Без вода неколку улици во Скопје


Поради менување вентил во шахта, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците „Антоние Грубишиќ“, „Пиринска“, „Наум Наумовски – Борче“ и „Ленинова“. Предвидено е водоснабдувањето да биде прекинато од 8:30 часот до завршување со работните активности.

Земјотрес со јачина од 8,7 степени го потресе рускиот полуостров Камчатка, издадено предупредување за цунами


Земјотрес со јачина од 8,7 степени го потресе рускиот полуостров Камчатка, а издадено е предупредување за цунами за целиот Курилски остров во Сахалинската област. Според првичните податоци од Главната дирекција на руското Министерство за вонредни ситуации во Сахалинската област, земјотресот со јачина од 7,9 степени е регистриран во 10:30 часот по локално време во Тихиот […]

Ирскиот министер за европски прашања и одбрана Бирн денеска во Скопје


Ирскиот министер за европски прашања и одбрана Томас Бирн денеска е во работна посета на државава. Бирн ќе има средба со својот домаќин – министерот за европски прашања Орхан Муртзани, а ќе биде примен и од претседателката Гордана Силјановска Давкова.  Предвидено е Муртезани и Бирн да одржат и заедничка прс-конференција во Владата. Посетата на Бирн […]

Хрватска вечер на „Охридско лето“ со ансамблот „Хрватски солисти“


Музичката  програма на Фестивалот „Охридско лето“ вечерва продолжува со концертот на Ансамблот „Загрепски солисти“. „Загрепски солисти“ е формиран во 1953 година како дел од тогашното Радио Загреб под уметничко водство на познатиот виолончелист Антониј Јанигро.  Повеќе од седум децении под водство на познатите виолинисти како концерт-мајстори на ансамблот – Драгутин Хрѓок, Тонко Ниниќ, Анѓелко Крпан […]

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта кон четврток наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе […]

Кети Пери и Џастин Трудо видени на вечера, дали го преболе Орландо Блум?


Кети Пери и Џастин Трудо се дружат. PEOPLE дознава дека поп-ѕвездата и поранешниот канадски премиер излегле на заеднички вечера во Монтреал во понеделник, само еден месец откако поранешната ја раскина свршувачката со Орландо Блум. 40-годишната Пери и 53-годишниот Трудо биле видени како вечераат во соседскиот ресторан Le Violon, потврди PEOPLE. Дуото се сретнало со готвачот […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 30 јули 2025 година, 211-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 154 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 25 минути, а ќе зајде во 19 часот и 54 минути. Денов трае 14 часа и 29 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина, ќе изгрее во […]

Волонтерите собраа преку 2 тона пластичен отпад за време на ЕМОФ


Викендов заврши Европскиот младински европски фестивал, кој за првпат се одржа во Македонија, а Скопје и Куманово во изминатите седум дена беа домаќини на преку 4.000 млади спортисти од целиот континент. За време на фестивалската недела, натпреварувачите рушеа рекорди во нивните дисциплини, но паднаа и многу еко рекорди. Во духот на тимската игра и оставањето […]

Пронајдено телото на 16-годишното девојче кое исчезна во водите на Вардар кај Градско


Пронајдено е телото на 16-годишното девојче кое на 24 јули исчезна во водите на реката Вардар во општина Градско.  Од Министерството за внатрешни работи информираа дека телото на девојчето е најдено денеска во 12:10 часот во водите на Вардар во близина на Старо Градско.  Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото е […]

Едноставен начин да го продолжите рокот на траење на лимоните


Со неколку едноставни трикови, некои намирници можат да останат свежи многу подолго отколку што мислите. Еден од нив се однесува на лимоните – овошје кое често се расипува пред да можеме да го употребиме. Реклама Ако не користите лимони секој ден, но сакате да ги имате при рака во свежа состојба неколку недели, постои едноставен […]

Трамп: Русија ќе се соочи со нови санкции од САД доколку не ја заврши војната во Украина за 10 дена


