зголемување од претходната проценка од 3 отсто. ММФ денеска соопшти дека зголемувањата ги припишува на […]

„Владата планира да воведе државен монопол врз онлајн игрите на среќа, додека Европа го либерализира пазарот“


Македонија воведува целосен државен монопол врз онлајн игрите на среќа, додека Европа оди во спротивна насока, реагираат од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ). Најголемиот број европски држави веќе одамна функционираат со модел на мулти-лиценцирање, во кој повеќе оператори имаат еднаков пристап до пазарот, а државата ја задржува контролата преку јасна регулатива. Пример за […]

Општина Илинден ќе добие нов урбан парк со плоштад


Општина Илинден постојано работи на уредување и урбанизација на јавниот простор низ сите населени места, создавајќи современи и пријатни зони каде граѓаните можат квалитетно да го поминуваат своето слободно време. Во таа насока, во тек е изградбата на нов урбан парк со повеќе содржини во Марино, велат од локалната самоуправа. Паркот ќе биде сместен помеѓу […]

Стразбур: Вардар, Брегалница, Црна река и Охридското Езеро се сериозно погодени од неконтролирано загадување


 Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Мајкл О’Флаерти објави извештај за (не)почитувањето на правото за здрава животна средина, т.е. за загадувањето во Македонија  во кој констатира дека државата има стратегии и солидна законска рамка – но ништо од тоа не се остварува  во практика.   Во извештајот притоа стои дека комесарот е загрижен за […]

Се запали објект со хаварисани возила во скопско, две лица завршија во болница


Објект со хаварисани возила вчера бил опожарен во скопско.  Вчера во 12.02 часот во СВР Скопје било пријавено дека над село Бучинци, општина Илинден, настанал пожар на нискостеблеста шума. Од пожарот бил опожарен еден објект со хаварисани возила, сопственост на А.К.(60) од Скопје.   Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил локализиран, а […]

Нов случај на труење со лекови: Десетмесечно бебе хоспитализирано во Куманово


Десетмесечно бебе вчера било донесено во Општата болница Куманово со симптоми на труење со лекови, потврдија од СВР Куманово. – Вчера во 11:40 часот во СВР Куманово, од Општата болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено десетмесечно бебе од Куманово, кое било затруено со лекови. Извршен бил службен разговор со лекарот и родителите […]

ВМРО-ДПМНЕ со лажни обвинувања за Заев дека негов поранешен возач подметнал пожар


Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска на прес конференција обвини дека поранешен возач на Зоран Заев бил уапсен за подметнување пожар, што експремиерот и некогашен струмички градоначалник категорично го демантира. Лефков, ја искористи оваа информација, која се покажа како лажна, да го посочи прстот кон актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, […]

Романското МНР откри зошто не стана амбасадор Жерновски


„Постапката за акредитација на Андреј Жерновски за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Букурешт не беше завршена само поради дипломатска постапка и обичај, со оглед на тоа што изборот на новиот претседател на Северна Македонија се случи за време на процесот на акредитација“. Со овие зборови Министерството за надворешни работи на Романија […]

Ја компонирал музиката за„Кралот лав“ и „Темниот витез“. За еден филм  Ханс Зимер не очекувал да стане блокбастер


Нешто магично се случува кога ќе се појави музика од Ханс Зимер. Од емотивните теми на The Lion King, Inception и Gladiator до возбудливите звуци на  Pirates of the Caribbean, Interstellar и трилогијата  The Dark Knight , композициите на Цимер не само што ја придружуваат приказната – тие ја дефинираат. Но, и покрај тоа што има постигнато повеќе од […]

До 15 септември сите службени возила ќе имаат таблици во боја


Сите државни институции и јавни правни лица имаат обврска најдоцна до 15 септември 2025 година да ги заменат регистарските таблици на службените возила со нови, специјални таблици во боја. Оваа одлука е донесена на денешната владина седница, по иницијатива на директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски. Целта на оваа мерка е […]

Свечено отворена новата градинка „Верверичка“ во Кисела Вода – Комерцијална банка донираше 6 милиони денари за изградбата


Комерцијална банка со гордост учествуваше во отворањето на новата градинка „Верверичка” со која жителите на Општина Кисела Вода добија нов, современ и удобен простор за нивните деца. Новата градинка „Верверичка” е осмиот објект во рамките на градинката „Весели Цветови”, за чија изградба Комерцијална банка издвои 6 милиони денари како донација.   Со реализацијата на овој […]