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот рок до Русија да ги прекине борбите во Украина или да се соочи со нови санкции ќе биде за 10 дена од денеска. „Десет дена од денеска“, им рече Трамп на новинарите кога беше прашан кој би бил точниот рок. Трамп – враќајќи се од Велика Британија во […]

Зошто пристапот на нежно родителство не се препорачува при воспитување деца


За многу родители, концептот на нежно родителство е добредојдено отстапување од строгата дисциплина и викањето, но експертите велат дека овој пристап не е соодветно решение. Имено, нежното родителство има свои ограничувања и понекогаш не ги дава очекуваните резултати. Сето ова не значи дека е лош пристап, но треба да се применува внимателно, флексибилно и прилагодено […]

Хеликоптерот „Блек хок“ слета на скопскиот аеродром, утре ќе биде вклучен во гаснењето на пожарот на Готен


Хеликоптерот „Блек Хок“ од Чешка попладнево со седумчлен екипаж слета на Меѓународниот аеродром во Скопје.  Како што информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, хеликоптерот од утре ќе се вклучи во гаснењето на пожарот на планината Готен. – Чешкиот Блек Хок со седумчлена посада слета на аеродромот Скопје. Утре наутро ќе почне […]

Уште една пејачка го напушта жирито на „Ѕвездите на Гранд“: Оваа одлука не беше лесна


Српската пејачка Вики Миљковиќ одлучи да го напушти жирито на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранда“ по 10 години. „Драги пријатели, почитувана публико и сите вие што верно ја следите „Ѕвездите на Гранд“ со години, по 10 незаборавни сезони, време е да се збогуваме со улогата на член на жирито во овој голем музички проект. Оваа […]

Струмичанец пробал да запали викендичка, ОЈО бара притвор


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донела Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за обид да изврши – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. Како што информираат од Јавното обвинителство, осомничениот вчера попладне, преку една социјална мрежа, се […]

Велика Британија ќе признае држава Палестина во септември ако Израел не се согласи на прекин на огнот


Лондон –  Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, изјави дека ќе ја признае државата Палестина во септември доколку Израел не се согласи на прекин на огнот и не се движи кон мир. Стармер итно ги повика денеска своите министри на состанок за да разговараат за план за траен мир во Газа, што би можело да […]

Израел им се закани на новинарите да не ја снимаат Газа од авион или ќе прекинат воздушна испорака на помош


Новинарите на неколку британски медиуми објавија дека Израел им забранил да ја снимаат Газа од авионот што доставувал воздушна помош на гладното население. Треба да се истакне дека помошта од воздух е недоволна и дека повеќе личи на маркетиншка кампања отколку на намера за помош. Репортерката на „Скај њуз“, Сали Локвуд, која била на лет […]

ЕУ планира да замрзне дел од средствата за Украина додека не завршат реформите


Брисел –  Европската унија има намера, за првпат, да замрзне дел од средствата од ковертот наменет за Украина додека чека понатамошни реформи од страна на Киев. Таа постапка не е поврзана со борбата против корупцијата и новиот закон што предизвика жестоки контроверзии и протести во Украина минатата недела. Помошта што Европската комисија му ја дава […]

Муцунски: Генерален конзулат во Корча – затоа што грижата за Македонците во Албанија се мери со дела


„Грижата за Македонците во Албанија се мери со дела. Македонците од Мала Преспа, Поградец, Голо Брдо и Гора се предалеку од Тирана. Време е да им се доближиме“, порачува министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во видео порака на фејсбук по денешната одлука на Владата за отворање на генерален конзулат во Корча. […]

Донесен законот со кој учениците од верските училишта ќе можат да полагаат државна матура и да се запишуваат на универзитетите


Предлог-законот со кој учениците од верските заедници ќе можат да полагаат државна матура и да се запишуваат на универзитетите, исто како и останатите ученици, попладнево беше донесен во рамки на 64. собраниска седница.  Целта на законот, како што е наведено во образложението, е да се обезбеди најдобриот интерес на учениците запишани во верските училишта, преку […]